Вкупен буџет: 329.350 МКД

Времетраење: 15.11.2019 – 15.2.2020

Конституенти

Девојките и жените во руралните средини кои се вработени, бараат работа и/или сакаат да станат економски активни преку сопствени бизниси; пошироките локални заедници во одбраните региони, вклучително луѓе од различна возраст и род; локалните самоуправи во одбраните региони; центрите за развој на планските региони; државните и локални институции како Агенција за вработување, Министерство за економија, Министерство за труд и социјална политика.

За проектот поддржан од Цивика мобилитас

Поддршка на економско јакнење на девојките и жените во руралните средини

За што е потребна акцијата

Пазарот на трудот во Северна Македонија се карактеризира со висока невработеност и ниско учество на жените во формалната работна сила. Во земјата постојат родово сегрегирани индустрии, а оние во кои доминантен дел од работната сила се жени се карактеризираат со ниски плати и често непочитување на работничките права. Имено, жените сочинуваат само 39,5% од пријавената работната сила, заработуваат 17,9% помалку од мажите на час и сочинуваат 64,2% од формално економски неактивното население во земјата. Причините за ваквата состојба се во корелација со нестабилните економско-социјални услови во земјата, неусогласеноста на расположливите и потребните профили на пазарот на труд, но и со постоечките патријархални предрасуди. „Невидливоста“ на жените на пазарот на труд е најчесто резултат на нивната вклученост во неформални економски активности, посветување на семејни обврски и сѐ уште постоечките стереотипи за улогата на жената во општеството и семејството, но и слабостите на системот за поддршка, коишто треба да имаат особено значајна улога.

ЦЕЛИ И РЕЗУЛТАТИ

Општа цел: Надминување на дел од предизвиците со кои се соочуваат девојките и жените при барање работа, на работното место и при (одлучување за) отпочнување бизнис.

Специфична цел: Подобар пристап на девојките и жените од руралните средини до мрежи за поддршка и до информации за постоечки можности.

Резултати

  • Развиена мрежа на поддршка и соработка помеѓу девојките и жените во руралните средини;
  • Подобрена информираност на девојките и жените за постоечки економски можности;
  • Подобрена информираност на соодветните државни и локални институции за економските потреби на жените и девојките во руралните средини.

Активности

  1. Организирање на работилници;
  2. Менторство една на една;
  3. Споделување информации за достапни можности;
  4. Информативни настани;
  5. Дискусии во општините.

Веб страна