Untitled Design (4) (1)

Индекс на отвореност: Започна десеттиот бран на мерењe на отвореноста на извршната и законодавната власт

Започна десеттиот бран на мерење на отвореноста на извршната и законодавната власт во четири земји од регионот на Западен Балкан, односно Босна и Херцеговина, Северна Македонија, Србија и Црна Гора, преку Индексот на отвореност. Мерењето го спроведува мрежата ACTION SEE – Мрежа за Одговорност, Технологија и Институционална Отвореност во Југоисточна Европа со поддршка на Национален фонд за демократија преку проектот „Искористување на технологијата за промовирање на институционална одговорност и транспарентност“.

Индексот на отвореност претставува композитен показател којшто веќе десет години по ред го определува степенот на отвореност на државните институции од Западен Балкан кон граѓаните и општеството и е создаден со цел да дефинира до кој степен граѓаните од Западен Балкан добиваат погодни и разбирливи информации од институциите.

За да се измери степенот на институционалната отвореност, партнерите од ACTION SEE мрежата, следејќи ги меѓународните стандарди, препораки, како и примери на добри практики, ги мониторираат институциите според посебни квантитативни и квалитативни показатели, како на пример: пристап до информации на официјалните веб страници на институциите, квалитетот на правната рамка за одделни прашања, други извори на информирање на јавноста, објавени податоци за работењето на институцијата, јавните набавки, информации за трошењето на јавни пари, итн.

Врз основа на деветиот бран на мерења кој се спроведе во текот на 2025 година, се изработија публикациите „Процена на доброто владеење на извршната власт во Северна Македонија и во регионот преку Индексот на отвореност“ и „Процена на доброто владеење на законодавната власт во Северна Македонија и регионот преку Индекс на отвореност“ кои даваат детален приказ на отвореноста на одделните институции, и содржат конкретни препораки и чекори за подобрување на отвореноста на истите.

Проектот „Искористување на технологијата за промовирање на институционална одговорност и транспарентност“ го спроведува Центар за демокраска транзиција (Црна Гора) во партнерство со Фондацијата за интернет и општество, „Метаморфозис“, Граѓанско здружение Зошто не? (Босна и Херцеговина) и Партнери за демократски промени Србија (Србија), со финансиска поддршка на Национален фонд за демократија.

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Метаморфозис

Продолжи со читање

  • Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода

    Кои се приоритетите за твојата населба? Заедно со Општина Кисела Вода, ги покануваме граѓаните да се вклучат во креирањето на буџетските приоритети за 2027 година. Предложи. Дискутирај. Приоритизирај. Не можеш да присуствуваш? Испрати го својот предлог тука: https://tinyurl.com/PrijaviProblem Твојот глас е важен за буџетот на твојата општина! #CHinMK #CivicaMobilitas Civica Mobilitas Embassy of Switzerland in […]
    The post Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода first appeared on Finance Think.
    The post Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода appeared first on Finance Think.

  • 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон!

    На 27 и 28 октомври, Finance Think учествува на Euromed Summit 2026 во Лисабон, Португалија, претставуван од извршната директорка, Благица Петрески.Во фокусот на дискусиите беа предизвиците на пазарот на труд, несовпаѓањето меѓу вештините и потребите на работодавачите, развојот на човечкиот капитал и економската конкурентност – теми кои се во сржта на истражувачката и аналитичката работа […]
    The post 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон! first appeared on Finance Think.
    The post 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон! appeared first on Finance Think.

  • Претставување на Вардарската регата на утринската програма “Здраво Македонијо“ на ТВ Канал 5

    На 29.10.2026 год. (четврток) на покана на редакцијата на националната ТВ Канал 5 во рамките на утринската програма “Здраво Македонијо“ во друштво на Жана Ѓоргиева, Емилија Вучиновска (miss urban viba), естрадниот уметник Дејан Николовски – Чуле учество зема и старешината на извиднички одред “Димитар Влахов“ и координатор на Вардарската регата…

  • Струмица: Женските кружоци бараат поголема поддршка и учество во локалното одлучување

    Струмица, октомври 2026 – Поголема вклученост на жените во месните заедници, обезбедување простор за нивно организирање и подобра институционална поддршка за нивните иницијативи беа дел од главните теми на јавната дебата „Женското лидерство како огледало на заедницата“, одржана на 28 октомври во Струмица. Дебатата ја организираше Хуманитарното здружение „Мајка“ – Куманово, во соработка со Организацијата […]

  • Прилеп: Жените од локалните заедници со конкретни предлози за поголемо учество во одлучувањето

    Прилеп, октомври 2026 – Во Прилеп се одржа јавната дебата „Женското лидерство како огледало на заедницата“, посветена на можностите и предизвиците за учество на жените, особено од руралните средини, во процесите на локално одлучување. Дебатата ја организираше Хуманитарното здружение „Мајка“ – Куманово, во соработка со Здружението за рурален развој „ЛАГ Агролидер“, во рамки на проектот […]

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор