Вкупен буџет: 4.481.160 МКД

Времетраење: 1.7.2019 – 30.6.2022

 

Краток опис на организација

ИнСоК ги промовира, реализира и надградува општествените вредности – демократијата, владеењето на правото, човековите права и човековиот капитал, преку примена на пристап базиран на директно вклучување и директна врска со  човековите права, социјална надградба, јакнење на поединците и групите и нивно учество во работата и еднакви можности, со посебен фокус на ранливите групи, особено Ромите.

 

Конституенти

Роми – лица кои се под социјален ризик, деца, ученици, студенти, невработени, лица без документи, корисници на социјална помош.

Преставници на граѓански организации – Активисти кои работат на придонес социјално вклучување на маргинализираните групи во општеството.

Административни и јавни службеници – Вработени во министерствата, агенции, управи, општини, здравствени домови, амбуланти, училишта градинки и сите оние кои спроведуваат активности поврзани со јавни политики за вклучување на Ромите во општеството.

 

Резултати

  • Посветен и препознатлив ангажман насочен кон ромската заедницата;
  • Транспарентна и отчетна организација со изградени стандарди за работа во граѓанскиот сектор;
  • Дефиниран стратешки пристап за зголемување на граѓанскиот ангажман во општеството за периодот 2020 – 2025;
  • Зголемен акциски и оперативен капацитет за спроведување акции во општеството, организираност, транспарентност, отчетност и функционалност на структурите за управување и носење на одлуки;
  • Зголемена отчетност и транспарентност кон конституентите и општеството во целина;
  • Носител и активен чинител во организирање на граѓанските организации во заштита на правата на лицата кои се исклучени во општеството;
  • Носител и активен чинител во организирање на граѓанските организации во воспоставување механизам за комуникација со Владата за зголемување на можностите за акции во ромските заедници;
  • Тим кој е препознатлив, активен, посветен и располага со податоци базирани на докази за подготовките на Стратегијата за Ромите во Република Северна Македонија 2021 – 2025;
  • Учество во планирање на поддршката и реализацијата на акции и проекти кои ќе се спроведуваат во ромската заедница
  • Учествува во планирање на јавните политики насочени за Ромите;
  • Придонес кон развојот на овозможувачкото опкружување за акции на граѓанскиот сектор кои работи во решавање на предизвиците во ромската заедница;
  • Активно учество и придонес кон реформите во граѓанското општество;
  • Зголемена соработка со институции во државата за поддршка и креирање политики поврзани со Ромите.

Веб страна