ЕПИ

Анализа на судските одлуки во областа на прекршочната постапка

Анализата на квалитетот на судските одлуки од областа на прекршочната постапка изработена од страна на д-р Маријана Лончар Велкова, опфаќа 60 анонимизирани одлуки од четири апелациски подрачја донесени во периодот од 2017 до 2020 година, каде една од страните во постапката претставува физичко лице. Секоја од одлуките се анализираше одделно, само врз основа на квалитативни индикатори утврдени во посебно изработената Методологија за анализа на квалитетот и воедначеноста на судските одлуки, без квантифицирање на добиените резултати врз основа на квантитативните индикатори согласно Методологијата.

При анализирање на судските одлуки се правеше проценка на целата одлука, секој нејзин дел, начинот на изведување на доказите и постоењето на контрадикторност, наведувањето на доказите, согледување дали изречената прекршочна санкција е заснована на законските одредби односно дали е правилно применето материјалното право и дали постојат одредени повреди при водење на прекршочната постапка. Секако, кај одлуките донесени од страна на апелационите судови анализираа упатствата дадени до основниот суд доколку предметот се враќа на повторно одлучување.

Главни наоди

  • Пресудите од Апелациското подрачје Битола поединечно ги содржат потребните делови и се правилно структурирани. Најголемиот дел од нив се јасни и концизни, иако постојат одредени одлуки со отстапувања. Најчестите отстапувања се кога пресудата се носи без образложение. Апелациониот суд Битола во одлуките дава јасни упатства до основниот суд, јасно ги наведува причините за укинување или преиначување на одлуката на првостепениот суд, јасно укажува на разликите во оценувањето со основниот суд и дава одговор на жалбените наводи што претходно не се наведени и на кои нема одговори во првостепената судска одлука, како и внимава на рокот за апсолутна застареност.
  • Во поголем дел од анализираните одлуките во Апелациското подрачје Гостивар, се забележуваат суштествени повреди на прекршочната постапка, особено во делот на одлуките кои не содржат образложение. Одлуките погрешно се донесени во отсуство на обвинетиот, без истиот да се откаже од правото на жалба. Од анализираните одлуки на Апелациониот суд за поголемиот дел се изведува заклучок дека имаат недостатоци кои во дел не се суштински, додека во дел се погрешно применети позитивните законски прописи.
  • Концизни, јасни, разбирливи и со доволен опис на спротивставените аргументи се одлуките од Апелациското подрачје Скопје. Во одлуките се цитирани закони и објаснувања за причините поради кои се прифатени или отфрлени жалбените наводи, притоа водејќи сметка за секој сегмент од одлуката на основниот суд и ценејќи ја во целост, а не само во делот кој е обжален. Кај одлуките на Апелациониот суд Скопје се забележува дека во одлуките се содржат јасни упатства до Основниот суд. При враќање на одлуката на повторно разгледување, јасно се наведени причините за укинување или преиначување.
  • Во Апелациското подрачје Штип во поголем обем одлуките ги содржат потребните делови и се правилно структурирани. Тие се донесени врз основа на материјалното право,  а во содржината на изреката се зема предвид и фактичкото тврдење на странките за постапката за докажување.  Одлуките на Апелациониот суд Штип се кратки и со помалку објаснувања споредено со одлуките на Апелациониот суд Скопје. Тие се разбирливи и се води сметка за примената на законите.

Во поглед на изречените заклучоци, анализата на национално ниво упатува дека квалитетот на судските одлуки во основа е добар и покрај изнесените недостатоци, што се однесува на нивната структура и правна логика, образложението на самата одлука и јазичните аспекти (јазична и граматичка правилност). Одлуките на Апелационите подрачја Скопје и Битола се со подобар квалитет за разлика од одлуките на апелационите подрачја Гостивар и Штип, што може да се согледа од оцената на квалитетот на поединечните одлуки и заклучоците дадени за секое апелационо подрачје во анализата.

Можеме генерално да се заклучи дека кај судските одлуки по апелационите подрачја се согледува невоедначеност, што се должи на забележаните специфичности а донекаде и разлики по поглед на водење на постапката, изведување на доказите, примена на законските прописи, јазичните и граматички аспекти, и други карактеристики. Сепак еднаквоста пред законот и правната сигурност се застапени во голем дел од анализираните одлуки.

