Вкупен буџет:  3.978.720 МКД

Времетраење: 24 месеци

КРАТОК ОПИС НА ОРГАНИЗАЦИЈАТА

Здружението за локален и рурален развој е граѓанска организација која е основана во 2006 година и се занимава со унапредување на родовите прашања на локално и на национално ниво. Организацијата има активен придонес во надминување на патријархалните вредности особено во руралните средини како и подобрување на економската положба на жените. Вредностите на кои се базира здружението се ненасилство, мултикултурализам, транспарентност и отчетност, рамноправност, одржлив развој, вмрежување, граѓански активизам, социјална правда и вклученост на различни граѓански групи во општеството.

КОНСТИТУЕНТИ

Конституентите на Здружението за локален и рурален развој се долгогодишни соработници и членови на здружението, а истите вклучуваат: претставници/општински службеници од секторите за локален економски развој, претставници од образование, претставници од други граѓански организации, претставници од бизнис секторот. Тие во работењето на организацијата се вклучени на различни начини односно како корисници, членови, волонтери и поддржувачи. Конституентите имаат различни социо–демографски карактеристики во однос на нивното место на живеење, приходи, родот, етничкото потекло, возраста и образованието.

Главната целна група на организацијата се локалните самоуправи, жените и младите од руралните средини во Полошкиот регион, особено од регионот на општина Маврово и Ростуше.

РЕЗУЛТАТИ

  • Усвоена Стратегија за промовирање на можностите од одржливо собирање на медицински и ароматични растенија;
  • Зголемени капацитети на членовите на организацијата и другите организации на локално ниво;
  • Развиена волонтерска практика и вклучени волонтери во рамки на организацијата;
  • Изготвена Стратегија за соработка на локалната самоуправа со граѓанскиот сектор.

Веб страна