Здружение на граѓани ЦИВИЛ – Центар за слобода, Скопје
Објавено: 05/11/2019
Вкупен буџет: 4.500.000 МКД
Времетраење: 1.7.2019 – 30.6.2022
Краток опис на организацијата
Цивил – Центар за слобода е организација за човекови права која успешно ги комбинира активизмот, аналитиката и медиумската продукција во своите проекти и активности, со големо влијание на процесите и настаните во Република Северна Македонија. Цивил е непрофитно и невладино национално граѓанско здружение, активно во полето на човековите права, мирот и контролата на оружјето, основано на 25 ноември 1999 год. Неформално, организацијата е активна од 1996 год. Цивил е една од организациите со најголема доверба во земјата. Организацијата спроведува изборен мониторинг од 2008 година, воведувајќи нови, високо ефективни методологии на набљудување и граѓанска едукација за гласачкото право.
Конституенти
Општа јавност; поединци и групи чии права и слободи се загрозени; гласачи; медиуми; политички партии; млади
Резултати
- Силно и видливо влијание на ГО преку динамична и повеќеслојна меѓусекторска комуникација меѓу различните засегнати страни и носители на одлуки на национално и локално ниво;
- Бројот на активни членови на ЦИВИЛ се зголемува за 100 годишно (од 400 на 700 за три години)
- Граѓаните се поттикнати да учествуваат во носењето одлуки на локално и национално ниво во различни области и теми.