Здружение за едукација, еманципација и остварување на правата на жените „БИДИ ХРАБРА“- Скопје

Вкупен буџет: 320.000 МКД

Времетраење: 1.3.2020 – 30.9.2020

Конституенти

Сите деца од 11 до 14 години кои учат во основните училишта во Општина Бутел.

За проектот поддржан од Цивика мобилитас

Подготвени да ги учиме децата на соживот

За што е потребна акцијата

Образованието, кое треба да ги всади вистинските вредности за животот кај учениците, со години наназад ја губи својата улога. Родителите не се свесни дека секојдневието на нивните деца е исполнето со булинг, малтретирање, навредување, недолични дофрлувања и сеење страв од други ученици. За жал, повеќето случаи завршувале под тепих, со поплаки до класните раководители, педагогот или директорот, скриени од јавноста. Ништо не е преземено ни за одредени социјалните мрежи кои се популарни кај учениците, а каде секој со скриен идентитет може за другиот ученик да напише сѐ што сака и за тоа да не сноси никаква одговорност.

ЦЕЛИ И РЕЗУЛТАТИ

Општа цел: Да се воведе, воспостави, промовира и да се стави во функција модел за интегриран пристап нa генералните и специјализираните услуги за поддршка и заштита на учениците од малтретирање, навредување, недолични дофрлувања и сеење страв од други ученици без разлика на етничка, верска или национална припадност.

Специфични цели:

  • Подигнување на свеста за рана детекција на ситуации со булинг, превенција од истото и промоција на ненасилство;
  • Подобрување на улогата на родителот, професорот и на самото дете кое ќе почне да расте со поголема самодоверба.

Резултати

  • Подигнување на свеста за рана детекција на ситуации со булинг и превенција од истото и добивање наоди за идните потреби на сите училишта;
  • Подигнување на свеста кај родителите дека не е подобро децата да ги научиме да бидат лоши за да се снајдат во денешниот свет;
  • Подигнување на свеста кај родители кои не примаат критика за сопствените деца, дека тие треба да се позитивно прифатени за нормален раст и кариерен развој согласно желбите и очекувањата на секое дете;
  • Подигнување на свеста кај професорите да ги учат децата на соживот, а не само на лекции;
  • Охрабрување на децата да говорат јавно за неубавите случки кои ги доживеале;
  • Едукација на децата за прифаќање на своите другари како еднакви на себе без разлика на етничка, верска или национална припадност.

Активности

  1. Презентирање на реални информации и знаења како самостојно да се реализираат сите потребни процедури за подигнување на свеста за рана детекција на ситуации со булинг и негова превенција;
  2. Работилници за зајакнување на свеста за континуирана подигнување на свеста кај родителите;
  3. Работилница за кариерно советување;
  4. Работилница за да се подигне свеста кај професорите да ги учат децата на соживот;
  5. Работилница за поттикнување на децата, особено тие што биле малтретирани, да добијат храброст јавно да го споделат проблемот и зголемување на самодовербата;
  6. Централен настан.

Продолжи со читање

  • НВО ЗДРУЖЕНИЕ ЗА ТУРИЗАМ И УГОСТИТЕЛСТВО

    Вкупен буџет: 350.000 МКД Времетраење: 01.03 – 30.09.2022  (7 месеци) КОНСТИТУЕНТИ Акциите се однесуваат на членките на трите НВО (НВО Центар за хумани односи, НВО Крушевска жена и НВО Здружени за туризам и угостителство), локалната администрација и вработените во ЈКП Комуна Крушево како и на  средношколците во туристичката насока во…

  • ЗДРУЖЕНИЕ ЦЕНТАР ЗА ПРИМЕНЕТИ ЗНАЕЊА И КРЕАТИВЕН РАЗВОЈ ПРИМА ЦЕНТАР СКОПЈЕ

    Вкупен буџет: 330.000 MKД Времетраење: 01.04 – 01.06.2022 (2 месеци) КОНСТИТУЕНТИ Граѓани кои живеат во високи згради, ученици од средните училишта во Општина Карпош, пожарникари, градоначалникот на општината, куќни совети на станари, медиуми. ЗА ПРОЕКТОТ ПОДДРЖАН ОД ЦИВИКА МОБИЛИТАС                   Противпожарно заштитена зграда – безбедна општина ЗА ШТО Е ПОТРЕБНА АКЦИЈАТА…

  • МЕЃУОПШТИНСКО ЗДРУЖЕНИЕ НА ЛИЦА СО ТЕЛЕСЕН ИНВАЛИДИТЕТ НА ОПШТИНИТЕ ВЕЛЕС, ГРАДСКО И ЧАШКА – МОБИЛНОСТ, ВЕЛЕС

    Вкупен буџет: 366.200 MKД Времетраење: 15.02 – 30.09.2022 (7.5 месеци) КОНСТИТУЕНТИ Деца со попреченост и нивните родители. ЗА ПРОЕКТОТ ПОДДРЖАН ОД ЦИВИКА МОБИЛИТАС Направи сам за своето дете (прирачник за изработка на дидактички материјали од отпадни материјали) ЗА ШТО Е ПОТРЕБНА АКЦИЈАТА Специјализираните дидактички материјали за работа со деца со…

  • ЗДРУЖЕНИЕ НА ГРАЃАНИ: „ЧЕИЈНЏМЕЈКЕРС“ – ГЕВГЕЛИЈА

    Вкупен буџет: 946.000 MKД Времетраење: 01.03 -30.09.2022 (7 месеци) КОНСТИТУЕНТИ Сите граѓани и сите правни лица во Општина Гевгелија ЗА ПРОЕКТОТ ПОДДРЖАН ОД ЦИВИКА МОБИЛИТАС Организирање на одржливо постапување со отпадот на територија на Општина Гевгелија ЗА ШТО Е ПОТРЕБНА АКЦИЈАТА Достапноста на чистата, незагадена животна средина е круцијално човеково…

  • Здружение за поддршка, интеграција и ресоцијализација ЛИНК

    Вкупен буџет: 277,200 МКД Времетраење: 1.12.2021-30.4.2022 (5 месеци) КОНСТИТУЕНТИ Лица под социјален ризик во Општините Бутел и Чучер Сандево ЗА ПРОЕКТОТ ПОДДРЖАН ОД ЦИВИКА МОБИЛИТАС Детектирање, советување и упатување на лица под социјален ризик ЗА ШТО Е ПОТРЕБНА АКЦИЈАТА Според регистарот на Центарот за социјална работа  на ниво на Општина…

  • Сојуз- Национален совет за родова рамноправност (СОЖМ)

    Вкупен буџет: 320 000 MKД Времетраење: 1.12.2021-30.04.2022 (5 месеци) КОНСТИТУЕНТИ Женски граѓански организации, женски неформални движења и жени ЗА ПРОЕКТОТ ПОДДРЖАН ОД ЦИВИКА МОБИЛИТАС Силни женски организации, силни општини, силно општество ЗА ШТО Е ПОТРЕБНА АКЦИЈАТА Придобивка од акцијата ќе имаат општини или заедници во кои ќе се детектираат неактивни…

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор