Здружение Совет за етика во медиумите на Македонија „ЕТИКА ПРЕС“ Скопје
Објавено: 05/11/2019
Вкупен буџет: 4.486.932 МКД
Времетраење: 1.7.2019 – 30.6.2022
Краток опис на организација
Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) е саморегулаторно тело кое се залага за унапредување, заштита и промовирање на професионалните стандарди и етиката во медиумите во РСМ. Целта на СЕММ е да придонесе кон заштита и промоција на слободата на говорот и слободата на работа на медиумите кои ќе обезбедуваат квалитетни информации за информирана и вклучена јавност. СЕММ има 47 членки од редот на медиумите и медиумските здруженија, здружени по принципот на слободна волја. Комисијата за жалби при СЕММ ги разгледува претставките поврзани со кршење на професионалните и етичките стандарди во пишаните, електронските и во интернет медиумите. Eвропската комисија изминатите години повеќепати ја нотираше важноста на СЕММ за професионализација на медиумите.
Конституенти
Медиумите (уредниците, издавачите и сопствениците на медиумите); членките на Собранието; новинарите и медиумските работници; новинарските здруженија; студентите по новинарство и комуникации; Владата, државните институции и регулаторни тела, судството и правниците; граѓанските организации; меѓународните организации; граѓаните.
Резултати
- Поголема запознаеност на органите на СЕММ и членството со практиките на самоодржливост;
- Зголемена вклученост на членките на СЕММ во процесот на планирање на самоодржливоста;
- Подобрување на капацитетот за планирање на самоодржливост на СЕММ;
- Зголемена вклученост и учество на членството на СЕММ во планирањето на стратегискиот развој на организацијата;
- Подобрена координација и поврзаност на органите и членството на СЕММ во насока на ефективна имплементација на Стратегискиот план.