Здружение Прва детска амбасада во светот „Меѓаши“ – Република Македонија

Вкупен буџет: 4.499.392 МКД

Времетраење: 1.7.2019 – 30.6.2022

Краток опис на организација

Првата детска амбасада во светот „Меѓаши“ е основана на 29 април 1992 година во Скопје, како светска асоцијација и прва регистрирана организација за заштита на правата на детето.

Визијата на „Меѓаши“  е поправеден свет за секое дете.

Мисијата на организацијата е да ги застапува и заштитува правата на децата, да поттикнува одговорно родителство и почит на детската личност, да го зајакнува граѓанското движење за правата на децата, детското учество и да се залага за функционалност на институциите во најдобар интерес на детето. „Меѓаши“ го промовира мировното образование, развивајќи активно граѓанство засновано на принципот на ненасилство и ги негува различностите и еднаквите можности за сите.

Конституенти

Деца, млади, родители, институции, медиуми, агенции, меѓународни организации.

Резултати

  • Активна вклученост во повеќе делови од акцискиот план на Владата за обезбедување овозможувачка околина;
  • Придонес кон посоодветен третман на детските права и нивно позиционирање високо на приоритетната листа на носителите на одлуки.

Веб страна

Продолжи со читање

  • Здружение на граѓани за локален и рурален развој, Тетово

    Вкупен буџет:  3.978.720 МКД Времетраење: 24 месеци КРАТОК ОПИС НА ОРГАНИЗАЦИЈАТА Здружението за локален и рурален развој е граѓанска организација која е основана во 2006 година и се занимава со унапредување на родовите прашања на локално и на национално ниво. Организацијата има активен придонес во надминување на патријархалните вредности особено…

  • Совет за превентива против малолетничка деликвенција Кавадарци

    Вкупен буџет:  3.941.741 МКД Времетраење: 24 месеци КРАТОК ОПИС НА ОРГАНИЗАЦИЈАТА Советот за превентива против  малолетничка деликвенција (СППМД) е невладина организација во која на доброволна основа членуваат граѓани од Република Северна Македонија. Мотивот за ваков вид на организација пред се`е уникатноста на идејата за борба против детско престапништво и создавање…

  • Здружение Специјална Олимпијада – Македонија Скопје

    Вкупен буџет:  3.955.935 МКД Времетраење: 24 месеци КРАТОК ОПИС НА ОРГАНИЗАЦИЈАТА Специјална олимпијада Македoнија е невладина организација која ги сервисира потребите на лицата со пречки во развојот, со цел нивна социјализација и интеграција во заедницата преку спорт и рекреација. Формирана е во 2003 година под акредитација на Специјална олимпијада, но,…

  • Здружение-Центар за истражувачко новинарство СКУП-МАКЕДОНИЈА, Скопје

    Вкупен буџет:  4.000.000 МКД Времетраење: 24 месеци КРАТОК ОПИС НА ОРГАНИЗАЦИЈАТА СКУП Македонија е невладина и непрофитна организација чија цел е да го унапредува, поддржува и поттикнува истражувачкото новинарство. Нејзина задача е да им дава поддршка на новинарите во секојдневната работа, да им помага финансиски или професионално во промовирањето на…

  • Рурална Коалиција Куманово

    Вкупен буџет:  3.506.992 МКД Времетраење: 24 месеци КРАТОК ОПИС НА ОРГАНИЗАЦИЈАТА „Рурална Коалиција Куманово“ е чадор организација на 40 локални здруженија кои делуваат во секторот земјоделство и рурален развој. Како препознатлива и влијателна организација опфаќа повеќе сегменти на делување започнувајќи од „грас рут“ (grass root) активности и иницијативи, па се…

  • Ромска Асоцијација за жени и млади – ЛУЛУДИ

    Вкупен буџет:  3.781.174 МКД Времетраење: 24 месеци КРАТОК ОПИС НА ОРГАНИЗАЦИЈАТА Ромска асоцијација за жени и млади (РАЖМ) „ЛУЛУДИ“ е невладина, доброволна, непрофитна,  непартиска и  независна  граѓанска организација формирана како потреба за промени и поддршка на потребите и проблемите со кои се соочуваат жените Ромки во Р.С. Македонија, вклучувајќи ги…

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор