Вкупен буџет: 1.800.000 МКД

Времетраење: 01.06.2019 – 31.05.2021

Конституенти

Месните заедници и граѓаните на општина Дебар  – 10 постоечки месни заедници и други помали населби, основни училишта, средно училиште, ЈКП, ЕЛС – Инспекторијатот за хигиена, Советот на општина Дебар, еколошки граѓански организации, медиуми.

За проектот поддржан од Цивика мобилитас

Заедно за чист Дебар  (ЗЧД)

 

За што е потребна акцијата

Дебар изобилува со голем број еколошки проблеми: диви депонии; погрешно лоцирана и нестандардизирана градска депонија со многу негативни ефекти по здравјето на граѓаните; слабо одржување на јавното зеленило; слаби јавни услуги во областа на хигиената; нефункционалност на инспекциските служби; неконтролирано влевање на пластичен и друг неразградлив отпад во Дебарско Езеро; недоволна соработка меѓу граѓаните – институциите и локалната самоуправа; слаба ангажираност на месните заедници и граѓаните во одржување на хигиената во населбите; недостаток на квалитетни програми и стратегија за третирање на проблемот со загадувањето; слаба информираност на граѓаните со еколошките проблеми во општината; отсуство на волонтерска работа со еколошки карактер; отсуство на граѓански расправи за жешки еколошки проблеми; како и отсуство на ударни еколошки акции за забележување на важни еколошки датуми.

ЦЕЛИ И РЕЗУЛТАТИ

Општа цел: Претворање на Дебар во чист град достоен за квалитетно и здраво живеење

Специфични цели:

  1. Подигање на свеста и совеста кај локалните власти, државните институции и граѓаните за одговорно однесување и придонес за еколошка чиста општина.
  2. Подигање на соработката меѓу граѓаните и локалните институции
  3. Подобрување на квалитетот на јавните услуги на локално ниво преку намалување на степенот на загаденост на општината предизвикана од голем број на фактори.

Резултати

  • Промена на однесувањето на граѓаните кон животната средина во градот.
  • Воспоставена редовна комуникација преку изградени инструменти помеѓу граѓаните и локалните институции за здрава животна средина.
  • Зголемена ефикасност на работата на локалните институции за управување со урбаниот отпад и одржување на урбаната хигиена.
  • Намален број на диви депонии.
  • Решен проблемот со пластичниот и цврстиот отпад кој влегува во водите на Дебарското Езеро.
  • Воспоставена методологија за одржливо справување со еколошките проблеми во општината.

Активности

  1. Креирање на електронска апликација за информирање, алармирање на жешките еколошки точки во градот и околината.
  2. Герила акции за подигање на јавната свест и потиккнување на надлежните органи за решавање на детектираните проблеми.
  3. Волонтерски акции за чистење на одредени локации во градот по потреба.
  4. Поставување на камери на жешки точки преку кои ќе се надгледува ситуацијата.
  5. Објавување на информации околу општинските акциски планови и распореди за одржување на јавната хигиена.
  6. Јавни трибини за актуелни проблеми и предизвици за управување со хигиената во Дебар.

Веб страница