Вкупен буџет: 4.498.989 МКД

Времетраење: 1.7.2019 – 30.6.2022

Краток опис на организација

Во Коалицијата „Сите за правично судење“ (КСПС) на доброволна основа членуваат здруженија на граѓани од РСМ заради следење на судските процеси пред надлежните судови во државата. Целта е да се придонесе кон осигурување на загарантираните права за правично судење како што е предвидено во Уставот, законите и ратификуваните меѓународни договори, зголемување на јавната свест и да се придонесе кон зајакнување на довербата на граѓаните во институциите на системот, посочување на потребата и работа на можните реформи во судските постапки, зголемување на практичните знаења на студентите по право, зајакнување на улогата и капацитетот на невладините организации и друго.

КСПС воедно се залага за еднаков пристап до правдата на сите граѓани на РСМ.

Визијата на Коалицијата е таа да биде моќна и стабилна организација, двигател и партнер на институциите на системот, во настојувањето РСМ да се издигне како земја во која целосно ќе се почитуваат човековите права и слободи, со посебен акцент на стандардите за правично судење како елементарен услов за интегрирање во Европската Унија.

Мисијата е следење на почитувањето на човековите права и слободи, а особено на меѓународните стандарди за правично судење преку разни форми на делување во настојувањето да се зголеми нивото на нивното имплементирање, да се иницираат институционални и правни реформи како и да се поврати довербата на граѓаните во судството и другите институции на системот.

Конституенти

Судии, јавни обвинители, адвокати, универзитетски професори, млади правници, граѓани, општа јавност.

Резултати

  • Зајакнати капацитети на Извршната канцеларија за истражување, обработување, анализирање и застапување;
  • Зајакнато учество и вклученост на конституенти/ членки во работата на Коалицијата.

Веб страна