0 5 800x450 1 768x432

Работилница за дигитални платформи: Потребен е нов Закон за медиуми и регулација на социјалните платформи

Сеопфатен нов Закон за медиуми, регулирање на платформата на социјалните медиуи, заштита на малите локални медиуми, а надлежните институции треба да гарантираат дека сите фази од подготовката на ново законодавство за онлајн-медиумите се транспарентни, инклузивни и спроведени преку соработка со сите релевантни засегнати страни. Ова се само дел од препораките истакнати на денешната работилница за дигитални платформи и управување со онлајн медиуми“ што се одржа во хотел „Солун“ како дел од проектот „Градење доверба во медиумите во Југоисточна Европа: Поддршка на новинарството како јавно добро.“

Настанот го отвори Зоран Трајчевски, директорот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ), а свои обраќања имаа Џошуа Масаренти, регионален проектен координатор од Канцеларијата на УНЕСКО во Сараево, Ана Тоскиќ Цветиновиќ, извршна директорка на „Партнери Србија“ од Србија, како и програмската директорка во „Метаморфозис“ Данче Даниловска Бајдевска.

Анексот од студијата и препораките за регулирање на социјалните медиумски платформи и онлајн медиумите во Северна Македонија, ги презентираше Михајло Лахтов, национален истражувач од Македонски институт за медиуми (МИМ).

„Македонија прави напори да се усогласи со дигиталната средина, пример за тоа е законот за регистрација на онлајн медиуми. Ова е можност да покаже дека дигиталниот еко-систем се управува на начин што се заштитува новинарството и довербата во институциите. Слободата на медиумите е нешто што е основа за развој и мир. Извештајот на УНЕСКО покажува дека слободата се намалила за 10 отсто од 2012 година, а за 60 посто е зголемена цензурата. Овие проблеми во Македонија се специфични“, истакна Масаренти во своето обраќање.

Тоскиќ Цветиновиќ, пак, рече дека ако се зборува за регулацијата, дигиталните услуги се променети.

„Тие нудат институционална рамка кога станува збор за дигиталните права. Oна што го нуди ДСА (Digital services act) е специфична доверба во регулирањето, им нуди на страните да се ангажираат во овие процеси“, рече таа.

Во делот на препораки, кои се изработени во согласност со насоките на УНЕСКО за управување со дигитални платформи, Законот за дигитални услуги на ЕУ (DSA)2 и други меѓународни документи, се наменети за различни засегнати страни, вклучувајќи ги надлежните институции, онлајн-медиумите и платформите на социјални медиуми.

„Надлежните институции треба да гарантираат дека сите фази од подготовката на ново законодавство за онлајн-медиумите се транспарентни, инклузивни и спроведени преку соработка со сите релевантни засегнати страни. Ова подразбира учество на професионални организации, претставници на медиумите, граѓанското општество и академската заедница. Надлежните институции треба да усвојат сеопфатен нов закон за медиуми, усогласен со европските стандарди, а треба и да започнат дискусии со повеќе засегнати страни за регулирање на платформите на социјалните медиуми, кои треба да бидат усогласени со Законот за дигитални услуги (DSA) и со Европскиот закон за слобода на медиумите (EMFA), како и со меѓународните стандарди за човекови права, како што е утврдено во упатствата на УНЕСКО за управување со дигиталните платформи“, наведено е во препораките кои се однесуваат на институциите.

Во врска со препораките за медиумите, наведено е дека, за да се обезбеди интегритет и стручност на платформата, од суштинско значење е медиумите да развијат и да спроведуваат ефективни системи за прегледување и уредување на содржините создадени од корисниците на нивните веб-страници и на платформите на социјалните медиуми, особено во деловите за коментари. Ова вклучува активно следење, филтрирање и отстранување коментари кои содржат говор на омраза, дискриминаторски јазик или штетна реторика.

„Медиумите треба да соработуваат со проверувачите на факти, граѓанските организации и со други медиуми  во насока на споделување добри практики и развивање заеднички иницијативи насочени кон откривање на дезинформациите и зголемување на кредибилитетот на содржините. Потребен е и сеопфатен план за социјални медиуми, односно медиумите треба да воспостават јасен и документиран план за нивните социјални медиуми во кој ќе се интегрираат уредничките стандарди со практиките специфични за секоја од платформите“, наведено е во препораките.

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Метаморфозис

Продолжи со читање

  • Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода

    Кои се приоритетите за твојата населба? Заедно со Општина Кисела Вода, ги покануваме граѓаните да се вклучат во креирањето на буџетските приоритети за 2027 година. Предложи. Дискутирај. Приоритизирај. Не можеш да присуствуваш? Испрати го својот предлог тука: https://tinyurl.com/PrijaviProblem Твојот глас е важен за буџетот на твојата општина! #CHinMK #CivicaMobilitas Civica Mobilitas Embassy of Switzerland in […]
    The post Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода first appeared on Finance Think.
    The post Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода appeared first on Finance Think.

  • 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон!

    На 27 и 28 октомври, Finance Think учествува на Euromed Summit 2026 во Лисабон, Португалија, претставуван од извршната директорка, Благица Петрески.Во фокусот на дискусиите беа предизвиците на пазарот на труд, несовпаѓањето меѓу вештините и потребите на работодавачите, развојот на човечкиот капитал и економската конкурентност – теми кои се во сржта на истражувачката и аналитичката работа […]
    The post 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон! first appeared on Finance Think.
    The post 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон! appeared first on Finance Think.

  • Претставување на Вардарската регата на утринската програма “Здраво Македонијо“ на ТВ Канал 5

    На 29.10.2026 год. (четврток) на покана на редакцијата на националната ТВ Канал 5 во рамките на утринската програма “Здраво Македонијо“ во друштво на Жана Ѓоргиева, Емилија Вучиновска (miss urban viba), естрадниот уметник Дејан Николовски – Чуле учество зема и старешината на извиднички одред “Димитар Влахов“ и координатор на Вардарската регата…

  • Струмица: Женските кружоци бараат поголема поддршка и учество во локалното одлучување

    Струмица, октомври 2026 – Поголема вклученост на жените во месните заедници, обезбедување простор за нивно организирање и подобра институционална поддршка за нивните иницијативи беа дел од главните теми на јавната дебата „Женското лидерство како огледало на заедницата“, одржана на 28 октомври во Струмица. Дебатата ја организираше Хуманитарното здружение „Мајка“ – Куманово, во соработка со Организацијата […]

  • Прилеп: Жените од локалните заедници со конкретни предлози за поголемо учество во одлучувањето

    Прилеп, октомври 2026 – Во Прилеп се одржа јавната дебата „Женското лидерство како огледало на заедницата“, посветена на можностите и предизвиците за учество на жените, особено од руралните средини, во процесите на локално одлучување. Дебатата ја организираше Хуманитарното здружение „Мајка“ – Куманово, во соработка со Здружението за рурален развој „ЛАГ Агролидер“, во рамки на проектот […]

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор