Promo pic IG

Повик за учесници на Eразмус+ обука “The Listening Body“ во Брно, Чешка

Започнуваме со селекција на учесници во тренингот „Слушачкото тело“ (The Listening Body) кој е поддржан од Еразмус + и ќе се случува во близина на Брно, Чешка. Следува период во кој ние ќе ги собереме сите заинтересирани за учество на оваа обука, а после тоа заедно со организаторите ќе финализираме кој од пријавените ќе учествува.

Оваа обука има за цел да ги надгради важните ненасилни комуникациски вештини на учесникот на тема поврзана со улогата на допирот во младинската работа и личниот раст и развој. На овој начин, младинскиот работник ќе стекне проширен увид во улогата на телото и како начинот на кој тоа комуницира со околината може да биде корисна алатка за деескалација на тензии и конфликти со другите.

Период:

Целокупниот проект трае од Август 2026 до јануари 2027

Обуката е од 21 до 29 ноември 2026

Деталите за целата обука на англиски (кој е работен јазик на обуката) може да се најдат во следниот инфо пакет
https://www.canva.com/design/DAHPdNQKhL0/JUfq7o3y1My5zzqvY3JxfA/view?utm\_content=DAHPdNQKhL0\&utm\_campaign=designshare\&utm\_medium=link\&utm\_source=viewer

Кој може да се пријави?

Mладински работници, фасилитатори, обучувачи, координатори на волонтери, социјални работници, наставници, професори, едукатори… Лица над 18+ години

ВАЖНО! За учество на овој тренинг, се наплаќа 60 евра, кои се одбиваат од патниот трошок на учесниците.

Дополнително, секој оној кој е заинтересиран за учество, по завршување на обуката треба да може активно да учествува во дисеминација на овој проект со одржување тематска работилница во претходно договорен термин од наша страна. Во спротивен случај нема да биде селектиран за учество.

Пријава за учество
https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLScNEyhM0BBXCJfRhhn\_dUKN9LAvJ0EQwkTK24ZV38N\_3VLWgA/viewform

Ве очекуваме!

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на ИМКА YMCA

Продолжи со читање

  • [ЗАТВОРЕН] ПОВИК ЗА АКЦИСКИ ГРАНТОВИ ЦМ-АКТ-06

    Цивика мобилитас објавува повик за доделување акциски грантови [ЦМ-АКТ-06]. Покрај водечката организација, во пријавата мора да се вклучат најмалку два партнери. Пријавите за повикот се поднесуваат само по електронски пат (е-пошта). Предложените акции треба да придонесат кон целите и резултатите на Цивика мобилитас. Краен рок за поднесување на пријавите е 3 март 2021 г. до 14 часот, датумот и часот на пристигнување на електронската пошта ќе се смета за релевантен доказ за поднесување на пријавата во зададениот рок.

  • ПОВИК ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ ИНСТИТУЦИОНАЛНИ ГРАНТОВИ [ЦМ-ИНС-05]

    Пријави можат да поднесат: здруженија, фондации и сојузи кои се регистрирани согласно Законот за здруженија и фондации (2010 г. Сл. Весник 52/10); Институционалните грантови се наменети да го поддржат институционалниот развој (ИР) и организационото јакнење (ОЈ) на индивидуални граѓански организации. Цивика мобилитас очекува институционалните грантисти да заземат лидерски позиции во…

  • ПОВИК ЗА АД-ХОК ГРАНТОВИ [ЦМ-АДХ-02]

    Цивика мобилитас објавува повик за доделување ад хок грантови [ЦМ-АДХ-02] на граѓанските организации кои преземаат итни активности за справување со кризата предизвикана од КОВИД-19. Пријави можат да поднесат граѓански организации кои се регистрирани согласно Законот за здруженија и фондации (2010 г. Сл. Весник 52/10). Апликантите може да соработуваат со други…

  • [ЗАТВОРЕН] ПОВИК ЗА АКЦИСКИ ГРАНТОВИ ЦМ-АКТ-05

    Цивика мобилитас објавува повик за доделување акциски грантови [ЦМ-АКТ-05] Пријави можат да поднесат: граѓански организации кои се регистрирани согласно Законот за здруженија и фондации (2010 г. Сл. Весник 52/10); непрофитни научно-истражувачки установи регистрирани согласно Законот за научно -истражувачка дејност. Покрај водечката организација, во пријавите можат да се вклучат партнери и…

  • Отворен повик за акциски грантови на Цивика мобилитас

    Граѓанските организации како и непрофитните научно-истражувачки установи можат да се пријават на повикот за акциски грантови на Цивика мобилитас наjдоцна до 3 март 2020 година, во 16 часот. Предложените акции треба да придонесат кон целите и резултатите на Цивика мобилитас, односно кон општествени промени кои се водени од силен граѓански…

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор