Вкупен буџет: 3.632.400 МКД

Времетраење: 1.7.2019 – 30.6.2022

 

Краток опис на организација

Институтот за истражување на општествениот развој – РЕСИС е невладина организација чија основна цел е да го унапредува концептот за општествениот развој, што во фокусот ги става граѓаните, а особено маргинализираните групи, со цел да се изгради поправедно општество кое на сите им дава еднакви можности за напредок. РЕСИС е основан во 2017 година како резултат на растечката потреба од компетентни општествени истражувања. Тимот на РЕСИС е составен од водечки експерти од полето на социологијата, медиумите и комуникологијата, политикологијата, економијата и статистиката.

Конституенти

Јавни институции, граѓански организации и медиуми.

Резултати

  • Согледана состојбата и утврдени потенцијалите и потребите на ГО на локално ниво од аспект на артикулацијата на интересите на нивните конституенти во медиумите и пошироко во јавната сфера;
  • Развиена Стратегија за вмрежување и функционална комуникација меѓу локалните граѓански организации и нивните конституенти, од една страна и институциите, телата и мрежите надлежни за медиумите и медиумските политики, од друга страна;
  • Развиени алатки за граѓанските организации на локално ниво за критичко оценување на медиумските содржини и политики и за поефикасно артикулирање на интересите на конституентите во јавната сфера;
  • Развиени компетенции на граѓанските организации на локално ниво за критичко оценување на медиумските содржини и медиумските политики;
  • Подигнато ниво на знаење и свесност кај регулаторното тело (АААВМУ), Мрежата за медиумска писменост и други тела и институции за мислењата и потребите на ГО на локално ниво и нивните конституенти
  • Предложени нови медиумски политики во насока на заштитата на интересите на граѓаните во медиумскиот сектор и јавната сфера пошироко;
  • Создадени механизми (мрежа од совети на публики) за влијание на граѓанските организации на локално ниво и на различните групи што тие ги претставуваат врз медиумските политики и содржини и врз јавната сфера пошироко;
  • Зацртани насоки за идна соработка меѓу локалните ГО, регулаторното тело (АААВМУ), Мрежата за медиумска писменост и други надлежни тела и институции;
  • Подигната свесност за учеството и влијанието на граѓанското општество врз медиумските политики и содржини и врз јавната сфера пошироко.

Веб страна