Финансиската писменост и младинската вклученост во фокусот на активностите во 2025 година
Во текот на 2025 година, Промо Идеа Струмица заедно со партнерските организации Новус Струмица и КРУНА Плус – Радовиш реализираше повеќе поврзани активности насочени кон јакнење на финансиската писменост и поттикнување на активна младинска вклученост во Југоисточниот регион.
Годината беше обележана со системски пристап – од истражување и анализа, до јавни настани и вмрежување. Истражувањето спроведено меѓу млади лица на возраст од 18 до 29 години даде јасна слика за состојбата: младите своето финансиско знаење го оценуваат со просек од 3,4 (на скала од 1 до 5), а значителен дел од нив не ги следат редовно своите месечни трошоци. Овие наоди послужија како основа за креирање на понатамошни едукативни активности.
На 17 јуни 2025 година, во просториите на Креативниот центар НЕКСУС во Радовиш, се одржа Регионалната конференција „Финансиска писменост за млади“, која обедини над 30 учесници – млади лица, наставници, претставници на локални самоуправи, бизнис секторот и граѓански организации. Паралелно, во Струмица беа организирани дебати и инфо-сесии посветени на пензискиот систем, буџетирањето, штедењето и носењето информирани финансиски одлуки. Во декември, во Up Hub Струмица, се одржа и едукативно предавање посветено на инвестирањето како клучна финансиска вештина кај младите.



Покрај јавните настани, во текот на годината беа поставени основите на Младинската мрежа за финансиска писменост на Југоистокот – платформа за долгорочна соработка и размена на знаење помеѓу млади лица, организации и институции од регионот. Со учество на средби за вмрежување и координација, темата финансиска писменост дополнително се позиционираше како значајна за локалниот развој.



Активностите се реализираат во рамките на проектот „Младинска мрежа за финансиска писменост на Југоистокот“, поддржан од Владата на Швајцарија преку програмата Цивика Мобилитас. Во текот на 2026 година, планирано е продолжување со обуки, работилници и активности насочени кон продлабочување на финансиските знаења и практични вештини кај младите во регионот.
Мислењата кои се изразени овде не нужно ги одразуваат ставовите на Швајцарската Влада, Цивика мобилитас или организациите што ја спроведуваат.


Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Здружение Центар за развој и промоција Промо идеа Струмица


![[Aggregator] Downloaded image for imported item #44885](https://civicamobilitas.mk/wp-content/uploads/2026/02/3.-dsc02288-1024x576-1.jpg)

![[Aggregator] Downloaded image for imported item #44826](https://civicamobilitas.mk/wp-content/uploads/2026/02/ce6c3bb7-a606-4fb8-baa7-4126308b5d4b.jpg)

![[Aggregator] Downloaded image for imported item #44829](https://civicamobilitas.mk/wp-content/uploads/2026/02/mhc-mk-default.webp)
![[Aggregator] Downloaded image for imported item #44781](https://civicamobilitas.mk/wp-content/uploads/2026/02/102d350025-scaled-1-768x513.webp)
![[Aggregator] Downloaded image for imported item #44777](https://civicamobilitas.mk/wp-content/uploads/2026/02/otvorenden_6-1024x768-1-768x576.jpg)