Здружение на граѓани Центар за граѓански комуникации ЦГК Скопје
Објавено: 05/11/2019
Вкупен буџет: 4.500.000 МКД
Времетраење: 1.7.2019 – 30.6.2022
Краток опис на организација
Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) ја фокусира својата работа врз две групи од меѓусебно поврзани активности:
(1) мониторинг на државните институции и врз основа на тоа, препорачување мерки и политики за унапредување на работењето, доброто владеење, економскиот развој и за намалување на просторот за корупција; и
(2) унапредување на способноста на новинарите и на граѓанските организации во борбата против корупцијата и зголемувањето на транспарентноста, одговорноста и отчетноста на институциите.
Конституенти
Граѓани, граѓански организации, новинари, медиуми, администрација, компании.
Резултати
- Делување преку Советот кон унапредување на околината за развој на граѓанските организации;
- Поддршка на граѓанските организации со што се зголемува нивната соработка, доверба и почит кај граѓаните и властите и се отвораат нови перспективи за развој на граѓанското општество;
- Граѓанските организации се снабдени со потребни податоци како основа за нивно поуспешно делување за унапредување на животот и работата на граѓаните;
- Вклучен широк круг на конституенти во стратешкото планирање на организацијата;
- Конституентите учествуваат врз основа на волонтерски ангажман во извршување на активностите на организацијата;
- Подобрена соработка со постојните мрежи и платформи;
- Воспоставена соработка со бизнис-секторот за остварување на заемни ефекти;
- Учество во унапредување на јавните политики и практики од областите на своето делување;
- Развиени капацитетите на граѓанските организации за делување за развој на локалните заедници;
- Поддржани новинари за професионално известување кое ги зголемува притисокот и барањето одговорност од властите;
- Олеснет пристап до информации од јавен карактер за граѓаните, граѓанските организации и новинарите.