Вести од граѓанските организации

Содржината на информациите презентирани во овој дел од веб странaта се единствена одговорност на грантистите и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразуваат гледиштата на Цивика мобилитас, Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC) или организациите што ја спроведуваат. Информациите се презентирани како што се пристигнати и печатните или други грешки во нив се одговорност на самите автори.

  • Зголемена прифатливост и подложност на корупција

    Анализата на ставовите на граѓаните кон различните форми на коруптивни практики покажува загрижувачки трендови. Во 2025 година, 53,7% од испитаниците изјавуваат дека не би прифатиле никаква форма на коруптивно однесување, наспроти 46,3% кои би прифатиле. Овој сооднос претставува значително влошување во споредба со претходните истражувања (во 2023 година односот бил 62,9% наспроти 37,1%, а во 2021 година 63,3% наспроти 36,7%).

  • Тематски форум за користење на податоците за вистинските сопственици во борбата против корупцијата

    СООПШТЕНИЕ ЗА МЕДИУМИ САМО ЗА ДВА МЕСЕЦА, 3.000 ФИРМИ ШТО ДОБИЛЕ ТЕНДЕРИ ГИ ОБЕЛОДЕНИЛЕ СВОИТЕ ВИСТИНСКИ СОПСТВЕНИЦИ НА ЕЛЕКТРОНСКИОТ СИСТЕМ ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ Скопје, 28 јануари 2026 година  |  Повеќе од 30 претставници на клучни јавни институции, граѓански организации, медиуми и меѓународни организации денеска дискутираа за можностите и начините на користење на податоците од Регистарот за вистински сопственици на правните субјекти како алатка за борба против корупцијата. Швајцарскиот амбасадор во земјава, Н.Е. Кристоф Сомер истакна…

  • Пет иницијативи предводени од млади за интегритет, свест и зајакнување на заедницата

    Младински Совет Прилеп:
    Пет иницијативи предводени од млади за интегритет, свест и зајакнување на заедницата
    Во Северна Македонија, младите стануваат активни застапници за транспарентност, отчетност и општествена благосостојба. Преку низа иницијативи предводени од млади, поддржани од Младински Совет Прилеп, локалните тимови од Кочани, Прилеп, Кривогаштани, Кичево и Скопје креираа и реализираа активности кои се однесуваат на корупција, јавни услуги, човекови права и граѓанска одговорност.
    Подолу е прикажан преглед на пет влијателни иницијативи, секоја од нив ја покажува силата на младинско лидерство.

  • Одржана јавна расправа за нацрт – Законот за отворени податоци

    Министерството за дигитална трансформација, во соработка со Фондација Метаморфозис на 28-ми јануари 2026 година, во Центарот за иновации Инокс организираше јавна расправа за текстот на нацрт- Законот за отворени податоци и реупотреба на податоците од јавниот сектор. На јавната расправа присуствуваа министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, претставници на Фондација Метаморфозис, на министерството, на граѓански […]
    The post Одржана јавна расправа за нацрт – Законот за отворени податоци first appeared on Metamorphosis.

  • Расте поддршката за членството во ЕУ, граѓаните сè повеќе ја препознаваат евроинтеграцијата како процес на усогласување со европските стандарди

    Поддршката за членството на Северна Македонија во Европската Унија значително се зголемува во 2025 година, при што јавното мислење покажува јасни знаци на намалена апатија и посозреано разбирање на европската интеграција како процес на реформи и усогласување со европските стандарди. Според резултатите од најновите истражувања на јавното мислење спроведени од Институтот за демократија „Социетас Цивилис“ […]
    The post Расте поддршката за членството во ЕУ, граѓаните сè повеќе ја препознаваат евроинтеграцијата како процес на усогласување со европските стандарди appeared first on IDSCS.

  • Водич за родители

    Овој едукативен материјал претставува практичен водич за родителите за нега, грижа и унапредување на здравјето и развојот на новороденчето, доенчето и малото дете од раѓање до 3-годишна возраст. Материјалот нуди јасни насоки за секој развоен период, вклучувајќи емоционално поврзување, безбедност, развојни чекори и правилна исхрана. Со разбирливи информации и практични…

  • Практикување на позитивно родителство

    Овој едукативен материјал е посветен на практикувањето на позитивно родителство и градењето сигурна, поддржувачка и ненасилна врска помеѓу родителот и детето. Преку конкретни и лесно применливи совети, материјалот ги охрабрува родителите да користат емпатија, трпение и јасна комуникација во воспитувањето, со почитување на индивидуалните потреби и емоции на детето. Материјалот…

  • Како се чувствувам по породувањето?

    Овој едукативен материјал е наменет за жените во периодот по породувањето и има за цел да помогне во препознавање и разбирање на емоционалните и психолошките промени по раѓањето на бебето. Материјалот нуди едноставна самопроценка, практични совети за грижа за себе и јасни насоки кога и каде да се побара стручна…

  • Апел од Платформата за борба против корупција за непотпишување на указот на Законот за изменување и дополнување на Кривичниот законик и користење на уставното право на вето

    Денес, 28.01.2026 Платформата за ГО за БПК поднесе допис до Претседателката на Република Северна Македонија проф. д-р Гордана Силјановска Давкова со кој бара да не го потпише указот на Законот за изменување и дополнување на Кривичниот законик.

Нема повеќе содржини

Нема повеќе содржини

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор