Здружение Форум – Центар за стратешки истражувања и документација Скопје
Објавено: 05/11/2019
Вкупен буџет: 4.499.912 МКД
Времетраење: 1.7.2019 – 30.6.2022
Краток опис на организација
Форум- Центар за стратешки истражувања и документација (Форум ЦСИД) е организација основана со цел да се вклучи во развојот на демократијата, поддршката на човековите права и меѓуетничките односи и да помогне во креирање на националните политики во сите сфери на општественото живеење и создавање услови за евро-атлански интеграции. Центарот промовира издржани и спроведливи јавни политики, нуди поддршка на заедниците и ги помага реформите во разни области од јавните услуги.
Конституенти
Месни и урбани заедници, млади, единици на локалната самоуправа, локални граѓански организации, академска заедница, политички партии.
Резултати
- Изработка на стратегии за соработка со граѓански сектор во ЕЛС;
- Објавена анализа/студија за соработката и поддршката на ГО од страна на ЕЛС;
- Изработка на стратегија за развој на Форум ЦСИД 2021-2025;
- Ангажирани волонтери во Форум ЦСИД;
- Формирана мрежа на граѓански организации за реформа и развој на локалната и месната самоуправа;
- Спроведени обуки за истражување и застапување;
- Спроведено истражување за состојбата со граѓанското учество во практикување на непосредното учество во носење одлуки на локално ниво и подготвен документ за политики.