Logo civica
|

Отворен повик за акциски грантови на Цивика мобилитас

Граѓанските организации како и непрофитните научно-истражувачки установи можат да се пријават на повикот за акциски грантови на Цивика мобилитас наjдоцна до 3 март 2020 година, во 16 часот.

Предложените акции треба да придонесат кон целите и резултатите на Цивика мобилитас, односно кон општествени промени кои се водени од силен граѓански сектор, активни граѓани и добра соработка со властите, од кои произлегува потранспарентно, отчетно и социјално-инклузивно управување на национално и локално ниво.

Времетраењето на активностите од овој повик треба да биде помеѓу 12 и 24 месеци, а големината на грантот  треба да биде помеѓу 1.000.000 и 1.800.000 денари.

Заинтересираните може да ги испратат своите прашања по писмен пат на: helpdesk@civicamobilitas.mk најдоцна до 22 февруари 2020 г.

Цивика мобилитас ќе одржи една информативна сесија за овој повик чиј датум, време и место ќе бидат објавени на: www.civicamobilitas.mk

Целиот оглас можете да го видите на: https://civicamobilitas.mk/povici/cm-akt-05/

Продолжи со читање

  • Повеќе од 250 рурални жени поднесоа 27 барања до општините и добија договорени средства, улоги во локалното одлучување и реализирани иницијативи

    „Кога одевме во општината, одевме како на бојно поле, но со документација, а општината беше затечена од нашите застапувачки вештини“, вели Емилија Јакимовска од населбата Карпош во Куманово. Цивика мобилитас оваа вест ја посветува на жените од руралните средини, токму во октомври, кога на 15-ти го одбележуваме Меѓународниот ден на…

  • Повеќе од 80 граѓански организации им ја претставија работата на граѓаните на Фестивалот на Цивика мобилитас

    Шестиот по ред Фестивал на Цивика мобилитас „Ден на граѓанските организации“ се одржа на 3 октомври 2026 година, од 11 до 15 часот, во Градскиот парк во Скопје, кај фонтаната „Лотос“. Над 80 граѓански организации од целата земја пристигнаа за да им ги покажат своите активности и резултати на граѓаните….

  • Ден на граѓанските организации 2026 – Фестивал на Цивика мобилитас

    Со задоволство Ве покануваме да го посетите и да земете учество на овогодинешниот фестивал „Ден на граѓанските организации“ што ќе се одржи на 3 октомври во Градскиот парк во Скопје, кај фонтана „Лотос“ и споменикот на Гоце Делчев. Цивика мобилитас фестивалот е најголемиот настан од ваков вид, каде нашата заедница…

  • Државната поддршка на централно ниво за здруженијата во 2025 г. сконцентрирана во два сектора: социјала и култура

    Во 2025 г. приходите на граѓанските организации од централниот буџет изнесувал 732.599.601 денари, или околу 11,9 милиони евра. Од нив, 724.206.126 денари се доделени преку јавен повик, додека 8.393.475 денари се доделени без јавен повик. Државното финансирање на централно ниво учествува со 8% во вкупните приходи на граѓанските организации, за…

  • Повик за учесници на Eразмус+ обука “The Listening Body“ во Брно, Чешка

    Вклучи се Повик за учесници на Eразмус+ обука “The Listening Body“ во Брно, Чешка Започнуваме со селекција на учесници во тренингот „Слушачкото тело“ (The Listening Body) кој е поддржан од Еразмус + и ќе се случува во близина на Брно, Чешка. Следува период во кој ние ќе ги собереме сите заинтересирани за учество на оваа обука, а после тоа заедно со организаторите ќе финализираме кој од пријавените ќе учествува. Оваа обука има за цел да ги надгради важните ненасилни комуникациски вештини на учесникот на тема поврзана со улогата на допирот во младинската работа и личниот раст и развој. На овој начин, младинскиот работник ќе стекне проширен увид во улогата на телото и како начинот на кој тоа комуницира со околината може да биде корисна алатка за деескалација на тензии и конфликти со другите. Период: Целокупниот проект трае од Август 2026 до јануари 2027 Обуката е од 21 до 29 ноември 2026 Деталите за целата обука на англиски (кој е работен јазик на обуката) може да се најдат во следниот инфо пакет https://www.canva.com/design/DAHPdNQKhL0/JUfq7o3y1My5zzqvY3JxfA/view?utm_content=DAHPdNQKhL0&utm_campaign=designshare&utm_medium=link&utm_source=viewer Кој може да се пријави? Mладински работници, фасилитатори, обучувачи, координатори на волонтери, социјални работници, наставници, професори, едукатори… Лица над 18+ години ВАЖНО! За учество на овој тренинг, се наплаќа 60 евра, кои се одбиваат од патниот трошок на учесниците. Дополнително, секој оној кој е заинтересиран за учество, по завршување на обуката треба да може активно да учествува во дисеминација на овој проект со одржување тематска работилница во претходно договорен термин од наша страна. Во спротивен случај нема да биде селектиран за учество. Пријава за учество https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLScNEyhM0BBXCJfRhhn_dUKN9LAvJ0EQwkTK24ZV38N_3VLWgA/viewform Ве очекуваме!

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор