Здружение Совет за етика во медиумите на Македонија „ЕТИКА ПРЕС“ Скопје

Вкупен буџет: 4.486.932 МКД

Времетраење: 1.7.2019 – 30.6.2022

Краток опис на организација

Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) е саморегулаторно тело кое се залага за унапредување, заштита и промовирање на професионалните стандарди и етиката во медиумите во РСМ. Целта на СЕММ е да придонесе кон заштита и промоција на слободата на говорот и слободата на работа на медиумите кои ќе обезбедуваат квалитетни информации за информирана и вклучена јавност. СЕММ има 47 членки од редот на медиумите и медиумските здруженија, здружени по принципот на слободна волја. Комисијата за жалби при СЕММ ги разгледува претставките поврзани со кршење на професионалните и етичките стандарди во пишаните, електронските и во интернет медиумите. Eвропската комисија изминатите години повеќепати ја нотираше важноста на СЕММ за професионализација на медиумите.

Конституенти

Медиумите (уредниците, издавачите и сопствениците на медиумите); членките на Собранието; новинарите и медиумските работници; новинарските здруженија; студентите по новинарство и комуникации; Владата, државните институции и регулаторни тела, судството и правниците; граѓанските организации; меѓународните организации; граѓаните.

Резултати

  • Поголема запознаеност на органите на СЕММ и членството со практиките на самоодржливост;
  • Зголемена вклученост на членките на СЕММ во процесот на планирање на самоодржливоста;
  • Подобрување на капацитетот за планирање на самоодржливост на СЕММ;
  • Зголемена вклученост и учество на членството на СЕММ во планирањето на стратегискиот развој на организацијата;
  • Подобрена координација и поврзаност на органите и членството на СЕММ во насока на ефективна имплементација на Стратегискиот план.

Веб страна

Продолжи со читање

  • Здружение на граѓани за локален и рурален развој, Тетово

    Вкупен буџет:  3.978.720 МКД Времетраење: 24 месеци КРАТОК ОПИС НА ОРГАНИЗАЦИЈАТА Здружението за локален и рурален развој е граѓанска организација која е основана во 2006 година и се занимава со унапредување на родовите прашања на локално и на национално ниво. Организацијата има активен придонес во надминување на патријархалните вредности особено…

  • Совет за превентива против малолетничка деликвенција Кавадарци

    Вкупен буџет:  3.941.741 МКД Времетраење: 24 месеци КРАТОК ОПИС НА ОРГАНИЗАЦИЈАТА Советот за превентива против  малолетничка деликвенција (СППМД) е невладина организација во која на доброволна основа членуваат граѓани од Република Северна Македонија. Мотивот за ваков вид на организација пред се`е уникатноста на идејата за борба против детско престапништво и создавање…

  • Здружение Специјална Олимпијада – Македонија Скопје

    Вкупен буџет:  3.955.935 МКД Времетраење: 24 месеци КРАТОК ОПИС НА ОРГАНИЗАЦИЈАТА Специјална олимпијада Македoнија е невладина организација која ги сервисира потребите на лицата со пречки во развојот, со цел нивна социјализација и интеграција во заедницата преку спорт и рекреација. Формирана е во 2003 година под акредитација на Специјална олимпијада, но,…

  • Здружение-Центар за истражувачко новинарство СКУП-МАКЕДОНИЈА, Скопје

    Вкупен буџет:  4.000.000 МКД Времетраење: 24 месеци КРАТОК ОПИС НА ОРГАНИЗАЦИЈАТА СКУП Македонија е невладина и непрофитна организација чија цел е да го унапредува, поддржува и поттикнува истражувачкото новинарство. Нејзина задача е да им дава поддршка на новинарите во секојдневната работа, да им помага финансиски или професионално во промовирањето на…

  • Рурална Коалиција Куманово

    Вкупен буџет:  3.506.992 МКД Времетраење: 24 месеци КРАТОК ОПИС НА ОРГАНИЗАЦИЈАТА „Рурална Коалиција Куманово“ е чадор организација на 40 локални здруженија кои делуваат во секторот земјоделство и рурален развој. Како препознатлива и влијателна организација опфаќа повеќе сегменти на делување започнувајќи од „грас рут“ (grass root) активности и иницијативи, па се…

  • Ромска Асоцијација за жени и млади – ЛУЛУДИ

    Вкупен буџет:  3.781.174 МКД Времетраење: 24 месеци КРАТОК ОПИС НА ОРГАНИЗАЦИЈАТА Ромска асоцијација за жени и млади (РАЖМ) „ЛУЛУДИ“ е невладина, доброволна, непрофитна,  непартиска и  независна  граѓанска организација формирана како потреба за промени и поддршка на потребите и проблемите со кои се соочуваат жените Ромки во Р.С. Македонија, вклучувајќи ги…

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор