Здружение на граѓани „НЕКСУС – Граѓански концепт“, Скопје

Вкупен буџет: 329.350 МКД

Времетраење: 15.11.2019 – 15.2.2020

Конституенти

Професор(к)и и студент(к)и чиј главен предмет на работа/изучување се жените, мирот и/или безбедноста, и граѓанските организации кои работат на  полето на родовата проблематика и мирот и/или безбедноста.

За проектот поддржан од Цивика мобилитас

Улогата на жените во зачувувањето на мирот и безбедноста: Резолуцијата 1325 – Основа за акција

За што е потребна акцијата

Тековниот процес за зачленување на Република Северна Македонија во НАТО алијансата е во заавршна фаза, а тоа упатува на претстојните обврски на земјата, односно потребата од интензивирање на активностите за зачувување на мирот и безбедноста, со целосна вклученост на жените како човечки ресурс.

Во рамките на ова, но и веќе преземените активности кои произлегуваат од Резолуцијата 1325 – Жени, мир и безбедност на Советот за безбедност на Обединетите нации, и предлог верзијата на Националниот акциски план (НАП) 2018-2022, се наметна прашањето, а со тоа и потребата да се утврди во колкав степен и од кого, Резолуцијата 1325 се имплементира, но и зошто НАП 2018-2022 сè уште е во предлог верзија, вклучително и кои цели предвидени со планот треба да бидат формулирани како работни задачи и активности, и да се спроведат.

ЦЕЛИ И РЕЗУЛТАТИ

Општа цел: Поголемо и пошироко разбирање на вредностите на НАТО поврзани со жените, мирот и безбедноста, и тоа со имплементација на Резолуцијата 1325 преку НАП 2018-2022, со вклученост на релевантните општествени фактори, зголемување на нивото на дебатата за мирот и безбедноста, со акцент за потребата од вклученост на жените како важен учесник во овие процеси.

Специфични цели:

  • Воспоставување и имплементација на родово сензитивни и сеопфатни јавни политики, вклучително и спречување на конфликти, градење на мир и хуманитарна соработка;
  • Обезбедување имплементација на целите содржани во Резолуцијата 1325, и учество на жените во кризниот менаџмент на национално, регионално и меѓународно ниво, и превенција на насилството врз жените во јавната сфера;
  • Учество на жените во процесите на донесување одлуки во дипломатијата, чувањето на мирот и медијацијата, процесите за зголемување на примената на мировните политики, превенцијата од насилство врз жените во хуманитарните и другите спорни и конфликтни ситуации.

Резултати

  • Зголемено разбирањето за вредностите на НАТО поврзани со жените, мирот и безбедноста;
  • Отворање јавни дебати за потребата од имплементација на родово сензитивни политики поврзани со превенција на конфликтите, градењето на мирот и хуманитарната соработка;
  • Надлежните државните институции и министерства ги вклучуваат жените во процесите на одлучување во рамките на формалната и неформалната дипломатија, зачувувањето на мирот, градењето на мирот и процесите на медијација, и укажувањето на придобивките од навремената и целосна имплементација на Резолуцијата 1325.
  • Учесниците (професор(к)ите, студент(к)ите и претставниците на невладините организации) развиваат проекти за имплементација на целите на Резолуцијата 1325, преку спроведувањето на НАП 2018-2022, и развиваат методи за следење на неговото извршување.
  • Забрзување на донесувањето и спроведувањето на НАП 2018-2022, кои преку овој документ ги редуцираат можните пречки во процесите на вклучување на жените во мировните и безбедносните активности.

Активности

  1. Формирање комисија од тројца професор(к)и од Институтот за родови студии, Филозофски факултет – Скопје, за евалуација и избор на пристигнатите научни трудови кои ќе бидат публикувани;
  2. Одржување дводневна конференција со панел дискусии и презентации на добри практики од регионот со фокус на теми: превенција и разрешување на конфликти, мировни преговори, градење на мирот, миротворство, хуманитарни активности и помирување;
  3. Издавање збирка на избраните научни трудови базирани на темата Жените, мирот и безбедноста на три јазици (македонски, албански и англиски);
  4. Изработка на промотивни материјали за конференцијата;
  5. Промоција на збирката трудови онлајн.

 

Веб страна

Продолжи со читање

  • НВО ЗДРУЖЕНИЕ ЗА ТУРИЗАМ И УГОСТИТЕЛСТВО

    Вкупен буџет: 350.000 МКД Времетраење: 01.03 – 30.09.2022  (7 месеци) КОНСТИТУЕНТИ Акциите се однесуваат на членките на трите НВО (НВО Центар за хумани односи, НВО Крушевска жена и НВО Здружени за туризам и угостителство), локалната администрација и вработените во ЈКП Комуна Крушево како и на  средношколците во туристичката насока во…

  • ЗДРУЖЕНИЕ ЦЕНТАР ЗА ПРИМЕНЕТИ ЗНАЕЊА И КРЕАТИВЕН РАЗВОЈ ПРИМА ЦЕНТАР СКОПЈЕ

    Вкупен буџет: 330.000 MKД Времетраење: 01.04 – 01.06.2022 (2 месеци) КОНСТИТУЕНТИ Граѓани кои живеат во високи згради, ученици од средните училишта во Општина Карпош, пожарникари, градоначалникот на општината, куќни совети на станари, медиуми. ЗА ПРОЕКТОТ ПОДДРЖАН ОД ЦИВИКА МОБИЛИТАС                   Противпожарно заштитена зграда – безбедна општина ЗА ШТО Е ПОТРЕБНА АКЦИЈАТА…

  • МЕЃУОПШТИНСКО ЗДРУЖЕНИЕ НА ЛИЦА СО ТЕЛЕСЕН ИНВАЛИДИТЕТ НА ОПШТИНИТЕ ВЕЛЕС, ГРАДСКО И ЧАШКА – МОБИЛНОСТ, ВЕЛЕС

    Вкупен буџет: 366.200 MKД Времетраење: 15.02 – 30.09.2022 (7.5 месеци) КОНСТИТУЕНТИ Деца со попреченост и нивните родители. ЗА ПРОЕКТОТ ПОДДРЖАН ОД ЦИВИКА МОБИЛИТАС Направи сам за своето дете (прирачник за изработка на дидактички материјали од отпадни материјали) ЗА ШТО Е ПОТРЕБНА АКЦИЈАТА Специјализираните дидактички материјали за работа со деца со…

  • ЗДРУЖЕНИЕ НА ГРАЃАНИ: „ЧЕИЈНЏМЕЈКЕРС“ – ГЕВГЕЛИЈА

    Вкупен буџет: 946.000 MKД Времетраење: 01.03 -30.09.2022 (7 месеци) КОНСТИТУЕНТИ Сите граѓани и сите правни лица во Општина Гевгелија ЗА ПРОЕКТОТ ПОДДРЖАН ОД ЦИВИКА МОБИЛИТАС Организирање на одржливо постапување со отпадот на територија на Општина Гевгелија ЗА ШТО Е ПОТРЕБНА АКЦИЈАТА Достапноста на чистата, незагадена животна средина е круцијално човеково…

  • Здружение за поддршка, интеграција и ресоцијализација ЛИНК

    Вкупен буџет: 277,200 МКД Времетраење: 1.12.2021-30.4.2022 (5 месеци) КОНСТИТУЕНТИ Лица под социјален ризик во Општините Бутел и Чучер Сандево ЗА ПРОЕКТОТ ПОДДРЖАН ОД ЦИВИКА МОБИЛИТАС Детектирање, советување и упатување на лица под социјален ризик ЗА ШТО Е ПОТРЕБНА АКЦИЈАТА Според регистарот на Центарот за социјална работа  на ниво на Општина…

  • Сојуз- Национален совет за родова рамноправност (СОЖМ)

    Вкупен буџет: 320 000 MKД Времетраење: 1.12.2021-30.04.2022 (5 месеци) КОНСТИТУЕНТИ Женски граѓански организации, женски неформални движења и жени ЗА ПРОЕКТОТ ПОДДРЖАН ОД ЦИВИКА МОБИЛИТАС Силни женски организации, силни општини, силно општество ЗА ШТО Е ПОТРЕБНА АКЦИЈАТА Придобивка од акцијата ќе имаат општини или заедници во кои ќе се детектираат неактивни…

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор