Вкупен буџет: 316.600 МКД

Времетраење: 15.11.2019 – 31.5.2020

Конституенти

Младите и невработените лица, како и меѓуетнички и социјално маргинализирани групи.

За проектот поддржан од Цивика мобилитас

Волонтерството – Надеж за иднината!

За што е потребна акцијата

Во моментов постои мал интерес за волонтирање од страна на граѓаните. Младите денес не се заинтересирани за волонтирање. Некои од причините веројатно се тешката економска ситуација и невработеноста. Често пати младите веднаш бараат место за вработување без да размислуваат за тоа каде може да волонтираат, а потоа таа препорака да ја искористат во процесот на барање работа.

ЦЕЛИ И РЕЗУЛТАТИ

Општа цел: Промовирање на волонтерството и обезбедување на постојан развој преку јакнење на волонтерското ангажирање на локално ниво во општина Струмица, низ спроведување на низа волонтерски акции кои поттикнуваат граѓанско учество.

Специфични цели:

  • Промовирање на волонтерството на локално ниво и кај пошироката јавност;
  • Поттикнување на значењето за волонтирање во рамки на образовниот систем;
  • Зголемување на нивото на волонтирање во граѓанскиот сектор.

Резултати

  • Реализирана фокус група со најмалку 15 активни граѓански организации и утврдување на капацитетите со цел заедничка промоција на волонтерството на локално ниво;
  • Потпишан меморандум, вмрежани најмалку 10 граѓански организации и три средни општински училишта од Струмица;
  • Реализирани три обуки во средните општински училишта во Струмица со цел решавање на постоечки општествени проблеми;
  • Идентификувани најмалку три социјално општествени проблеми на локално ниво каде младите со помош на кампањи ќе го промовираат волонтирањето низ најразлични проблеми кои тие самите ќе ги идентификуваат;
  • Изработена книшка – брошура на добри практики и дистрибуирана низ школите и граѓанските организации од о.Струмица во кои ќе бидат презентирани идеите, активностите, пречките и решенијата за потребата од волонтерство;
  • Реализирани три кампањи;
  • Вмрежување и социјализирање на најмалку 10 млади од општина Струмица, со 5% меѓуетничка и социјална вклученост;
  • Реализирани три кафе средби со млади за споделување на различни искуства на тема волонтерство и размена на добри практики;
  • Ширење, развивање и јакнење на културата на волонтирање, преку спроведен отворен ден со повеќе граѓански организации;
  • Стимулирање на волонтерска пракса и запознавање на работата и важноста со граѓанскиот сектор во решавање на најразлични општествени проблеми со директна вклученост во работата на граѓанскиот сектор на локално ниво;
  • Реализирана фокус група со младите кои биле вклучени при креирањето на кампањите со цел презентирање на проблемите, предизвиците и резултати од истите.

Активности

  1. Организирање на фокус група со повеќе граѓански организации со цел изнаоѓање на ефикасен механизам за поттикнување на волонтерството во нивните организации и толкување на потребата и значењето за волонтерство на локално ниво;
  2. Потпишување меморандум за соработка со повеќе граѓански организации и со средните општински училишта, преку кој ќе бидат утврдени механизми и начини за поттикнување на волонтерството меѓу младите во општина Струмица;
  3. Обуки за волонтерство со цел промовирање на волонтерството, подигање на свеста кај младите за активно граѓанско учество со цел решавање на постоечки општествени проблеми;
  4. Спроведување на работилници „Од идеја до реализација“ во трите средни општински училишта за креирање на кампањи за волонтерство и претставување на позитивни примери;
  5. Следење на активностите на започнатите кампањи од страна на учениците и документирање на проблемите на кои тие ќе наидат;
  6. Изработка на летоци и на потребниот материјал за секоја кампања започната од младите од средните школи со цел промовирање на истите и решавање на проблемите кои тие ги идентификувале;
  7. Од кампања до членство или креирање на граѓанска организација – континуитетот на активностите е обезбеден преку претопување на младите, социјализирање, меѓуетничка и социјална вклученост со цел за општо добро на заедницата;
  8. Три кафе средби со младите;
  9. Организирање на еден отворен ден преку кои младите ќе се запознаат подетално со можностите за волонтирање на локално ниво, поврзување на истите со организации кои што нудат можност за волонтирање;
  10. Организирање „Акциски ден – Волонтер за еден ден!“;
  11. Организирање на фокус групи со цел младите да ги споделуваат своите искуства по подготовката на кампањите и самите акции.

Веб страна