Untitled Design(4)

Соопштение за медиуми – Македонија каска во превенцијата на рак на грло на матка

Македонија заостанува во борбата против рак на грло на матка и е далеку од исполнување на целта за опфат на 70% од жените со скрининг до 2030 година со цел целосно искоренување на смртноста од оваа болест, поставена од Светската здравствена организација. Главна причина за ваквата состојба е што Програмата за скрининг на рак на грло на маткане овозможува доволен опфат на жени за да се постигне навремено откривање и превенција од оваа болест, покажува анализата на Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените – ЕСЕ.

Иако во програмата е наведено дека целта е за три години со скрининг да се опфати 75 отсто од женската популација на возраст од 21 до 59 години, државата ниту издвојува доволно средства за оваа намена, ниту спроведува активности за едукација и информирање на жените.

„Во изминатите три години, од 2023 до 2025 година, скрининг на грло на матка бил извршен наоколу 149.000 жени што претставува опфат од 32%, а тоа е многу помалку од предвидените 75%. Што е уште позагрижувачки, наместо да расте,бројот на жени опфатени со скринингот, од година в година се намалува. Само за споредба, во Словенија, со програмата за скрининг на рак на грло на матка, за три години беа опфатени 71 процент од жените“, вели Борјан Павловски од Здружението ЕСЕ.

Ниското ниво на скрининг придонесува Македонија да е меѓу водечките земји во Европа и во регионот по бројот на новооткриени случаи на рак на грло на матка. Според последните достапни податоци, во 2023 година се откриени 327 нови случаи, додека во 2022 година биле регистрирани 289 случаи. Оваа стапка е највисока во Европа односно речиси пет пати повисока од Грција и Италија, три пати повисока од Словенија и двојно поголема од Србија.

Во однос на смртноста, во периодот од 2017 до 2023 година, од рак на грло на матка починале вкупно 540 жени. Тоа значи дека од овој вид карцином, во Македонија годишно во просек умираат околу 70 жени, иако со навремен и соодветен скрининг, најголем дел од  смртните случаи може да се спречат.

„Клучни причини за ваквата алармантна состојба се недоволните средства кои ги одвојува државата за скрининг, како инедостигот од матични гинеколози, имајќи предвид дека во речиси 40 општини воопшто нема матичен гинеколог. Дополнително, не се работи на едукација и информирање на жените за неопходноста на овој тип прегледи во превенцијата на ракот на грлото на матката“, објаснува Павловски.

Во последните две години проблем е и транспарентноста на Министерството за здравство во однос на оваа проблематика. Имено, со оглед на тоа што се промени начинот на кој се планира скринингот, не се достапни податоци колку точно средства се издвојуваат за оваа намена и колку жени е планирано да бидат опфатенина годишно ниво.

Од Здружението ЕСЕ потенцираат дека неопходно е да се промени и методологијата со која се прави скринингот на грло на матка. Во Македонија во моментов оваа процедура се изведува со ПАП брис, кај кој постои 20 отсто можност за грешка во резултатите, додека светските препораки се воведување ХПВ тест, кој е речиси 99 отсто точен.

Ракот на грло на матка е четврти најчесто дијагностициран рак кај жените, но доколку се открие навреме, големи се шансите целосно да се излечи. Токму затоа, ова е првиот тип рак за кој Светската здравствена организација усвои Глобална стратегија за целосно елиминирање на смртноста.

Работата на полето на унапредување на скринингот на ракот на грлото на матката е спроведено во рамки на проектот „Унапредени здравствени права на девојките, жените и ранливите групи“. Проектот го спроведуваат партнерските организации  ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување, Здружение за еманципација, солидарност и еднаквост на жените – ЕСЕ, Здружение за поддршка на луѓето што живеат со ХИВ – ЗАЕДНО ПОСИЛНИ и Здружение Иницијатива за правата на жените од Шуто Оризари, со поддршка од Владата на Швајцарија преку Цивика мобилитас.

