672687549 1399183485579300 6117633426205473998 n

Дијалог за антикорупциски мерки во јавните набавки во здравството

16 април 2026 год. | Скопје |  Центарот за граѓански комуникации денеска ги промовираше предлозите за преземање конкретни мерки за спречување на корупцијата во јавните набавки во здравствениот сектор, врз основа на претходно изработените истражувања и анализи на ризиците и на генераторите на корупцијата здравствените тендери.

Македонското јавно здравство троши за јавни набавки повеќе од 300 милиони евра годишно кои се под бројни ризици од злоупотреба и неодговорно трошење.

Претставници на клучните чинители од оваа област дискутираа за предложените препораки и нивно унапредување за намалување на ризиците од корупција со цел порационално и поефикасно трошење на јавните пари.

Во воведното излагање, министерот за здравство Азир Алиу рече дека во министерството и во јавната администрација треба да се гледа како партнер во обидите за целосно функционирање на здравствениот систем. Како една од приоритетните антикорупциските мерки на министерството тој ја истакна дигиталната трансформација на здравствениот систем.

Помошникот главен државен ревизор, Соња Камбовска ги претстави клучните слабости што државната ревизија ги утврдува при вршењето ревизии во здравствените институции, како и соодветните препораки за нивно надминување.

Како една од клучните фази во набавките во којашто треба да се стави особен акцент, директорката на Бирото за јавни набавки, Маре Богева Мицовска го истакна планирањето на набавките и во таа насока укажа на потребата од поголемо користење на достапните податоци и креирање на централизирани системи и во здравството по примерот на Електронскиот систем за јавни набавки.

Претставниците на Државната комисија за спречување на корупцијата, Сашко Колев и Билјана Вражалска рекоа дека во идната антикорупциска стратегија на земјата 2026-2030, која е во завршна фаза од подготовката, предвидени се сеопфатни мерки за спречување на корупцијата и во јавните набавки, како хоризонтална област и во здравство како еден од петте сектори за кои се предвидуваат антикорупциски мерки.

Активностите се организираат во рамките на проектот „Спречување на корупцијата во јавните набавки во здравството “ што Центарот за граѓански комуникации го спроведува со финансиска поддршка на National Endowment for Democracy (NED). 

 

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Центар за граѓански комуникации ЦГК

Продолжи со читање

  • Насилството врз децата не почнува кога ќе стане вест, а превенцијата не треба да започне откако насилството ќе стане вест

    Зад секоја вест за насилство врз дете, стојат дете со нарушено чувство на сигурност, семејство кое живее во страв и неизвесност; и заедница што треба да се запраша дали можела да стори нешто порано. Но, не секое насилство станува вест. Некои деца молчат од страв […]
    The post Насилството врз децата не почнува кога ќе стане вест, а превенцијата не треба да започне откако насилството ќе стане вест appeared first on Myla.

  • Eco Social Voices претставен на YCDF Skopje Local Point: Младите како двигатели на климатските промени

    Климатската акција започнува со младите, нивните идеи и можноста активно да учествуваат во создавањето промени. Во Europe House во Скопје, Еко Логик, во партнерство со Youth Climate Diplomacy Forum (YCDF), го претстави проектот Eco Social Voices на презентацискиот настан посветен на YCDF Skopje Local Point. Настанот беше можност за запознавање со целите, визијата и активностите […]

  • Новинарите ги декодираат институциите на ЕУ, acquis и политиките за проширување

    На 16 и 17 октомври 2026 година, Институтот за европска политика (ЕПИ) го организираше првиот модул за обука во рамките на проектот „Decode the EU – Communicating EU policies together“ во Струмица. Дводневната работилница собра 10 новинари од различни медиуми, со цел да се зајакне аналитичкото известување засновано на докази за процесот на пристапување на […]
    The post Новинарите ги декодираат институциите на ЕУ, acquis и политиките за проширување appeared first on EPI.

  • Извидниците од Велес волонтерски работеа на санирање на конференциската сала во ИЦО – Охрид

    Членовите на извидничкиот одред “Димитар Влахов“ – Велес, Валентин Јанкуловски, Благој Јорданов и Владимир Ивановски-Вуцо во периодот од 16 до 18 октомври 2026 год. во извидничкиот центар “Охрид“ во Охрид работена на санирање на Конференциската сала на ИЦО – Охрид. Со превземените активности од страна на нашите одредски членови ја…

  • Меморандум за разбирање со Британската бизнис-асоцијација

    Силните економии се градат врз силни партнерства. Finance Think и British Business Association in North Macedonia – Британската бизнис-асоцијација во Северна Македонија вчера потпишаа Меморандум за разбирање, поставувајќи основа за поблиска соработка за прашања важни за бизнис-секторот, носителите на политики и општеството. Партнерството ја поврзува широката деловна мрежа на Британската бизнис-асоцијација со економските истражувања и […]
    The post Меморандум за разбирање со Британската бизнис-асоцијација first appeared on Finance Think.
    The post Меморандум за разбирање со Британската бизнис-асоцијација appeared first on Finance Think.

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор