20200203 akt 05 povik mk 2

[ЗАТВОРЕН] ПОВИК ЗА АКЦИСКИ ГРАНТОВИ ЦМ-АКТ-05

Цивика мобилитас објавува повик за доделување акциски грантови [ЦМ-АКТ-05]

Пријави можат да поднесат:

  1. граѓански организации кои се регистрирани согласно Законот за здруженија и фондации (2010 г. Сл. Весник 52/10);
  2. непрофитни научно-истражувачки установи регистрирани согласно Законот за научно -истражувачка дејност.

Покрај водечката организација, во пријавите можат да се вклучат партнери и соработници. Партнерот треба да исполнува една од погоре наведените категории или да е медиум.

Предложените акции треба да придонесат кон целите и резултатите на Цивика мобилитас:

  • Општа цел – Општествените промени во Северна Македонија се водени од силен граѓански сектор, активни граѓани и добра соработка со властите, од кои произлегува потранспарентно, отчетно и социјално-инклузивно управување на национално и локално ниво;
  • Резултат 1 – Опкружување за граѓанското општество: Околината за развој на граѓанското општество е подобрена преку создавањето на механизми за подобра соработка меѓу властите и граѓанските организации и преку зголемено државно финансирање на граѓанското општество;
  • Резултат 2 – Граѓански ангажман: Граѓанските организации создаваат силни конституенти и со тоа овозможуваат активен граѓански ангажман во граѓанските иницијативи, вклучително и волонтерството;
  • Резултат 3 – Соработка: Соработката помеѓу граѓанските организации е подобрена и води кон сојузи на граѓанското општество;
  • Резултат 4 – Граѓанско учество: Граѓанските организации активно учествуваат во процесите на креирање и донесување одлуки што води кон подобрени политики и практики.

Повикот се состои од Водич за апликантите и Образец за пријава со прилози.

Потребни прилози за пријавување се:

Времетраењето на активностите од овој повик треба да биде најмалку 12, а најмногу 24 месеци. Големината на побараниот грант треба да биде помеѓу 1.000.000 и 1.800.000 денари. Расположливиот вкупен износ за овој повик е 18.000.000 денари. Организациите може да поднесат само една пријава на овој повик – или во улога на апликант или на партнер.

Краен рок за поднесување на пријавите е 3 март 2020 г. до 16 часот, кога треба да бидат примени сите пријави, вклучително и оние доставените лично, по курирска служба или по пошта. Пријавите се доставуваат на адреса:

Македонски центар за меѓународна соработка (МЦМС)
за Цивика мобилитас
ул. Никола Парапунов, б4.41а
Поштенски фах.55, 1060 Скопје

Цивика мобилитас нема да ги прифати пријавите кои се поднесени по електронски пат.

ПРАШАЊА И ОДГОВОРИ

Заинтересираните може да ги испратат своите прашања по писмен пат на: helpdesk@civicamobilitas.mk најдоцна до 22 февруари 2020 г. и треба во предметот на пораката да го содржат референтниот број за овој повик (ЦМ-АКТ-05).

Прашања може да бидат поставени и преку веб-страницата на Цивика мобилитас.

Одговори на прашања поднесени до 12.2.2020 г. до 14:00 (објавено на 12.2.2020 г.)

Одговори на прашања од информативните сессии одржани на 12 и 13 февруари 2020 г. (објавено на 22.2.2020г.)

Одговори на прашања поднесени до 22.2.2020 г. (објавено на 26.2.2020 г.)

ИНФОРМАТИВНИ СЕСИИ

Информативната сесија за повикот за акциски грантови ќе се одржи на 13 февруари 2020 година во просториите на Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС – мапа) со почеток во 11.30 часот. Поради ограничени капацитети, пријавувањето на присуство е задолжително и се одвива преку форма за пријавување: http://bit.ly/akt05info

Повеќе за настанот може да погледнете на настанот на Facebook: https://www.facebook.com/events/542948416314303/

ПРЕЛИМИНАРНА ВРЕМЕНСКА РАМКА

Отворање на повикот за предлози03 февруари 2020 г.
Информативна сесија13 февруари 2020 г., 12.00 ч.
Краен рок за поднесување на пријави03 март 2020 г., 16.00 ч.
Одлука на Комисијата за избор на грантовиМарт 2020 г.
Известување за доделени грантови и за одбиените пријавиМарт 2020 г.
Преговори и потпишување договориАприл 2020 г.

 

Продолжи со читање

  • [ЗАТВОРЕН] ПОВИК ЗА АКЦИСКИ ГРАНТОВИ ЦМ-АКТ-06

    Цивика мобилитас објавува повик за доделување акциски грантови [ЦМ-АКТ-06]. Покрај водечката организација, во пријавата мора да се вклучат најмалку два партнери. Пријавите за повикот се поднесуваат само по електронски пат (е-пошта). Предложените акции треба да придонесат кон целите и резултатите на Цивика мобилитас. Краен рок за поднесување на пријавите е 3 март 2021 г. до 14 часот, датумот и часот на пристигнување на електронската пошта ќе се смета за релевантен доказ за поднесување на пријавата во зададениот рок.

  • ПОВИК ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ ИНСТИТУЦИОНАЛНИ ГРАНТОВИ [ЦМ-ИНС-05]

    Пријави можат да поднесат: здруженија, фондации и сојузи кои се регистрирани согласно Законот за здруженија и фондации (2010 г. Сл. Весник 52/10); Институционалните грантови се наменети да го поддржат институционалниот развој (ИР) и организационото јакнење (ОЈ) на индивидуални граѓански организации. Цивика мобилитас очекува институционалните грантисти да заземат лидерски позиции во…

  • ПОВИК ЗА АД-ХОК ГРАНТОВИ [ЦМ-АДХ-02]

    Цивика мобилитас објавува повик за доделување ад хок грантови [ЦМ-АДХ-02] на граѓанските организации кои преземаат итни активности за справување со кризата предизвикана од КОВИД-19. Пријави можат да поднесат граѓански организации кои се регистрирани согласно Законот за здруженија и фондации (2010 г. Сл. Весник 52/10). Апликантите може да соработуваат со други…

  • Отворен повик за акциски грантови на Цивика мобилитас

    Граѓанските организации како и непрофитните научно-истражувачки установи можат да се пријават на повикот за акциски грантови на Цивика мобилитас наjдоцна до 3 март 2020 година, во 16 часот. Предложените акции треба да придонесат кон целите и резултатите на Цивика мобилитас, односно кон општествени промени кои се водени од силен граѓански…

  • [ЗАТВОРЕН] Повик за мали грантови [ЦМ-МАК-02]

    Цивика мобилитас Ве известува дека повикот за доделување мали грантови [ЦМ-МАК-02], заклучно со 31.12.2021 година поради исцрпување на фондот за грантови е официјално затворен. Резултатите од пријавите поднесени во текот на последниот квартал од 2021 година ќе бидат разгледани од Комисијата за избор на малите грантови и соопштени во текот…

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор