ЕПИ

Формирана советодавна група на проектот „Активна граѓанска акција“

Со цел утврдување на клучните проблеми во рамките на јавните политики поврзани со интеграцијата на Република Северна Македонија во ЕУ и демократизацијата на општеството формирана е советодавна група за подготовка на третата Дебатна анкета.

Советодавната група ја сочинуваат професорки и професори, поранешна судијка во Европскиот суд за човековите права и надворешни соработници на претседателот на државата. Групата ќе дава поддршка на ЕПИ во подготовката на материјалите за Национална дебатна анкета во 2022 година.  Дебатните анкети овозможуваат национален дијалог околу потребните механизми за ефективна демократска транзиција преку партиципативен пристап, опфаќајќи ја општата јавност, претставници на националните институции, граѓанските организации, медиумите и политичките партии. ЕПИ ваквите настани ги подготвува во соработка со Центарот за делиберативна демократија од Универзитетот Стенфорд од САД.

На првиот состанок на советодавната група, кој се одржа на 18 април 2021 година, покрај взаемното запознавање, членовите заедно со проектниот тим на ЕПИ  дискутираа за методот Дебатна анкета и за активностите на проектот кои ЕПИ ги спроведува заедно со Универзитетот Стенфорд од САД. Истот атака, советодавната група даде значителен придонес во врска со дефинирање на идните активности како што се изработката на информативните материјали и форматот во кој ќе се изработат, конкретизирање на темите кои ќе се дискутираат во Националната дебатна анкета во 2022 година и пристапот на темите за дискусија кон целокупниот ЕУ интегративен процес на земјата.

Проектот „АКТ – Активна граѓанска акција 2.0“ има цел да ја зголеми вклученоста на сите засегнати страни во процесите на демократизација на земјата, да обезбеди структуиран придонес за унапредување на процесите на национална реформа преку партиципативен пристап со вклучување на пошироката јавност и релевантните чинители во дефинираните области со дебатна анкета и да ја зголеми свеста на сите политички чинители во процесот за важноста на инклузивна и објективна јавна дебата за земјата и насоката на демократија. Ова е продолжение на проектот „Акт – Активна граѓанска акција“ и се спроведува во соработка со Центарот за делиберативна демократија на Универзитетот Стенфорд во САД. За овој проектен циклус планирани се четири локални дебатни настани во Скопје, Тетово, Штип и Охрид каде ќе се идентификуваат приоритетите за дискусија според граѓан(к)ите на различни теми, а овие локални дебатни настани ќе бидат основа за организирање на Национална дебатна анкета со граѓан(к)и од сите плански региони во 2022 година.

Институтот за европска политика во 2017 ја организираше првата Дебатна анкета во регионот и ја зголеми вклученоста на општата јавност во дебатата со носителите на одлуки. Во 2019 успешно беше организирана и втората Дебатна анкета, додека во моментов течат подготовките за третиот ваков настан кој е планиран за 2022 година.

Членови и членки на советодавната група:

вон. проф. д-р Беса Арифи
вон. проф. д-р Вели Креци
проф. д-р Јован Ананиев
д-р Мирјана Лазарова Трајковска
д-р Елена Б. Ставревска

Продолжи со читање

  • МЦМС ја започна новата антикорупциска програма

    Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) го започна спроведувањето на програмата „Градење општество отпорно на корупција“, која ќе се реализира во периодот од 1 јануари 2026 до 30 јуни 2028 година со финансиска поддршка од Делегацијата на ЕУ во Северна Македонија.

  • Потврда на долгогодишното македонско-холандско пријателство

    Македонската развојна фондација за претпријатија (МРФП) и Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) на 16 јануари 2026 година беа домаќини на Н.Е. Узлем Џанел (Özlem Canel), Амбасадорка на Кралството Холандија во Република Северна Македонија и Иван Илиев, советник за економија и трговија во Амбасадата.

    „Денес беше убава прилика за освежување на долгото пријателство меѓу МРФП и Амбасадата на Кралството Холандија“, истакна Лазар Неданоски, извршен директор на МРФП.На средбата, која помина во пријатна и отворена атмосфера, директорот на МЦМС, Александар Кржаловски, потсети на почетоците на соработката со Холандија и на клучните поединци кои придонеле за развојот на организацијата. МЦМС како организација е основана во 1993 година, како потфат на домашни иницијативи поддржани од Холандската меѓуцрковна помош (ХМП) и агенциите на Светскиот совет на црквите (ССЦ). Пет години подоцна, во 1998 година, МЦМС ја основаше Македонската развојна фондација за претпријатија (МРФП), фокусирана на развој на малите претпријатија, преку пристап до финансиски услуги и промоција на претприемништво.

    Директорот на МРФП, Неданоски, даде хронолошки приказ на развојот на Фондацијата, нагласувајќи дека поддршката од Кралството Холандија била од клучно значење во првите години од нејзиното работење. Според него, таа поддршка не била важна само од финансиски аспект, туку имала значително влијание и врз организацискиот развој на МРФП, како и врз пошироката заедница мултиплицирајќи го ефектот во развојот на институциите, организациите и нивните лидери.
    Амбасадорката Џанел изрази задоволство што поддршката од Кралството Холандија резултирала со одржливи организации кои успешно работат и го пренесуваат своето искуство на други организации и институции. На средбата беше разговарано и за можностите за идна соработка.
     

  • Презентиран Индексот на политички интегритет

    На 27 ноември 2025 година во Клубот на пратеници се одржа презентацијата на првиот Индекс за политички интегритет (ИПИ) во земјата – инструмент создаден да ја измери, поттикне и промовира културата на интегритет во политичкиот и јавниот живот. Настанот беше проследен од голем број претставници на институции, медиуми, граѓански организации. Во своето…

  • Bure-Cycle: Од отпад до иновативен велосипедски паркинг

    Во светот каде ресурсите се ограничени, а отпадот се зголемува, секоја мала идеја за реупотреба има големо значење. Еко Логик со својот проект Bure-Cycle го покажува токму тоа – како старите метални буриња можат да добијат нов живот и да станат функционални, визуелно привлечни и одржливи велосипедски паркинзи за јавни простори. Иницијативата се роди од […]

  • Младите уметници го освојуваат јавниот простор: PATS – Уметност за активизам и општествени промени

    Европскиот проект „Младите уметници го освојуваат јавниот простор – PATS“ (Performance Artists Take The Streets – PATS) официјално започнува со јасна и силна мисија: да им овозможи на младите уметници нови простори, алатки и можности за креативно изразување и општествен ангажман. Уметноста како глас на промената PATS е проект финансиран преку Erasmus+ програмата на Европската […]

  • Високите цени ја истиснаа корупцијата од првото место, но таа и понатаму е меѓу најголемите општествени предизвици

    За разлика од 2021 и 2023 година, кога корупцијата беше препознаена како најголем општествен проблем, во 2025 година граѓаните на прво место ги издвојуваат високите цени (46,6%), додека корупцијата е веднаш зад нив (40,1%). Ова укажува дека инфлацијата, растечките трошоци за живот и намалената куповна моќ ја зголемуваат економската несигурност, но и дека корупцијата останува еден од клучните општествени предизвици.

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор