Здружение за меѓународна младинска соработка ИНТЕРАКТИВ – Битола

Вкупен буџет: 90.500 МКД
Времетраење: 22.04.2020 – 22.06.2020

КОНСТИТУЕНТИ

Млади од рурални средини во Пелагонискиот регион

ЗА ПРОЕКТОТ ПОДДРЖАН ОД ЦИВИКА МОБИЛИТАС

Примена на ИТ алатки за комуникација во функција на психо-социјална поддршка и мотивација на младите луѓе во руралните средини во пелагонискиот регион во време на КОВИД19

ЗА ШТО Е ПОТРЕБНА АКЦИЈАТА

Менталното здравје и благосостојбата на младите луѓе од руралните средини во Пелагонискиот регион е од особено значење за времена појавата на КОВИД19. Разбирливо е дека за време на ваквата пандемија, луѓето чувствуваат страв, се загрижени, вознемирени и презаситени од постојаното менување на информациите и медиумското покривање во врска со ширењето на вирусот. Иако од особена важност е информираноста, сепак менталното здравје кај младите од руралните средини претставува сериозен предизвик на кој треба да се посвети големи внимание. Нашите заложби се во насока на уверување на младите луѓе од руралните средини дека преку примена на ИТ алатките за комуникација, текстовите како и онлајн разговорите ќе им бидат достапни и ќе имаат континуитет во текот на кризата КОВИД19.

ЦЕЛИ И РЕЗУЛТАТИ

Општа цел: Стратегиски пристап за справување со стресот и вознемиреноста кај младите луѓе од руралните средини во Пелагонискиот регион преку примена на ИТ алатки за комуникација.

Специфични цел: Зголемување на свеста кај младите луѓе од руралните средини за важноста на менталното здравје и благосостојбата.

Резултати

  1. Зголемување на свесноста кај младите луѓе од руралните средини за важноста на менталното здравје за време на панедмијата;
  2. Практична примена на ИТ алатки за комуникација при реализација на различни активности.

АКТИВНОСТИ

  1. Тематски работилници и онлајн сесии во согласност со нивните интереси, генерирање идеи за изработка на заедничко видео со порака за останатите млади,
  2.  Креирање на видео од 1 минута со порака за сите млади
  3.  Онлајн прирачник за ментална и социјална поддршка и прикачување на веб страна и социјалните медиуми.

Веб страна

Продолжи со читање

  • Здружение на граѓани РУБИКОН Скопје

    Буџет: 98.000 МКД Период на спроведување: 11.05 – 11.08.2020 Конституенти Воспитно – стручен кадар за деца без родители и родителска грижа, и деца во ризик – без родители и родителска грижа сместени во мали групни домови За проектот поддржан од Цивика мобилитас Растеме со промените! За што е потребна акцијата…

  • Здружение за развој на ромската заедница во Македонија – Сумнал-Битола

    Буџет: 99.000 МКД Период на спроведување: 11.05 – 11.07.2020 Конституенти Целната група се ученици од ромската заедница од прво до петто одделение од општинските основни училишта од Општина Битола во соработка со наставниот кадар од тие училишта и проектниот тим За проектот поддржан од Цивика мобилитас Виртуелна училница за поддршка…

  • Здружение за заштита на животните и животната средина Еднаквост, достоинство, емпатија, натурализам -ЕДЕН

    Буџет: 100.000 МКД Период на спроведување: 11.05 – 11.07.2020 Конституенти Социјално загрозени и маргинализирани категории на граѓани на територија на Град Скопје (опфатени со достава на готвена веганска храна) и општа јавност (опфатени со кампања за едукација) За проектот поддржан од Цивика мобилитас Промени ја исхраната, промени го светот! За…

  • Здружение ХОПС – опции за здрав живот Скопје

    Буџет: 99.031 МКД Период на спроведување: 11.05 – 11.06.2020 Конституенти Луѓе кои употребуваат дроги и нивните семејства, сексуални работници и нивните семејства и деца кои употребуваат дроги и нивните семејства За проектот поддржан од Цивика мобилитас Хуманитарна акција за помош на маргинализирани групи За што е потребна акцијата Проблемите со…

  • Кризен центар Надеж Скопје

    Буџет: 90.000 МКД Период на спроведување: 11.05 – 11.08.2020 Конституенти Жртви на семејно насилство За проектот поддржан од Цивика мобилитас Борбата со семејното насилство не завршува со почетокот на кризна состојба За што е потребна акцијата Во настанатата вонредна ситуација и забраната за движење, ги приморува луѓето да седат затворени…

  • Македонско здружение за заштита при работа Скопје

    Буџет: 97.000 МКД Период на спроведување: 22.04 – 22.06.2020 Конституенти Работници, работодавачи, граѓански организации, синдикални организации, организации на работодавачи, државни институции За проектот поддржан од Цивика мобилитас Подршка на работниците и работодавачите во услови на пандемија За што е потребна акцијата Недоволната информираност на работниците во услови на вонредна состојба…

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор