Здружение за заштита на животните и животната средина Еднаквост, достоинство, емпатија, натурализам -ЕДЕН

Буџет: 100.000 МКД

Период на спроведување: 11.05 – 11.07.2020

Конституенти

Социјално загрозени и маргинализирани категории на граѓани на територија на Град Скопје (опфатени со достава на готвена веганска храна) и општа јавност (опфатени со кампања за едукација)

За проектот поддржан од Цивика мобилитас

Промени ја исхраната, промени го светот!

За што е потребна акцијата

Како последица од ударот по економијата предизвикан од пандемијата на Ковид-19, дел од граѓаните ја изгубија работата. Во одделни ситуации и двата родитела на малолетни деца во едно семејство остануваа без работа, а сите кредити и останати тековни животни трошоци не престануваат да ги притискаат. Освен тоа, економската криза значи и прекинување на дел од донациите од совесни граѓани и за социјално загрозени и маргинализирани категории граѓани (меѓу нив и бегалците кои моментално престојуваат во нашата земја).

Цели и резултати

Цели

Општа цел: Задоволување на дел од основните човекови потреби кај социјално загрозени и маргинализирани категории граѓани на територијата на Град Скопје, особено кај семејствата каде што еден или повеќе од членовите изгубиле работа, преку дистрибуција на вегански оброци.

Специфични цели:

  • Редуцирање на антропогениот притисок врз животната средина (и животните) предизвикан од исхраната со животински продукти.
  •  Едуцирање за поврзаноста меѓу исхраната и актуелната пандемија, исхраната и уништувањето на животната средина, исхраната и матрицата на злоупотреба во општеството.
  •  Промовирање на принципите на солидарност и одржливост и поттикнување слични хуманитарни активности кај други чинители во општеството.

Резултати 

  • Подготвени и дистрибуирани 500 вегански оброци до социјално загрозени и маргинализирани категории граѓани;
  •  Пет спонзорирани објави на ФБ со досег до приближно 10.000 таргетирани корисници на социјалната мрежа по објава

Активности

  • Подготовка на вегански оброци и нивна дистрибуција до социјално загрозени и маргинализирани категории граѓани. Активноста опфаќа подготовка и дистрибуција на балансиран вегански оброк;
  • Едукативна онлајн кампања за поврзаноста меѓу исхраната и актуелната пандемија, исхраната и уништувањето на животната средина, исхраната и матрицата на злоупотреба во општеството.

Продолжи со читање

  • Здружение на граѓани РУБИКОН Скопје

    Буџет: 98.000 МКД Период на спроведување: 11.05 – 11.08.2020 Конституенти Воспитно – стручен кадар за деца без родители и родителска грижа, и деца во ризик – без родители и родителска грижа сместени во мали групни домови За проектот поддржан од Цивика мобилитас Растеме со промените! За што е потребна акцијата…

  • Здружение за развој на ромската заедница во Македонија – Сумнал-Битола

    Буџет: 99.000 МКД Период на спроведување: 11.05 – 11.07.2020 Конституенти Целната група се ученици од ромската заедница од прво до петто одделение од општинските основни училишта од Општина Битола во соработка со наставниот кадар од тие училишта и проектниот тим За проектот поддржан од Цивика мобилитас Виртуелна училница за поддршка…

  • Здружение ХОПС – опции за здрав живот Скопје

    Буџет: 99.031 МКД Период на спроведување: 11.05 – 11.06.2020 Конституенти Луѓе кои употребуваат дроги и нивните семејства, сексуални работници и нивните семејства и деца кои употребуваат дроги и нивните семејства За проектот поддржан од Цивика мобилитас Хуманитарна акција за помош на маргинализирани групи За што е потребна акцијата Проблемите со…

  • Кризен центар Надеж Скопје

    Буџет: 90.000 МКД Период на спроведување: 11.05 – 11.08.2020 Конституенти Жртви на семејно насилство За проектот поддржан од Цивика мобилитас Борбата со семејното насилство не завршува со почетокот на кризна состојба За што е потребна акцијата Во настанатата вонредна ситуација и забраната за движење, ги приморува луѓето да седат затворени…

  • Македонско здружение за заштита при работа Скопје

    Буџет: 97.000 МКД Период на спроведување: 22.04 – 22.06.2020 Конституенти Работници, работодавачи, граѓански организации, синдикални организации, организации на работодавачи, државни институции За проектот поддржан од Цивика мобилитас Подршка на работниците и работодавачите во услови на пандемија За што е потребна акцијата Недоволната информираност на работниците во услови на вонредна состојба…

  • Институт за истражување и анализа на политики – Ромалитико Скопје

    Буџет: 96.000 МКД Период на спроведување: 22.04 – 22.06.2020 Конституенти Ромската заедница во Република Северна Македонија, но и хуманитарните и граѓанските организации, донаторите, бизнис заедница и медиумите За проектот поддржан од Цивика мобилитас Хуманитарна помош преку систем на мониторинг и координација за донации во ромската заедница За што е потребна…

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор