Македонско здружение за заштита при работа Скопје

Буџет: 97.000 МКД

Период на спроведување: 22.04 – 22.06.2020

Конституенти

Работници, работодавачи, граѓански организации, синдикални организации, организации на работодавачи, државни институции

За проектот поддржан од Цивика мобилитас

Подршка на работниците и работодавачите во услови на пандемија

За што е потребна акцијата

Недоволната информираност на работниците во услови на вонредна состојба и во состојба на пандемија во најголем број случаеви ги доведува работниците во забуна и заблуда заради што можат да бидат злоупотребени. Од друга страна пак, работодавачите се соочуваат со нејаснотии за почитувањето на законските одредби поврзани со безбедноста и здравјето при работа. Акцијата е релевантна на овој повик и ќе ја поддржи Р. С. Македонија во запирање на ширењето на коронавирусот и ќе помогне во ублажувањето на последиците од пандемијата за граѓаните, со фокус на најранливите.

Цели и резултати

Цели

  • Општа цел: Подигнување на свесноста на работниците и работодавачите за ризиците од корона вирусот и насоки за превенција од понатамошно ширење
  • Специфични цели:
  • Зајакнување на заштитата на работниците изложени на ризик
  • Подигнување на свеста за опасности и ризици на работните места преку едукација на работниците од услужниот сектор

Резултати 

  • Обезбедена советодавна помош и безбедносни совети за најзагрозените групи на работници и поддршка на работодавачите за спроведување на БЗР во случај на вонредна состојба;
  •  Зајакнати капацитети на работниците во услужниот сектор и подобрена соработка и координација помеѓу граѓанските организации и државните институции во справување со последиците од пандемијата Ковид-19.

Активности

  • Советодавна помош и поддршка за работниците и работодавачите;
  • Стручен тим ќе обезбеди консултации и поддршка и на работодавачите во обезбедување на мислења и ставови од институциите при спроведување на законската регулатива за безбедност и здравје при работа во услови на пандемија;
  • Online поддршка и испорачување на образовен модул (креирање on-line видео модул) во два дела теоретски и практичен дел за е – учење за безбедност и здравје при работа на работниците од услужниот сектор кои се на првата линија на услуга во случај на пандемијата предизвикана од вирусот Ковид-19.

Веб страна

Продолжи со читање

  • Здружение на граѓани РУБИКОН Скопје

    Буџет: 98.000 МКД Период на спроведување: 11.05 – 11.08.2020 Конституенти Воспитно – стручен кадар за деца без родители и родителска грижа, и деца во ризик – без родители и родителска грижа сместени во мали групни домови За проектот поддржан од Цивика мобилитас Растеме со промените! За што е потребна акцијата…

  • Здружение за развој на ромската заедница во Македонија – Сумнал-Битола

    Буџет: 99.000 МКД Период на спроведување: 11.05 – 11.07.2020 Конституенти Целната група се ученици од ромската заедница од прво до петто одделение од општинските основни училишта од Општина Битола во соработка со наставниот кадар од тие училишта и проектниот тим За проектот поддржан од Цивика мобилитас Виртуелна училница за поддршка…

  • Здружение за заштита на животните и животната средина Еднаквост, достоинство, емпатија, натурализам -ЕДЕН

    Буџет: 100.000 МКД Период на спроведување: 11.05 – 11.07.2020 Конституенти Социјално загрозени и маргинализирани категории на граѓани на територија на Град Скопје (опфатени со достава на готвена веганска храна) и општа јавност (опфатени со кампања за едукација) За проектот поддржан од Цивика мобилитас Промени ја исхраната, промени го светот! За…

  • Здружение ХОПС – опции за здрав живот Скопје

    Буџет: 99.031 МКД Период на спроведување: 11.05 – 11.06.2020 Конституенти Луѓе кои употребуваат дроги и нивните семејства, сексуални работници и нивните семејства и деца кои употребуваат дроги и нивните семејства За проектот поддржан од Цивика мобилитас Хуманитарна акција за помош на маргинализирани групи За што е потребна акцијата Проблемите со…

  • Кризен центар Надеж Скопје

    Буџет: 90.000 МКД Период на спроведување: 11.05 – 11.08.2020 Конституенти Жртви на семејно насилство За проектот поддржан од Цивика мобилитас Борбата со семејното насилство не завршува со почетокот на кризна состојба За што е потребна акцијата Во настанатата вонредна ситуација и забраната за движење, ги приморува луѓето да седат затворени…

  • Институт за истражување и анализа на политики – Ромалитико Скопје

    Буџет: 96.000 МКД Период на спроведување: 22.04 – 22.06.2020 Конституенти Ромската заедница во Република Северна Македонија, но и хуманитарните и граѓанските организации, донаторите, бизнис заедница и медиумите За проектот поддржан од Цивика мобилитас Хуманитарна помош преку систем на мониторинг и координација за донации во ромската заедница За што е потребна…

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор