Здружение за развој на медиуми „Онлимит“- Скопје
Објавено: 05/11/2019
Вкупен буџет: 4.500.000 МКД
Времетраење: 1.7.2019 – 30.6.2022
Краток опис на организација
Основана во 2013 година според Законот за здруженија и фондации, Онлимит медиа е една од ретките организации која преку силата на дигиталните медиуми промовира слобода на медиуми, истражувачко новинарство и човекови права.
Онлимит медиа е независна организација која се залага за отворено, демократско и либерално општество, во кое една од врвните вредности е слободата на јавно изразување, како дел од корпусот човекови слободи и права гарантирани со Уставот и со меѓународните конвенции чија потписничка е Република Северна Македонија.
Нејзината визија е организација која придонесува кон развојот на дигиталниот медиумски простор во државата, во поглед на промоција и создавање на услови за развој на етичко информирање, со посебен фокус на човековите права.
Конституенти
Целни групи на организацијата се активната заедница на граѓани и новинари присутни во дигиталниот простор кои активно учествуваат во промовирањето на вредностите на организацијата.
Резултати
- Зголемен бројот на членови на организацијата;
- Подобрена комуникацијата со јавноста и членството;
- Јакнење на капацитетот за управување на организацијата и зголемена вклученост на членовите на нејзините органи;
- Зголемена соработки со организациите од граѓанскиот сектор;
- Зголемена финансиска одржливост.