Вести од граѓанските организации

Содржината на информациите презентирани во овој дел од веб странaта се единствена одговорност на грантистите и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразуваат гледиштата на Цивика мобилитас, Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC) или организациите што ја спроведуваат. Информациите се презентирани како што се пристигнати и печатните или други грешки во нив се одговорност на самите автори.

  • Отворен ден за граѓаните за претставување на работата на велешкиот одред

    Во рамките на крводарителската акција на извиднички одред “Димитар Влахов“ – Велес која се одржа на 15.2.2026 год. (недела) во рамките на прославата по повод 22 февруари – Светскиот ден на извидниците, пред  зградата на велешки театар “Јордан Хаџи Констатнинов Џинот“, советот на водачи на одредот организираше и отворен ден….

  • Крводарителска акција “Направи добро дело“ по повод 22 февруари – Светскиот ден на извидниците

    На 15.2.2025 год. (недела) по повод 22 февруари Светскиот ден на извидништвото , извидничкиот одред “Димитар Влахов“ од Велес, огранизираше крводарителска акција под мотото “Направи добро дело“. На оваа акција се собраа 45 крвни единици од кои петмина прват даруваа крв. Истата се изведе во просториите на Народен театар Џинот….

  • ПОВИК ЗА ГОДИШНИТЕ НАГРАДИ НА СЕММ: „Факти и дезинформации за климатските промени“

    Советот за етика во медиумите (СЕММ) ги повикува новинари и медиумите да се пријават за годишната награда што саморегулаторното тело ја доделува по повод Денот на слободата на медиумите, 3 Мај .
    Темата за годинешната награда одново се одн… Повеќе… “ПОВИК ЗА ГОДИШНИТЕ НАГРАДИ НА СЕММ: „Факти и дезинформации за климатските промени“”
    Source

  • Одржана втора обука за обучувачи: „Корупција во здравството – родови перспективи“

    На 4 февруари 2026 година, во Паблик Рум – Скопје, ЕСЕ ја спроведе обуката за тренери (повторување) под наслов „Намалување на корупцијата во здравството: Родови перспективи“, на која учествуваа 11 лица. Обуката беше наменета за претставници на граѓански организации, кои се стекнаа со инструкции и вештини за пренесување на знаење,…

  • Платформата за борба против корупција достави предлози за годишната програма за работа на Кабинетот на заменик претседателот на Владата задолжен за политики на добро владеење

    Во духот на воспоставената соработка со Кабинетот на заменик претседателот на Владата задолжен за политики на добро владеење, Платформата достави предлог-мерки за Годишната програма за работа на Кабинетот за 2026 година. Предложените мерки и активности произлегуваат од анализа на состојбите во областа на доброто владеење, превенцијата и борбата против корупцијата, како и од долгогодишното искуство […]

  • Јавен повик за ангажирање на двајца експерти/ки за изработка на прирачник базиран на човекови права за персонал кој работи со деца и ранливи лица во ризик (воспитно – поправниот дом – Тетово, ЈУ за згрижување деца со воспитно-социјални проблеми и нарушено однесување)

    Хелсиншкиот комитет за човекови права, во рамки на проектот „Зајакнување на човековите права и услуги за децата и ранливите лица во ризик во затворени институции“, финансиран од Европската Унија како дел од програмата EuropeAid/180645/DD/ACT/MK, согласно Договорот за грант потпишан меѓу Хелсиншкиот комитет за човекови права и Европската Унија бр. NDICI-THE-NEAR/2024/461-198, објавува јавен повик за ангажман […]
    Read More… from Јавен повик за ангажирање на двајца експерти/ки за изработка на прирачник базиран на човекови права за персонал кој работи со деца и ранливи лица во ризик (воспитно – поправниот дом – Тетово, ЈУ за згрижување деца со воспитно-социјални проблеми и нарушено однесување)
    The post Јавен повик за ангажирање на двајца експерти/ки за изработка на прирачник базиран на човекови права за персонал кој работи со деца и ранливи лица во ризик (воспитно – поправниот дом – Тетово, ЈУ за згрижување деца со воспитно-социјални проблеми и нарушено однесување) appeared first on Хелсиншки комитет за човекови права.

  • Перцепцијата за корупција останува висока: судиите и обвинителството на врвот

    Во 2025 година судиите остануваат највисоко рангирани како корумпирана професионална група, односно 79% од граѓаните сметаат дека речиси сите или повеќето судии се вклучени во корупција. По нив следуваат јавните обвинители (74,6%), полициските службеници (69,8%), лидерите на политички партии (66,3%) и пратениците (64,9%). Најниска перцепција за корупција и понатаму има кај наставниците (24,6%) и банкарите (28,1%), како и кај универзитетските професори и граѓанските организации, кои остануваат под прагот на мнозинска недоверба.

  • Промотивно видео за селекција, реупотреба на био отпад и придобивките од циркуларната економија

    Погледнете го промотивното видео за селекција на органскиот отпад и придобивките од селектирњето и важноста на циркуларната економија снимено и креирано со цел да се поттикне граѓанскиот ангажман, за остварување на придобивки од итна реакција за сортирање и селективно собирање на органски отпад како секундарна суровина, во функција на здрава животна средина и ублажени климатски промени. Во него учествуваа експерти од областа на управување и преработка на био отпадот, експерти од областа на заштита на животна средина, наставници и ученици од основните училишта во кои одржавме работилници. Ова видео е дел од промотивнтаа дигитална кампања со едукативно-информативни содржини за придобивките и начините за искористувањето на потенцијалот на органскиот отпад.
    Ова видео е снимено во рамки на проектот „Граѓански активизам за остварување на циркуларна економија во управувањето со органски отпад” спроведен од Resource Environmental Center – REC North Macedonia, Еко Логик и Center for Environmental Democracy – Florozon .
    Проектот е подржан од владата на Швајцарија преку Цивика мобилитас.
     
    #CivicaMobilitass, #CHinMK, Цивика мобилитас (civicamobilitas.mk)
     

  • БАРАЊЕ ЗА ПОНУДА: Креирање и продукција на комуникациски содржини за промоција на истражувачки наоди на ЦГК

    Во рамки на проектот „Јавен надзор на јавните набавки“ ЦГК ќе изработува и објавува серија истражувања (вкупно 6 истражувања во период од 2 години). За секое од шесте истражувања ќе се објавува извештај, и секој извештај ќе содржи по 3 студии на случај (вкупно 18 студии на случај). Извештаите ќе се објавуваат квартално во периодот март 2026-јули 2027 година и од страна на ЦГК ќе бидат доставувани до медиумите и надлежните институции, а ќе бидат…

  • Работилница за повторна употреба и пренамена на био-отпад за ученици од ООУ “Братсво”

    На 10.02.2026 одржавме „Работилница за повторна употреба и пренамена на био-отпад за ученици“ во ООУ “Братство” во рамките на настани на отворено со караванот за демонстрирање на експерименти во училиштата. До сега  направивме работилници во 19 училишта во три општини.

    Дали знаете како се добива биодизел ги прашавме учениците и зошто тој се користи?

       Што значи циркуларна економија за органскиот отпад и како секој од нас може да придонесе  за неа, ги прашавме учениците по што следеше дискусија.
    Особено важно беше што имаше ученици волонтери кои веќе ја посетиле Биотехнолошката лабораторија и им покажуваа на учениците дел од експериметите заедно со Експертите.
    Со ова училиште караванот на настани на отворено  за демонстрирање на експерименти во училиштата спроведен од Resource Environmental Center – REC North Macedonia, Еко Логик и Center for Environmental Democracy – Florozon заврши во општина Карпош, уште едно училиште во општина Кисела Вода и завршуваме успешно со реализација на 20 каравани на настани на отворено со караванот за демонстрирање на експерименти во училиштата споведени во рамки на проектот „Граѓански активизам за остварување на циркуларна економија во управувањето со органски отпад”.
    Со караванот успешно обучивме околу 600 ученици и околу 30 наставници од основните училишта од општина Карпош, Кисела Вода и Ѓорче Петров.
     
    Уште еднаш голема благодарност на сите Директори, наставници и ученици, експертите и општините кои до сега беа дел од нашите проектни активности. Меѓутоа, тука не запираме ни следат уште интересни екссперимети… следете не!
    Проектот е подржан од владата на Швајцарија преку Цивика мобилитас.
    #CivicaMobilitass, #CHinMK, Цивика мобилитас (civicamobilitas.mk)

Нема повеќе содржини

Нема повеќе содржини

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор