Вкупен буџет: 4.500.000 МКД

Времетраење: 1.7.2019 – 30.6.2022

Краток опис на организација

Здружението на граѓани „Љубезност“ почна како неформална група во 2013 година, продолжи во склоп на здружение кое се бавеше со повеќе дејности, а на 9 јануари 2015 година се формираше во самостојно здружение под името „Љубезност“, исклучиво за помош на луѓето од ранливи социјални категории. До сега има самостојно реализирано неколку донаторски проекти и има посетено и делено донации на семејства во Скопје и во останатите градови во Северна Македонија. Здружението работи претежно на волонтерска основа и повремен хонорарен ангажман.
Визијата на „Љубезност“ е да бидат најактивни чинители во процесот на ресоцијализација и реинтеграција на социјално загрозените лица во земјата.
Нивната мисија е континуирана едукација, помош и поддршка на социјално загрозените лица во нивниот процес на реинтеграција.

Конституенти

Целна група се бездомниците и социјално загрозените семејства кои живеат во многу тешки услови и во голема сиромаштија.

 

Резултати

  • Зголемени материјални и финансиски ресурси;
  • Зголемен човечки ресурси;
  • Унапредени системи и процедури.

Веб страна