[Aggregator] Downloaded image for imported item #47393

Членовите на Советот на МЦМС ја истакнаа клучната улога на МЦМС во граѓанскиот сектор

Советот на Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) на 28 април 2026 година одржа редовна седница, на која беше разгледан и усвоен Годишниот извештај на организацијата за 2025 година, наративен и финансиски, заедно со Извештајот од независниот ревизор.

Со седницата претседаваше Марко Трошановски од Институтот за демократија „Социетас Цивилис“ Скопје (ИДСЦС). Директорот Александар Кржаловски накратко ја претстави работата на Советот на новите членови избрани на минатогодишните избори.

Извештајот го презентираше Кржаловски, кој се осврна на постигнувањата во програмите на кои работи МЦМС и на финансиските податоци. „МЦМС ја заврши годината во која спроведуваше 30 проекти во 6 програми и со буџет од околу 180 милиони денари“, истакна тој.

04 Sovet

Членовите беа запознаени и со откажувањето на програмата „Граѓаните против корупцијата”, поддржана од УСАИД. Прекинувањето на договорот доведе до намалување на персоналот од 26 на 21 вработен во 2025 година. Сепак, според Кржаловски, минатата година завршила добро кога се во прашање финансиските податоци, иако откажаната програма беше околу 40 отсто од планираниот буџет.

Во дискусијата што следуваше, членовите на Советот се интересираа за понатамошните активности на МЦМС, вклучително и за програмата „Рехабилитација за отпорност: патот напред” (РРП) и конкретните чекори за интегрирање на лицата опфатени со неа. Членовите го отворија и прашањето за идниот развој на секторот, донаторската перспектива и насоките во кои МЦМС планира да ги поддржи граѓанските организации.

01 Sovet

Лулзим Хазири од Асоцијацијата за демократска иницијатива (АДИ) истакна дека „МЦМС е двигател во граѓанското општество”, повторно потсетувајќи на иницијативата за воспоставување платформа на граѓански организации, која според него е клучна за застапување на заедничките интереси пред институциите. Хазири нагласи дека МЦМС треба да се гледа и надвор од програмски зацртани цели, со поголем фокус на зајакнување на целиот сектор.

Присутните констатираа дека МЦМС останува клучен актер во граѓанскиот сектор, со бројни идеи и предлози од членовите за понатамошната работа и улогата на организацијата.

 

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Македонски центар за меѓународна соработка

Продолжи со читање

  • Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода

    Кои се приоритетите за твојата населба? Заедно со Општина Кисела Вода, ги покануваме граѓаните да се вклучат во креирањето на буџетските приоритети за 2027 година. Предложи. Дискутирај. Приоритизирај. Не можеш да присуствуваш? Испрати го својот предлог тука: https://tinyurl.com/PrijaviProblem Твојот глас е важен за буџетот на твојата општина! #CHinMK #CivicaMobilitas Civica Mobilitas Embassy of Switzerland in […]
    The post Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода first appeared on Finance Think.
    The post Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода appeared first on Finance Think.

  • 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон!

    На 27 и 28 октомври, Finance Think учествува на Euromed Summit 2026 во Лисабон, Португалија, претставуван од извршната директорка, Благица Петрески.Во фокусот на дискусиите беа предизвиците на пазарот на труд, несовпаѓањето меѓу вештините и потребите на работодавачите, развојот на човечкиот капитал и економската конкурентност – теми кои се во сржта на истражувачката и аналитичката работа […]
    The post 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон! first appeared on Finance Think.
    The post 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон! appeared first on Finance Think.

  • Претставување на Вардарската регата на утринската програма “Здраво Македонијо“ на ТВ Канал 5

    На 29.10.2026 год. (четврток) на покана на редакцијата на националната ТВ Канал 5 во рамките на утринската програма “Здраво Македонијо“ во друштво на Жана Ѓоргиева, Емилија Вучиновска (miss urban viba), естрадниот уметник Дејан Николовски – Чуле учество зема и старешината на извиднички одред “Димитар Влахов“ и координатор на Вардарската регата…

  • Струмица: Женските кружоци бараат поголема поддршка и учество во локалното одлучување

    Струмица, октомври 2026 – Поголема вклученост на жените во месните заедници, обезбедување простор за нивно организирање и подобра институционална поддршка за нивните иницијативи беа дел од главните теми на јавната дебата „Женското лидерство како огледало на заедницата“, одржана на 28 октомври во Струмица. Дебатата ја организираше Хуманитарното здружение „Мајка“ – Куманово, во соработка со Организацијата […]

  • Прилеп: Жените од локалните заедници со конкретни предлози за поголемо учество во одлучувањето

    Прилеп, октомври 2026 – Во Прилеп се одржа јавната дебата „Женското лидерство како огледало на заедницата“, посветена на можностите и предизвиците за учество на жените, особено од руралните средини, во процесите на локално одлучување. Дебатата ја организираше Хуманитарното здружение „Мајка“ – Куманово, во соработка со Здружението за рурален развој „ЛАГ Агролидер“, во рамки на проектот […]

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор