Вкупен буџет:  3.506.992 МКД

Времетраење: 24 месеци

КРАТОК ОПИС НА ОРГАНИЗАЦИЈАТА

„Рурална Коалиција Куманово“ е чадор организација на 40 локални здруженија кои делуваат во секторот земјоделство и рурален развој. Како препознатлива и влијателна организација опфаќа повеќе сегменти на делување започнувајќи од „грас рут“ (grass root) активности и иницијативи, па се до истражувања, следење на состоjбите во секторот, подготовка на документи за јавни политики, при тоа вклучувајќи и мониторинг на локалните и национални јавни политики.

Се залага за креирање на конкурентни и одржливи рурални средини со унапредени социо-економски услови за квалитетен живот преку градење на капацитети на локални здруженија, директна поддршка, но и придонес кон рамномерен регионален развој преку учеството во креирањето на локални и национални политики за земјоделство и рурален развој.

Родовата рамноправност, вклучувањето на етничките малцинства, младите, но и ранливите категории на граѓани се хоризонталните теми на кои Коалицијата исто така посветува внимание.

КОНСТИТУЕНТИ

Рурална Коалиција се базира на принцип на искажан интерес на другите здруженија да партиципираат во работата и заеднички да се градат ставови заштитувајќи ги интересите на членството во поединечните здруженија. Се одржуваат редовни контакти со партнерските здруженија, кои во моментот од секторот земјоделство и рурален развој се вкупно 40, а со 17 од нив потпишана е и посебна социјална платформа за заедничка соработка и настапување.

Семејните земјоделски стопанства во руралните средини се исто така дел од конституентите на организацијата особено ставајќи фокус на младите и на жените како маргинализирани групи кога станува збор за секторот земјоделство и рурален развој. Воопшто жителите на руралните средини, но и институциите во секторот особено Министерството за земјоделство, на долгорочно ниво за политиките се исто така дел од конституентите, а бидејќи делува и на локално ниво како конституенти многу често ги има и општините.

РЕЗУЛТАТИ

  • Утврдени насоките на  стратешкиот развој на Коалицијата за период 2021-2025;
  • Финансиски изградена и стабилна Коалиција;
  • Функционални и изградени капацитети на управувачките структури на организацијата;
  • Зајакнати капацитети на здруженија-членки на Коалицијата;
  • Влијателна и препознатлива Коалициjа каj пошироката jавност.

Веб страна