Вести од граѓанските организации

Содржината на информациите презентирани во овој дел од веб странaта се единствена одговорност на грантистите и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразуваат гледиштата на Цивика мобилитас, Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC) или организациите што ја спроведуваат. Информациите се презентирани како што се пристигнати и печатните или други грешки во нив се одговорност на самите автори.

  • Втор и последен отворен инфо ден од PRepare проектот

    Нa 9 октомври 2025 година, Еко Логик, заедно со општина Кочани го одржаа и последниот отворен инфо ден на кој, учесници во проектот, како и претставници од општина, училишта, млади, граѓански организации и локални бизниси, имаа можност да се запознаат со резултатите од PRepare проектот, како и идеите кои се изготвија во рамки на работилниците […]

  • Во интервју за Слободен печат, Благица Петрески, зборува за тековни економски прашања

    Не може да се каже дека поголемите #општини секогаш имаат поголем капацитет – има примери и на мали општини со добро планирање и дисциплина. Главниот проблем често е внатрешниот капацитет за планирање и фазна имплементација, бидејќи многу општини започнуваат многу проекти, но не ги завршуваат. Линк
    The post Во интервју за Слободен печат, Благица Петрески, зборува за тековни економски прашања first appeared on Finance Think.
    The post Во интервју за Слободен печат, Благица Петрески, зборува за тековни економски прашања appeared first on Finance Think.

  • Истражување – Отсуство на процедури, транспарентност и отчетност кај набавките коишто се финансираат со пари од родителите во училиштата

    Истражувањето открива дека набавките за осигурување, за униформи за учениците, за фотографирање, за ужина итн. се спроведуваат во постапки за кои нема јасно дефинирани правила кои би овозможиле избор на најповолните понуди и најдобра вредност за потрошените пари. Јавни огласи се објавуваат само за екскурзиите, бидејќи МОН за нив има…

  • Средби со граѓаните во Делчево и Берово: Локал Актив го засилува граѓанскиот ангажман во Источниот регион

    На 8 октомври 2025 година, во рамки на проектот „Поттикнување на граѓанскиот ангажман во локалното владеење – Локал Актив“, поддржан од НЕД, а спроведуван од Институтот РЕСИС во партнерство со локалните граѓански организации, се одржаа две консултативни средби со граѓаните во Делчево и Берово.

  • „Густа плетка: вмрежување 2.0“

    На 8 октомври 2025 година, во Europe House – Скопје, се одржа средбата „Густа плетка: вмрежување 2.0“, организирана од Форум за разумни политики во рамки на проектот „Застапување за инклузивен развој“, поддржан од Владата на Швајцарија преку програмата Цивика мобилитас. На средбата беше презентиран акцискиот план, кој ги обедини клучните коментари, забелешки и предлози што […]

  • Заврши петиот Агро Саем Струмица

    На плоштадот  „Гоце Делчев“ во Струмица се одржа петтото издание на „Агросаем Струмица 2025“, настан чија цел беше да ги спои производителите, откупувачите, трговците, стручни лица и јавноста во еден настан за промоција на нови технологии, производи и идеи во земјоделството

  • Повик за учество во Школата „Феминистичко образование за сите!“

    Институтот за општествени и хуманистички науки, Скопје со задоволство го објавува повикот за упис на партиципанти за школаta „Феминистичко образование за сите“. Школата е поддржана од страна на фондацијата Kvinna till Kvinna. Живееме во ера кога родовата еднаквост, идејата за културната конструираност на родот и gender mainstreaming многу од активистките и жените кои професионално се… Read More

Нема повеќе содржини

Нема повеќе содржини

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор