Здружение на лезбејки, геј, бисексуалци/ки и трансексуалци/ки ЛГБТ ЈУНАЈТЕД Тетово
Објавено: 05/11/2019
Вкупен буџет: 4.490.699 МКД
Времетраење: 1.7.2019 – 30.6.2022
Краток опис на организација
ЛГБТ Јунајтед Тетово е граѓанска, непрофитна и мултиетничка организација, која вклучува членови од различни етнички групи и религии.
Целта на ЛГБТ Јунајтед Тетово е заштита, промоција и почитување на човековите права, првенствено на ЛГБТИ лицата, обезбедување еднаков пристап до здравствена заштита и обезбедување други витални социјални и правни услуги, со што се гарантира рамноправност и вклучување на ЛГБТИ лицата во сите сфери на животот преку создавање на поддржувачка и толерантна атмосфера која вклучува разновидност и слобода.
ЛГБТ Јунајтед Тетово е основана на 9 мај 2012 година, и од тогаш непречено делува и работи во Тетово но и пошироко во Македонија, со посебен фокус во градовите Тетово, Гостивар, Струга, Охрид, Кичево, Дебар.
Нивната мисија е да ги заштитат, јавно да ги поддржат и промовираат човековите права на ЛГБТИ популацијата во Северна Македонија, преку обезбедување еднаков пристап до здравствени, социјални и правни услуги и вклучување во сите процеси во општеството, како и успешно зачувување на средина каде еднаквоста, слободата, етиката, интегритетот и разновидноста се во пораст.
Конституенти
ЛГБТИК+ заедницата; пријателите, семејствата и поддржувачите на ЛГБТИК+ заедницата; општините, министерствата, јавните институции, здруженијата и фондациите од РСМ и Европа.
Резултати
- Унапредена ефикасност и ефективност на ЛГБТ Јунајтед Тетово
- Развиени вештини на членовите, персоналот и волонтерите на ЛГБТ Јунајтед Тетово
- Изработена стратегија за прибирање средства