Здружение на граѓани РУБИКОН Скопје

Буџет: 98.000 МКД

Период на спроведување: 11.05 – 11.08.2020

Конституенти

Воспитно – стручен кадар за деца без родители и родителска грижа, и деца во ризик – без родители и родителска грижа сместени во мали групни домови

За проектот поддржан од Цивика мобилитас

Растеме со промените!

За што е потребна акцијата

Како резултат на актуелната криза со Ковид 19, зголемен е бројот на инциденти од страна на деца згрижени во МГД-ви – бегства, насилство, самоповредување… Во исто време, здравствената клиника „Детска психијатрија“ не е во функција, а дел од децата се со хронични растројства во емоции и поведение. Во недостаток на овој вид здравствена поддршка на децата, потребно е јакнење на вештините на вработените за превенција и справување со ризични ситуации. Освен овој проблем, забележителна е промената на општата атмосфера во МГД-ви, неквалитетно структурирано време на децата, зголемена анксиозност, агресивни испади, несоодветна комуникација, зачестени конфликтни ситуации, емоционални празнења.

Цели и резултати

Цели

  • Општа цел: Придонес кон подобрена грижа за децата без родители и родителска грижа во малите групни домови во услови на криза
  • Специфични цели:
  • Зајакнување на капацитетите на стручните работници вклучени во директна грижа за деца без родители и родителска грижа во услови на криза
  • Унапредување и адаптација на постоечките програми и протоколи за кризни интервенции

Резултати 

  • Зајакнати вештини на стручните работници за квалитетна грижа за децата во услови на криза;
  •  Унапредени програми и процедури за работење во услови на криза.

Активности

  • Средба (онлајн) со координатори и раководители за информирање за проектните активности;
  • Анализа на состојбата и детекција на тешкотиите во функционирањето;
  • Подготовка на прашалник за проценка на состојбата;
  • Спроведување на проценка преку дистрибуција на прашалник;
  • Анализа на добиените резултати;
  • Подготовка на Извештај;
  • Подготовка на Препораки за справување со предизвиците;
  • Прашалник за оценка;
  • Тековно одговарање на прашања – во писмена форма или преку видео повици;
  • Обезбедување на Програма за работа во услови на криза;
  • Анализа и ревизија на постоечките програми, процедури и правилници за работа во и вон кризата од Ковид 19;
  •  Консултативни средби (онлајн) со Координатори на МГД за подготовка на Програмата;
  • Координативен состанок (онлајн) со Директори на ЈУМ Центар за социјална работа Скопје, ЈУМЦСР Штип, ЈУМЦСР Берово, ЈУМЦСР Кавадарци;
  • Подготовка на Програма за работење во услови на криза;
  • Организирање онлајн обуки за сите 41 вработен во МГД – Јавната установа Детски дом 11 Октомври, Скопје, МГД – Штип, МГД Кавадарци, МГД Берово;
  • Работилница за комуникациски вештини, стратегии и техники во работа со деца (2 тренинг сесии);
  • Тренинг сесија за тимско работење во услови на криза и воспоставување на унифициран пристап (2 средби);
  •  Разбирање на влијанието на стресогените фактори врз дневното функционирање во МГД и реперкусии врз однесувањето на децата (2 средби);
  • Организирање на онлајн работилница за 5 Координатори на МГД-ви;
  • Управување со промени и кризен менаџмент;
  • Овозможување на континуирана стручна поддршка од надворешни лица за справување со предизвиците во секојдневното работење со децата преку менторски пристап; 
  • Индивидуални средби според потребите на вработените за добивање на психо-социјална поддршка преку менторски пристап (најмалку две средби);
  • СОС Телефонска линија за интервентна поддршка на вработените за справување со ситуации на висок ризик;
  •  Подготовка на наративен и финансиски Извештај;
  • Организирање на средби со секој тим поединечно по завршување на кризата со КОВИД – 19.

Продолжи со читање

  • Здружение за развој на ромската заедница во Македонија – Сумнал-Битола

    Буџет: 99.000 МКД Период на спроведување: 11.05 – 11.07.2020 Конституенти Целната група се ученици од ромската заедница од прво до петто одделение од општинските основни училишта од Општина Битола во соработка со наставниот кадар од тие училишта и проектниот тим За проектот поддржан од Цивика мобилитас Виртуелна училница за поддршка…

  • Здружение за заштита на животните и животната средина Еднаквост, достоинство, емпатија, натурализам -ЕДЕН

    Буџет: 100.000 МКД Период на спроведување: 11.05 – 11.07.2020 Конституенти Социјално загрозени и маргинализирани категории на граѓани на територија на Град Скопје (опфатени со достава на готвена веганска храна) и општа јавност (опфатени со кампања за едукација) За проектот поддржан од Цивика мобилитас Промени ја исхраната, промени го светот! За…

  • Здружение ХОПС – опции за здрав живот Скопје

    Буџет: 99.031 МКД Период на спроведување: 11.05 – 11.06.2020 Конституенти Луѓе кои употребуваат дроги и нивните семејства, сексуални работници и нивните семејства и деца кои употребуваат дроги и нивните семејства За проектот поддржан од Цивика мобилитас Хуманитарна акција за помош на маргинализирани групи За што е потребна акцијата Проблемите со…

  • Кризен центар Надеж Скопје

    Буџет: 90.000 МКД Период на спроведување: 11.05 – 11.08.2020 Конституенти Жртви на семејно насилство За проектот поддржан од Цивика мобилитас Борбата со семејното насилство не завршува со почетокот на кризна состојба За што е потребна акцијата Во настанатата вонредна ситуација и забраната за движење, ги приморува луѓето да седат затворени…

  • Македонско здружение за заштита при работа Скопје

    Буџет: 97.000 МКД Период на спроведување: 22.04 – 22.06.2020 Конституенти Работници, работодавачи, граѓански организации, синдикални организации, организации на работодавачи, државни институции За проектот поддржан од Цивика мобилитас Подршка на работниците и работодавачите во услови на пандемија За што е потребна акцијата Недоволната информираност на работниците во услови на вонредна состојба…

  • Институт за истражување и анализа на политики – Ромалитико Скопје

    Буџет: 96.000 МКД Период на спроведување: 22.04 – 22.06.2020 Конституенти Ромската заедница во Република Северна Македонија, но и хуманитарните и граѓанските организации, донаторите, бизнис заедница и медиумите За проектот поддржан од Цивика мобилитас Хуманитарна помош преку систем на мониторинг и координација за донации во ромската заедница За што е потребна…

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор