мим

Дезинформациите за време на изборните кампањи

Ранливоста на публиката на социјалните медиуми според перцепцијата на кредибилноста на изворот на информации, политичката афилијација и возраста

Социјалните медиуми сè повеќе се користат како моќна алатка за политички ангажман и изразување. Политичките актери ги искористија придобивките од дигиталните медиуми за да го обликуваат јавното мислење, да го контролираат протокот на информации на интернет и да иницираат одредена политичка активност преку политички кампањи. Политичките актери отсекогаш користеле гласини и други алатки за лажни информации, но современите технологии им овозможуваат да произведуваат и да шират дезинформации побрзо и со голем ефект. Брзината, досегот и ниската цена на онлајн комуникацијата ги зголемуваат последиците од дезинформациите. Затоа, причините и влијанието на дезинформациите врз демократијата, човековите права и владеењето на правото се теми што постојано се проучуваат со особено внимание од експерти и истражувачи.

Но, сето ова не би било возможно и немаше да привлече толку големо внимание и ефект без ангажираност и активност на корисниците, односно на публиката на социјалните медиуми. Без разлика дали намерно или ненамерно, голем број корисници се ангажирани на овие намерно организирани пакети вести и помагаат во ширењето на невистините информации што го загрозуваат медиумскиот плурализам, ја загрозуваат слободата на изразување и ја ослабуваат довербата на граѓаните во институциите и во медиумите.

Во денешно време, анализирањето на влијанието на дезинформациите треба да се гледа од перспективата на медиумските ефекти, кои како такви се променливи и зависни од дигиталните и од социјалните промени. Така, кога зборуваме за индивидуалните карактеристики што се истражуваат секојдневно за да се добие една референтна рамка кон идните истражувачи за анализирање на влијанието на  дезинформациите кон толпата во социјалната психологија, најцитирана е теоријата на когнитивна дисонанца на Леон Фистингер (1957) или селективна изложеност кон информациите, од каде што e произлезен поимот на пристрасност за потврдување (confirmation bias). Когнитивната дисонанца e несвесна тенденција на луѓето да постигнуваат когнитивна конзистентност со претходни постојни верувања или ставови, преку избегнување или минимизирање информации или ситуации што се спротивни на нивните верувања и ја мотивира личноста да се обиде да ја намали дисонанцата и да постигне конзистентност.

Врз основа на ова, политичките пристрасни индивидуалци имаат тенденција да веруваат, да прифаќаат и да споделуваат информации што се совпаѓаат со нивното политичко убедување, без разлика дали таа информација е вистина или не, а другите информации што не се совпаѓаат со нивните верувања, да ги игнорираат.

Од истражувањето спроведено за магистерска теза на Едлира Палоши Диша од Факултетот за современи општествени науки при Универзитетот на Југоисточна Европа, за перцепција на дезинформациите во тек на изборните кампањи беа дадени осум лажни вести за четирите најголеми политички партии во земјава поврзани со изборната кампања на парламентарните избори 2020 година, односно за секоја од партиите по една лажна вест со позитивна конотација и по една со негативна конотација. Екстракт од анализираните резултати се презентирани во следната табела, каде што многу јасно се забележува како гласачите на ДУИ и на Алијанса за Албанците ги перципираат како вистинити информациите со негативна и како информациите со позитивна конотација од својот политички субјект и политичкиот опонент, а кои, пак, во исто време сите се лажни вести. Вакви анализи се направени со сите четири најголеми политички партии во земјава.

ed grafikon 1

Сепак, многу е важно да се земе предвид времето кога се прави истражувањето, затоа што политичката атмосфера меѓу опонентите во предизборниот и во постизборниот период знае да се промени од време на време, во зависност од предизборните и од постизборните коалиции.

Мошне интересни се и резултатите од истражувањето што покажуваат како публиката доаѓа до политички информации и каде најмногу се ангажира за политички вести од каде што може да се анализира кои се нивните извори на влијание и на дезинформации. Според добиените резултати, за политички информации на социјалните медиуми испитаниците повеќе преферираат да се ангажираат во разговори со роднини/пријатели на социјалните мрежи и со групи блиски пријатели на социјалните мрежи со кои ги споделуваат истите убедувања. Резултатите покажаа дека сепак општествените врски се цврсти и дека луѓето сè уште се користат како извор на информации наместо веродостојни извори на информации.

Ова докажува уште еднаш дека хомофилните интеракции на социјалните медиуми, т.е. ехо-комори што овозможуваат задржување и зајакнување на сопствените мислења и ставови во група „истомисленици“, не ѝ дозволуваат на публиката да наиде на различни гледишта во информативната сфера на социјалните медиуми.

Според испитаниците, поверодостоен извор за политички информации на социјалните мрежи се групите на блиски пријатели со најголем процент од 65,3 испитаници и објавите на пријателите со 42,7 проценти.

ed grafikon 2

Ако резултатите се анализираат според групи на возрасти, највисок процент на  испитаниците што сметаат дека објавите на пријателите на социјалните медиуми (со 81,8%) и групи блиски пријатели (со 54,5%) се кредибилни извори на информации е возрасната група од 46 до 59 години.

Една од детерминантите на корисниците на социјалните медиуми која се докажа како фактор на ранливост кон дезинформациите е и возраста. Освен други елементи што беа истражувани, испитаниците од возрасната група од 46-59 години (26,4%) и над 60 години (30%) не беа целосно способни да ги разликуваат лажните од точните вести, за разлика од помладите возрасни групи.

На што се должи ова?! Постојат истражувања што сметаат дека ранливоста на оваа група е резултат на отсуството на дигитални способности и медиумска писменост кај оваа возрасна група, а исто така и поради убедувањата и идеологијата што со возраста се зајакнуваат, или како што го нарекуваат Гес, Наглер и Такер (2019) „илузии на вистината“ или упорност на ставот со возраста. Дополнително, можеме да кажеме дека ниту една целна група не може да биде сосема отпорна на дезинформации. Така што, истражувањето резултираше со фактот дека ниту една целна група испитаници не успеа сосема да ги идентификува сите лажни вести како неточни.

Останува да произлезат уште многу резултати и анализи од истражувањето за магистерската теза „Дезинформацијата како алатка во политичките кампањи – Како публиката ја перципира дезинформацијата – студија на случај Република Северна Македонија“, која ќе биде одбранета по обработката на сите резултати и по нивната анализа.

Ова истражување има за цел да го расветли патот кон борбата против дезинформации особено во текот на изборните кампањи и да им послужи на идните истражувачи на ова поле, на агенциите за проверување факти и откривање лажни вести, на граѓанското општество и на експертите од областа за да се подобри откривањето, да се подигне свеста и да се ограничи влијанието на дезинформациите.

Автор: Едлира Палоши Диша, Истражувач во проектот FakespottingEU, Институт „Макс ван дер Штул“, Универзитет на Југоисточна Европа

Насловна фотографија: freepik.com

Продолжи со читање

  • Видео: Младите жени против онлајн насилство (Young Women Counter)

    Во рамки на проектот Младите жени против онлајн насилство (Young Women Counter), заедно со експерти, зборуваме за препознавање и спречување на родово базирано онлајн насилство. 🌐💪 Ова видео е дел од нашите напори да ги поттикнеме младите жени да се чувствуваат посилни, информирани и безбедни на интернет. 🔎 Научете:✔️ што…

  • Платформата на граѓански организации за борба против корупцијата и Блупринт групата за реформи во правосудството реагираат на Измените на КЗ кои создаваат правна несигурност и ризик од институционална конфузија во преоден период

    Иако ја поздравуваме иницијативата за интервенирање во Кривичниот законик, сметаме дека предложените измени, во сегашната форма, не претставуваат вистинско враќање на состојбата пред 2023 година, туку воведуваат нови решенија со сериозни последици по правната сигурност и борбата против корупцијата. Затоа, упатуваме неколку јасни барања: Тековните измени на Кривичниот законик да се ограничат исклучиво на враќање […]
    The post Платформата на граѓански организации за борба против корупцијата и Блупринт групата за реформи во правосудството реагираат на Измените на КЗ кои создаваат правна несигурност и ризик од институционална конфузија во преоден период first appeared on Metamorphosis.

  • Мрежен состанок „За танго се потребни двајца“ – поттикнување дијалог и соработка

    Локалното застапување добива сѐ поголема видливост и значење, а во таа насока се одржа и овогодинешниот состанок за вмрежување „За танго се потребни двајца“. На настанот учествуваа жени од осум заедници, претставници на невладини организации и советници од Општина Куманово. Овој чекор претставува важен напредок, бидејќи беше воспоставена директна комуникација со советниците како избрани претставници […]

  • Годишен извештај за состојбата со човековите права во 2024 година

    Годината 2024 во светот беше исполнета со промени што го редефинираа глобалниот политички, економски и општествен пејзаж. Од продолжувањето на руската воена инвазија врз Украина, преку хуманитарната катастрофа во Газа, подемот на крајната десница во европските држави, победата на Доналд Трамп на претседателските избори во САД, па сè до бројните политички потреси во САД и […]
    Read More… from Годишен извештај за состојбата со човековите права во 2024 година
    The post Годишен извештај за состојбата со човековите права во 2024 година appeared first on Хелсиншки комитет за човекови права.

  • Реакција на Блупринт групата и Платформата за борба против корупција: Измените на КЗ создаваат правна несигурност и ризик од институционална конфузија

    Иако ја поздравуваме иницијативата за интервенирање во Кривичниот законик, сметаме дека предложените измени, во сегашната форма, не претставуваат вистинско враќање на состојбата пред 2023 година, туку воведуваат нови решенија со сериозни последици по правната сигурност и борбата против корупцијата. Затоа, упатуваме неколку јасни барања: Тековните измени на Кривичниот законик да се ограничат исклучиво на враќање […]
    Read More… from Реакција на Блупринт групата и Платформата за борба против корупција: Измените на КЗ создаваат правна несигурност и ризик од институционална конфузија
    The post Реакција на Блупринт групата и Платформата за борба против корупција: Измените на КЗ создаваат правна несигурност и ризик од институционална конфузија appeared first on Хелсиншки комитет за човекови права.

  • Едукативни работилници за справување со родово базирано насилство

    Со цел подигнување на свеста и зајакнување на знаењата за родово базираното насилство, во изминатиов период успешно спроведовме три едукативни и интерактивни работилници во Прилеп, Кривогаштани и Долнени, каде се вклучија педесетина млади и жени од овие средини. Периодот на одржување на работилниците се поклопи со глобалната кампања „16 дена активизам против родово базирано насилство“, со…

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор