Вкупен буџет:  3.955.935 МКД

Времетраење: 24 месеци

КРАТОК ОПИС НА ОРГАНИЗАЦИЈАТА

Специјална олимпијада Македoнија е невладина организација која ги сервисира потребите на лицата со пречки во развојот, со цел нивна социјализација и интеграција во заедницата преку спорт и рекреација. Формирана е во 2003 година под акредитација на Специјална олимпијада, но, во 2010 година е пререгистрирана во земјата. Инаку глобалната организација на Специјална олимпијада е основана од Јунис Кенеди Шрајвер во 1968 година и денес брои 5.7 милиони атлети и партнери во 174 земји ширум светот.

Под мотото „Дозволи ми да победам, а ако не можам, дозволи ми да бидам храбар во обидот“ организацијата во земјата ја остварува својата мисија, а тоа е да овозможи спортски натпревари и тренинзи во различни олимписки спортови за деца и возрасни со интелектуална попреченост, давајќи им постојани можности да ја развијат физичката кондиција, да покажат храброст, искусат радост и да учествуваат во споделување на вештини, знаења и пријателства со нивните семејства и останатите атлети на Специјална олимпијада и заедницата.

КОНСТИТУЕНТИ

Лица со интелектуална попреченост, нивните семејства и општата јавност.

РЕЗУЛТАТИ

  • Интензивирана соработка и зголемување на број на ангажирани лица;
  • Зголемена инволвираност на волонтери;
  • Зголемена инволвираност на семејства на лица со посебни потреби;
  • Зголемена инволвираност на граѓански организации;
  • Зголемена инволвираност на бизнис заедницата;
  • Градење на регионална мрежа на СОМ центри во РСМ;
  • Географско распространување на СОМ на територијата на РСМ;
  • Зајакнување на организцијата;
  • Самоодржива организација.