Кризен центар Надеж Скопје

Буџет: 90.000 МКД

Период на спроведување: 11.05 – 11.08.2020

Конституенти

Жртви на семејно насилство

За проектот поддржан од Цивика мобилитас

Борбата со семејното насилство не завршува со почетокот на кризна состојба

За што е потребна акцијата

Во настанатата вонредна ситуација и забраната за движење, ги приморува луѓето да седат затворени во своите домови што дополнително може да придонесе до зголемување на фрустрациите, нетрпеливоста и нетолеранцијата особено кај оние лица што претходно покажувале насилно однесување. Во ситуација на физичка близина со насилникот, жртвите немаат многу можности за пријавување на случаите во релевантните институции по телефон, па оттаму пораките преку електронска пошта или преку социјалните мрежи може да им биде полесен начин да пријават насилство и да се извлечат од насилната средина. Токму во таа насока е и овој предлог проект за пријавување на семејно насилство онлајн и неопходно згрижување на жртви на семејно насилство од 24 до 48 часа до обезбедување на неопходната помош од релевантните институции

Цели и резултати

Цели

  • Општа цел: Прекин на кругот на семејно насилство преку мерки за превенција и заштита преземени во кризна ситуација предизвикана од КОВИД-19
  • Специфични цели:
  • Континуирано обезбедување на психосоцијална помош и поддршка и правно советување на жртви на семејно насилство.
  • Едукација на жртвите на семејно насилство згрижени во Кризен Центар „Надеж“ за справување со корона вирусот

Резултати 

  • 100 потенцијални жртви и жртви на семејно насилство добиле стручна помош и соодветно упатување;
  • 60 жртви на семејно насилство добиле соодветно психолошко и правно советување преку Националната СОС линија и социјалните мрежи;
  • 15 жртви на семејно насилство едуцирани за справување со корона вирусот и потпомогнати со хигиенски пакети;
  • Креирани 15 лични планови за безбедност за жртви на семејно насилство.

Активности

  • Кризно советување и упатување преку СОС линиите за помош (Национална СОС линија 15 -315 – Телефон на доверба);
  • Обезбедување на хигиенски пакети со средства за дезинфекција по истекот на престојот на жените жртви на семејно насилство во Кризен Центар „Надеж“;
  • Онлајн кампања за подигнување на свеста за семејното насилство.

Веб страна

Продолжи со читање

  • Здружение на граѓани РУБИКОН Скопје

    Буџет: 98.000 МКД Период на спроведување: 11.05 – 11.08.2020 Конституенти Воспитно – стручен кадар за деца без родители и родителска грижа, и деца во ризик – без родители и родителска грижа сместени во мали групни домови За проектот поддржан од Цивика мобилитас Растеме со промените! За што е потребна акцијата…

  • Здружение за развој на ромската заедница во Македонија – Сумнал-Битола

    Буџет: 99.000 МКД Период на спроведување: 11.05 – 11.07.2020 Конституенти Целната група се ученици од ромската заедница од прво до петто одделение од општинските основни училишта од Општина Битола во соработка со наставниот кадар од тие училишта и проектниот тим За проектот поддржан од Цивика мобилитас Виртуелна училница за поддршка…

  • Здружение за заштита на животните и животната средина Еднаквост, достоинство, емпатија, натурализам -ЕДЕН

    Буџет: 100.000 МКД Период на спроведување: 11.05 – 11.07.2020 Конституенти Социјално загрозени и маргинализирани категории на граѓани на територија на Град Скопје (опфатени со достава на готвена веганска храна) и општа јавност (опфатени со кампања за едукација) За проектот поддржан од Цивика мобилитас Промени ја исхраната, промени го светот! За…

  • Здружение ХОПС – опции за здрав живот Скопје

    Буџет: 99.031 МКД Период на спроведување: 11.05 – 11.06.2020 Конституенти Луѓе кои употребуваат дроги и нивните семејства, сексуални работници и нивните семејства и деца кои употребуваат дроги и нивните семејства За проектот поддржан од Цивика мобилитас Хуманитарна акција за помош на маргинализирани групи За што е потребна акцијата Проблемите со…

  • Македонско здружение за заштита при работа Скопје

    Буџет: 97.000 МКД Период на спроведување: 22.04 – 22.06.2020 Конституенти Работници, работодавачи, граѓански организации, синдикални организации, организации на работодавачи, државни институции За проектот поддржан од Цивика мобилитас Подршка на работниците и работодавачите во услови на пандемија За што е потребна акцијата Недоволната информираност на работниците во услови на вонредна состојба…

  • Институт за истражување и анализа на политики – Ромалитико Скопје

    Буџет: 96.000 МКД Период на спроведување: 22.04 – 22.06.2020 Конституенти Ромската заедница во Република Северна Македонија, но и хуманитарните и граѓанските организации, донаторите, бизнис заедница и медиумите За проектот поддржан од Цивика мобилитас Хуманитарна помош преку систем на мониторинг и координација за донации во ромската заедница За што е потребна…

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор