Вкупен буџет: 310.000 МКД

Времетраење: 1.12.2019 – 30.4.2020

Конституенти

Невработени Роми, Роми иселеници, ромски граѓански организации, локалната самоуправа на Шуто Оризари, Роми претприемачи

За проектот поддржан од Цивика мобилитас

Мојот вистински дом се вика Шуто Оризари

За што е потребна акцијата

Иселувањето од Шуто Оризари зема сѐ поголем замав и негативно се одразува на социо-економскиот развој на самата општина. Чувството кај жителите е дека се изолирани од останатите збиднувања во Скопје, нема привлекување на странски инвеститори, не се приближуваат можностите што се нудат за вработување преку АВРМ, а исто така не постојат доволно информации кај заедницата како да ги остваруваат своите социјални и здравствени права. Потребно е да се најдат причините за социјалната изолација на Ромите во Шуто Оризари, но и јакнење на капацитетите на ромската заедница и нудење на системски решенија за ублажување на миграциите во соработка со институциите на локално ниво.

ЦЕЛИ И РЕЗУЛТАТИ

Општа цел: Намалување на миграцискиот бран за иселување на Ромите од Шуто Оризари и креирање позитивна клима за реинтеграција на повратниците од странство.

Специфични цели:

  • Идентификување на причините за иселувањето на Ромите;
  • Зајакнување на капацитетите на Ромите во социјалната и здравствената сфера;
  • Унапредување соработката со институциите на локално ниво и создавање на клима за соработка со иселениците.

Резултати

  1. Креирана анализа за причините за миграции;
  2. Формирано Координативно тело;
  3. Зајакнат капацитетот на заедницата ефективно да ги користи социјалните и здравствените права и мерките од АВРМ да ги искористат најмалку 20 лица;
  4. Воспоставена соработка со иселениците;
  5. Презентирани проблемите пред одговорните чинители преку одржување на две прес-конференции и медиумско покриени активности;
  6. Испечатени 400 публикации со анализа и предлози за ублажување на миграциите;
  7. Изработен и доставен полиси бриф.

Активности

  1. Истражување структурирано со невработени лица и мигранти/потенцијални повратници од странство; анкета со раководни лица од Центарот за вработување (АВРМ), Центарот за социјални работи, ФЗО, бизнис секторот
  2. Состаноци со Координативно тело (граѓански организации, општина Шуто Оризари, Центар за социјални работи, Здравствен дом, Роми лидери) , помеѓу 12 и 15 членови.
  3. Реализација на три трибини (социјални права, вработување и права на пациенти);
  4. Средба на Координативното тело со иселениците и со потенцијалните повратници;
  5. Медиумски презентации на активностите со организирање на две прес- конференции и завршен настан;
  6. Издавање на публикација;
  7. Изработка на полиси бриф кој ќе се достави до креаторите на политики.

Веб страна