Содржината на ова соопштение е единствена одговорност на ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување, Здружение за еманципација, солидарност и еднаквост на жените – ЕСЕ, Здружение за поддршка на луѓето што живеат со ХИВ – ЗАЕДНО ПОСИЛНИ и Здружение Иницијатива за правата на жените од Шуто Оризари и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на Владата на Швајцарија, Цивика мобилитас или организациите што ја спроведуваат.

This post was originally published on this site

Продолжи со читање

  • Прилеп: Жените од локалните заедници со конкретни предлози за поголемо учество во одлучувањето

    Прилеп, октомври 2026 – Во Прилеп се одржа јавната дебата „Женското лидерство како огледало на заедницата“, посветена на можностите и предизвиците за учество на жените, особено од руралните средини, во процесите на локално одлучување. Дебатата ја организираше Хуманитарното здружение „Мајка“ – Куманово, во соработка со Здружението за рурален развој „ЛАГ Агролидер“, во рамки на проектот […]

  • АСИСТИВНАТА ТЕХНОЛОГИЈА ОВОЗМОЖУВА НЕЗАВИСНОСТ, ЕДНАКВИ МОЖНОСТИ И АКТИВНО УЧЕСТВО ВО ОПШТЕСТВОТО – Водич за креатори на политики, професионалци, сервисни служби, индивидуалци, родители

    Оваа публикација/водич е изработена во рамките на проектот „Асистивна технологија – алатказа социјална инклузија“, кој го реализира Здружението за асистивна технологија „Отворетеги прозорците“ со поддршка на Европската Унија преку проектот CORDIAL – Создавањерегионални можности за активности и законодавство за инклузија на лицата со попреченост. Содржината на оваа публикација/водич е единствена одговорност на Здружението за асистивнатехнологија …
    АСИСТИВНАТА ТЕХНОЛОГИЈА ОВОЗМОЖУВА НЕЗАВИСНОСТ, ЕДНАКВИ МОЖНОСТИ И АКТИВНО УЧЕСТВО ВО ОПШТЕСТВОТО – Водич за креатори на политики, професионалци, сервисни служби, индивидуалци, родители Read More »
    The post АСИСТИВНАТА ТЕХНОЛОГИЈА ОВОЗМОЖУВА НЕЗАВИСНОСТ, ЕДНАКВИ МОЖНОСТИ И АКТИВНО УЧЕСТВО ВО ОПШТЕСТВОТО – Водич за креатори на политики, професионалци, сервисни служби, индивидуалци, родители appeared first on Open The Windows.

  • Регионален форум: Зелената агенда како можност за локален економски развој

    Како националните зелени политики да се преточат во конкретни локални мерки, инвестиции и подобри услуги за граѓаните? Ова прашање ќе биде во фокусот на Регионалниот форум „Зелена агенда: од национални политики до локални економски можности“, што Центарот за климатски промени го организира на 30 октомври 2026 година, во хотелот „Холидеј

  • Регионален извештај 2026: застој на реформите и намалени средства за граѓанските организации

    Балканската мрежа за развој на граѓанското општество (БЦСДН) успешно ја одржа онлајн промоцијата на Регионалниот извештај за 2026 година за овозможувачка околина за развој на граѓанското општество во Западниот Балкан и Турција. Настанот обедини истражувачи, експерти за политики, претставници на граѓанскиот сектор и партнери од Европската Унија.

  • Од градење патишта до дигитална безбедност: Поврзаноста со ЕУ како градење имунитет против геополитичките потреси

    Како една мала држава да остане стабилна во свет полн со војни, хибридни закани и нестабилни синџири на снабдување? Одговорот што се наметна на панел-дискусијата „Стратешка поврзаност за стабилност: ЕУ и Северна Македонија во новата геополитичка реалност“ е поврзаноста со Европската Унија. Тоа не значи само патишта и пруги, туку и енергија, дигитална безбедност, силни […]
    The post Од градење патишта до дигитална безбедност: Поврзаноста со ЕУ како градење имунитет против геополитичките потреси appeared first on IDSCS.

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор