Вкупен буџет:  4.000.000 МКД

Времетраење: 24 месеци

КРАТОК ОПИС НА ОРГАНИЗАЦИЈАТА

СКУП Македонија е невладина и непрофитна организација чија цел е да го унапредува, поддржува и поттикнува истражувачкото новинарство. Нејзина задача е да им дава поддршка на новинарите во секојдневната работа, да им помага финансиски или професионално во промовирањето на истражувачкото новинарство во земјата и регионот, но и на светско ниво.

КОНСТИТУЕНТИ

Сите граѓани на Република Северна Македонија, без разлика на возраста, националноста, верските убедувања, полот или местото на живеење.

РЕЗУЛТАТИ

  • Професионален ангажман на најмалку двајца новинари кои најмалку во наредните 24 месеци ќе се посветат на обврските во организацијата;
  • Професионален ангажман на најмалку еден административен работник;
  • Изработка на 24 видео и/или пишани истражувачки стории од различни области;
  • Поголема промоција на СКУП на разни настани и средби;
  • Зајакнување на соработката на СКУП со граѓанските организации (вклучително и грантистите на Цивика мобилитас);
  • Поголема промоција на работата на СКУП и граѓанските организации (пред се грантистите на Цивика мобилитас) во традиционалните ТВ медиуми;
  • Поголема промоција на работата на СКУП на социјалните медиуми.

Веб страна