Препораки

    • Поголема посветеност и внимание при изработка на одлуките
    • Да се работи на усогласување на судската практика.
    • Врховниот суд да носи начелни правни ставови, начелни правни мислења, правни мислења и заклучоци и одлуки или заклучоци на средби на апелационите судови за одредени прашања во прекршочната постапка со цел да се воспостави единствена практика и унапреди прекршочната постапка.
    • Потребен поголем мониторинг на одлуките на судовите од страна на надлежните тела, како и организирање на средби за размена на искуства и практики.
    • Правење на годишни споредбени анализи, имајќи ги предвид сите критериуми за квалитет и оценување дадени во Методологијата за анализа на квалитетот и воедначеноста на судските одлуки;

Анализата и погоре споменатата методологијата беа спроведени во рамките на проектот „Партнерство Јустиција: Враќање на довербата на граѓаните“ кој го спроведуваат Институт за европска политика и Асоцијацијата за развојни иницијативи – Зенит, а кој е финансиски поддржан од Европската Унија.

DOWNLOAD PDF

The post Анализа на судските одлуки во областа на прекршочната постапка appeared first on EPI.

Продолжи со читање

  • Започнаа подготовките за XXVI Вардарска регата Гемиџии 2026

    На 14.3.2026 год. (сабота) претставници на извидничкиот одред “Димитар Влахов“ – Велес, во состав Владимир Ивановски, Иван Гушев и Ангелче Гушев ги посетија извидниците во Солун каде што ги започнаа разговорите за реализација на XXVI Вардрската регата Гемиџии 2026. Оваа година заради зголемени финасиски трошоци се доведува во прашање организирањето…

  • Работна средба со извидниците на Првата извидничка чета од Поликастро

    На 14.3.2026 год. (сабота) во Поликастро, Република Грција се одржа работна средба помеѓу претставниците од Првата извидничка чета на Поликастро и претставниците на извидничкиот одред “Димитар Влахов“ од Велес, Република Македонија. На оваа средба се разговараше за поддршка на извидниците од Поликастро односно поддршката што по трет пат треба да…

  • Годишно Собрание на одредот за неговата активност во 2025

    На 15.03.2026 год. (недела) во големата сала на во Домот на НВО во Велес се одржа редовното Годишно собрание на извиднички одред “Димитар Влахов“ – Велес. Собранието се одржа по следниот ред Процедурален дел: Отварање на Собранието Воведен збор на старешината Избор на работни тела на собранието Работно претседателство –…

  • Реакција за Предлог-законот за високо образование

    Младинскиот образовен форум (МОФ), како организација која скоро 27 години работи на промовирање и заштита на правата на младите во образованието, внимателно го анализираше Предлог‑законот за високо образование. Во текот на […]
    The post Реакција за Предлог-законот за високо образование appeared first on МОФ.

  • Спортот не е имун на нееднаквост и насилство: потребни се конкретни и системски промени за надминување на пречките

    Со конференцијата „Фер игра: еднаквост и нулта толеранција за родово базирано насилство во спортот“, Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) го заокружи процесот на собирање на податоци кои покажуваат како жените се застапени на позиции на одлучување во спортските организации. Истражувањата укажуваат и на искуствата и препознавањето на различните форми на родово базирано насилство врз жените во спортот, нивото на свесност на спортистките и постоењето, видливоста и користењето на механизмите за заштита. Учесниците на конференцијата отворија широка дискусија која овозможи да се согледаат пречките и бариерите и можните решенија.

  • Говорот на омраза во спортот

    Спортските трибини и натаму остануваат простор каде што се шират навредливи и дискриминаторски пораки, особено на етничка и национална основа. Таквиот говор, особено кога е јавно манифестиран, има потенцијал да предизвика длабоки поделби да ја наруши меѓуетничката кохезија, а има потенцијал да предизвика и злосторства од омраза. Во прилог, нашата колешка Наташа Петковска при гостување […]
    Read More… from Говорот на омраза во спортот
    The post Говорот на омраза во спортот appeared first on Хелсиншки комитет за човекови права.

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор