Вкупен буџет: 1.800.000 МКД

Времетраење: 1.6.2019-30.11.2020

Партнер

Фондација НВО Инфоцентар Скопје

Конституенти

Примарни целни групи се претставници на граѓански организации, новинари, одлучувачи и млади.

За проектот поддржан од Цивика мобилитас

MK&ЕУ – НАУЧИ, СПОДЕЛИ, ВКЛУЧИ СЕ!

За што е потребна акцијата

Пристапувањето во Европската Унија е стратешка цел за Р. Северна Македонија, а земјата веќе се подготвува за започнување на преговорите. Самиот процес на пристапување ќе биде долг, сложен и сеопфатен, а притоа ќе биде потребно вклучување на разни чинители во општеството (претставници на институтуции, граѓански организации, медиуми итн.) во улога на директни учесници, набљудувачи на процесите, групи за застапување и сл. Посебно е важна улогата на граѓанските организации и медиумите кои треба да вршат мониторинг и притисок врз Владата за транспарентен, одговорен и инклузивен процес на преговарање. Истовремено, потребно е граѓанските организации и медиумите да се обучат за тоа како подобро да го користат процесот на пристапување во ЕУ за да влијаат врз суштинско подобрување на состојбите во областите во кои работат.

ЦЕЛИ И РЕЗУЛТАТИ

Општа цел: Да се придонесе кон поголема, порепрезентативна и посуштинска вклученост на граѓанското општество и неговите организации во процесот на пристапување кон ЕУ.

Специфична цел:

Да се зголеми информираноста и разбирањето на граѓанското општество за процесот на пристапување во ЕУ преку негова промоција и демистификација.

Резултати

  • Креирана сеопфатна дигитална алатка за едукација, набљудување и споделување знаење и информации поврзани со процесот на пристапување
  • Подобрени капацитети на граѓанските организации, новинарите, одлучувачите и младите за разбирање на процесот на пристапувањето и неговите придобивки
  • Креирани онлајн ресурси за учење и запознавање со процесот на пристапување на РСМ во ЕУ

Активности

  1. Stock-taking, собирање, обработка на информации.
  2. Изработка на дигитално решение во тесна комуникација со изведувачи.
  3. Подигнување на дигитално решение.
  4. Промотивен настан за алатката.
  5. Завршен настан.
  6. Организација/спроведување на барем 12 едукативни и/или информативни настани насочени кон четири целни групи (невладини организации, одлучувачи, новинари и млади).
  7. Изработка и објавување на барем 50 едукативни и/или информативни статии насочени кон демитологизирање на пристапувањето на државата кон ЕУ.
  8. Продукција на видео инфографици.
  9. Продукција на дигитални стории.
  10. Продукција на останати мултимедијални содржини.

    Веб страница