Здружение Асоцијација за демократска иницијатива

Вкупен буџет: 1.800.000 МКД

Времетраење: 01.06.2019 – 30.09.2020

Конституенти

Граѓански организации и неформални групи, локални институции, самоуправа и медиуми од општините Гостивар, Тетово, Брвеница и Врапчиште.

За проектот поддржан од Цивика мобилитас

„Локални мрежи за мултикултурализам“

За што е потребна акцијата

И покрај многуте акции спроведени во Полошкиот регион кои имаа за цел да се подобри меѓуетничкиот соживот, денес сѐ уште имаме поларизиран свет по етничка основа, нефункционални Комисии за односи меѓу заедниците (КОМЗ) без поддршка на локалната самоуправа, поделени  училишта, социјална дистанца и стихијно делување на ГО по ова прашање. Клучна и неминовна засегната страна во демократскиот свет е вклучување на ГО во процесите на планирање и имплементација на локалните политики.

ЦЕЛИ И РЕЗУЛТАТИ

Општа цел: Подобрен локален и регионален мултикултурен контекст застапуван од меѓусекторски мрежи иницирани од силни локални граѓански организации.

Специфични цели:

  • Евалуација на локалните политики и инцијативи кои се во насока на подобрување на мултикултурниот соживот во четирите пилот општини;
  • Подобрена хоризонтална соработка помеѓу различните клучни чинители на локално и регионално ниво за меѓукултурна интеграција;.

Резултати

  • Креиран Индекс на мултикултурализмот сочинет од индикатори применливи за сите општини;
  • Идентификувани позитивни и негативни страни на различните локални чинители кои имаат за цел подобрување на меѓуетничките односи;
  • Поттикната меѓуопштинска дискусија за состојбите со мултикултурализмот;
  • Креирани четири функционални мрежи сочинети од различни локални чинители кои придонесуваат кон подобрен мултикултурализам;
  • Инициран мулти секторски меѓуопштински сојуз кој се залага за зголемена регионална меѓукултурна соработка.

Активности

  1. Индекс на мултикултурализам;
  2. Формирање на локални мрежи за застапување на мултикултурни политики;
  3. Визионерски интегративни локални политики – иницирање на меѓуопштински сојуз за интегративен мултикултурализам;
  4. Локални работилници за застапување базирани на наодите од Индексот;
  5. Акции за застапување на локалните мрежи пред локалните власти;
  6. Промотивни активности.

Веб страница

Продолжи со читање

  • Здружение-Балкански Институт за Регионална Соработка БИРС

    Вкупен буџет: 1.800.000 МКД Времетраење: 01.06.2020 – 30.11.2021 КОНСТИТУЕНТИ Жителите на населените места на Шар Планина, граѓаните, институциите, експертите, граѓанските организации кои веќе специфично се грижат за биодиверзитетот на Шар Планина. ЗА ПРОЕКТОТ ПОДДРЖАН ОД ЦИВИКА МОБИЛИТАС Шар Планина – последната брана против еколошката катастрофа ЗА ШТО Е ПОТРЕБНА АКЦИЈАТА…

  • НАУЧНА ФОНДАЦИЈА СПИРОСКИ

    Во партнерство со  Здружение на граѓани Македонска медицинска студентска асоцијација – ММСА и Студентски организирана медицинска асоцијација СОМА, Штип. Вкупен буџет: 2.550.000МКД Времетраење: 15 месеци КОНСТИТУЕНТИ Доброволни дарители на коскена срцевина: млади граѓани (студенти) и возрасни граѓани од 18-60 годишна возраст од поголемите заедници: Mакедонци, Aлбанци, Роми, Срби, Турци, Власи и други. ЗА…

  • Еколошко друштво Здравец 2002

    Во партнерство со Здружение на пензионери на Македонска Каменица и Здружение ГЛАС НА ЕДНАКВОСТА Македонска Каменица Вкупен буџет: 2.599.400 МКД Времетраење: 16 месеци КОНСТИТУЕНТИ Стари лица од Македонска Каменица кои живеат во руралните средини, односно планинските села Саса, Моштица, Косевица, Костин Дол, Луковица, Тодоровци, Дулица и Цера. ЗА ПРОЕКТОТ ПОДДРЖАН ОД ЦИВИКА МОБИЛИТАС…

  • Фондација НВО Инфоцентар Скопје

    Во партнерство со  Здружение за локална демократија Центар на заедницата на општина Струга и Здружение Регионален центар за соработка СПЕКТАР – Крива Паланка  Вкупен буџет: 2.570.530 МКД Времетраење: 15 месеци КОНСТИТУЕНТИ Главни конституенти: локални инспектори од 80 општини и Град Скопје, Инспекциски совет, најмалку девет граѓански организации и граѓани од Скопскиот, Североисточниот (од општините…

  • Здружение на граѓани „НЕКСУС Граѓански концепт“, Скопје

    Во партнерство со Здружение за граѓански активизам и поттикнување на општествена одговорност ХОРИЗОН ЦИВИТАС – Скопје и Здружение за развој и активизам „Аква“ – Струга Вкупен буџет: 2.593.579 МКД Времетраење: 16 месеци КОНСТИТУЕНТИ Средношколци (вкупно 50 ученици) на возраст од 15-18 години од Струга и Скопје (Чаир, Бутел и Гази баба). ЗА ПРОЕКТОТ ПОДДРЖАН…

  • Здружение Хелсиншки комитет за човекови права – Скопје

    Во партнерство со Здружение ХОПС – Опции за здрав живот Скопје и Здружение за правна едукација и транспарентност СТАНИЦА П.Е.Т. Прилеп  Вкупен буџет: 2.599.154 МКД Времетраење: 13 месеци КОНСТИТУЕНТИ Конституентите се разновидни во однос на неколку социо-демографски карактеристики како што се социјалниот статус, возраста, образованието, етничкото потекло и родот. Меѓу конституентите се вбројуваат: претставници од руралните…

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор