Здружение Прва детска амбасада во светот „Меѓаши“ – Република Македонија
Објавено: 05/11/2019
Вкупен буџет: 4.499.392 МКД
Времетраење: 1.7.2019 – 30.6.2022
Краток опис на организација
Првата детска амбасада во светот „Меѓаши“ е основана на 29 април 1992 година во Скопје, како светска асоцијација и прва регистрирана организација за заштита на правата на детето.
Визијата на „Меѓаши“ е поправеден свет за секое дете.
Мисијата на организацијата е да ги застапува и заштитува правата на децата, да поттикнува одговорно родителство и почит на детската личност, да го зајакнува граѓанското движење за правата на децата, детското учество и да се залага за функционалност на институциите во најдобар интерес на детето. „Меѓаши“ го промовира мировното образование, развивајќи активно граѓанство засновано на принципот на ненасилство и ги негува различностите и еднаквите можности за сите.
Конституенти
Деца, млади, родители, институции, медиуми, агенции, меѓународни организации.
Резултати
- Активна вклученост во повеќе делови од акцискиот план на Владата за обезбедување овозможувачка околина;
- Придонес кон посоодветен третман на детските права и нивно позиционирање високо на приоритетната листа на носителите на одлуки.