Вкупен буџет: 4.446.860 МКД

Времетраење: 1.7.2019 – 31.12.2021

Краток опис на организацијата

Центарот за управување со промени (ЦУП) е независна истражувачка тинк-тенк организација, која спроведува проекти за градење на капацитети на институциите за спроведување на потребните реформи во јавната администрација и обезбедување поддршка на евро-интегративните процеси.

ЦУП се фокусира и на јакнење на свеста за важноста на транспарентноста и отчетноста на институциите,  како и поврзување на институциите со граѓанскиот сектор.

Главна цел на ЦУП е да иницира, олесни и да управува со позитивните промени во општеството на повеќе нивоа – подобрување на административните капацитети на јавната администрација и зајакнување на нејзината ефикасност, инвестирање и развој на персонал, управување со промените и одржување на развојот, обезбедување еднакви можности и недискриминација.

Конституенти

Државни институции, агенции и министерства, административни органи и органи на државна управа, јавни установи, итн. Крајни корисници се граѓаните кои треба да добијат квалитетни услуги од страна на една високо професионална и сервисно ориентирана јавна администрација.

Резултати

  • Стратешки определби и приоритети;
  • Поддршка и јакнење на тематска мрежа од осум до 10 граѓански организации за следење на реформите од јавната администрација;
  • Јакнење на локалната мрежа за следење на политиките и градење институционална соработка.

Веб страна