1000045657 1024x768

Подигнување на свеста за дигиталната безбедност кај младите: Метаморфозис одржа обуки за учениците од American High School Skopje

Во насока на подигнување на свеста за дигиталната безбедност кај младите, Фондацијата Метаморфозис одржа серија интерактивни обуки за учениците од прва до четврта година во средното училиште American High School Skopje. Обуките беа реализирани во две одделни сесии, во рамки на класниот час.

Првата обука беше посветена на основните концепти на дигиталната безбедност и предизвиците со кои се соочуваат младите во онлајн просторот. Преку практични примери и дискусија, учениците имаа можност да разберат колку навистина се безбедни онлајн и каква е поврзаноста меѓу физичката и дигиталната безбедност.

Посебен фокус беше ставен на поимот „дигитален отпечаток“ – уникатниот траг што секој корисник го остава при користење на интернет и дигитални услуги. Учениците се запознаа со начините на негово собирање, како и со позитивните и негативните аспекти од неговата употреба.

Во рамки на обуката беа обработени и теми како креирање силни лозинки, нивно безбедно чување и користење на менаџери за лозинки, проследено со практична демонстрација. Дополнително, беа претставени придобивките од двостепената автентикација (2FA), различните методи на нејзина примена и нивното ниво на заштита.

Втората обука беше насочена кон една од најчестите закани во дигиталниот свет – социјалниот инженеринг. Преку интерактивен пристап, учениците научија дека напаѓачите најчесто не ги таргетираат системите, туку луѓето, користејќи манипулација, доверба и емоции за да дојдат до чувствителни информации.

Беа презентирани различни техники на социјален инженеринг, со посебен осврт на фишинг нападите – како да се препознаат, кои се најчестите знаци на измама и како соодветно да се реагира. Учениците добија конкретни насоки за превенција, како и препораки за подобрување на безбедносните поставки на социјалните мрежи и е-пошта.

Овие обуки претставуваат важен чекор кон зајакнување на дигиталната писменост кај младите и нивна подготовка за побезбедно и поодговорно користење на интернетот.

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Метаморфозис

Продолжи со читање

  • Национален младински форум „Тука сме за да останеме!“: Време е младите да добијат реална моќ во одлучувањето

    Денес се одржа Националниот младински форум „Тука сме за да останеме!“, кој создаде простор за директен дијалог меѓу млади луѓе од целата држава и претставници […]

  • ЈАВЕН ПОВИК ЗА АНГАЖИРАЊЕ НА ЕКСПЕРТ/ТИМ ЗА ГРАФИЧКИ ДИЗАЈН И МУЛТИМЕДИЈАЛНА ПРОДУКЦИЈА

    Центарот за правни истражувања и анализи (ЦПИА) објавува јавен повик за ангажирање експерт или тим за подготовка на визуелни и мултимедијални содржини во рамки на кампања за животна средина, јавна партиципација и пристап до правда. Ангажманот опфаќа развој на креативен концепт и подготовка на најмалку 10 содржини за социјални медиуми, вклучително инфографици, кратки анимации и […]

  • Како да се слушне гласот на граѓаните? РЕСИС организираше работилница и дебата во Велес

    Како граѓанските барања и проблеми да бидат повидливи и слушнати од локалната власт? Токму ова прашање беше во срцето на работилницата и јавната дебата што Институтот РЕСИС ја одржа во Велес со граѓани и со претставници на општините од Вардарскиот Регион.

  • Етичка рамка за колумни

    Колумната, како уникатен новинарски жанр, ги надминува традиционалните правила на новинарството и во медиумската теорија се смета за една од најслободните и „најживи“ форми, во која доминираат авторскиот став и интерпретацијата. За разлика од класичниот коментар или уредничкиот текст, колумната често остава простор за личен тон, анегдота, полемика, намерна провокација или потсмев. Во неа не […]

  • Изборите се ранлив момент кога граѓаните се изложени на манипулации и надворешни влијанија

    На 19 мај, во Скопје, Фондацијата Метаморфозис во соработка со International IDEA го организираше настанот „Зајакнување на отпорноста кон изборни манипулации со информации“, посветен на справувањето со странското мешање и манипулациите со информации (ФИМИ), дезинформациите и заканите по изборниот интегритет. Настанот се реализираше во рамки на проектот „Справување со изборно поврзани манипулации со информации и […]

  • Дојди на донаторски кружок

    Почитувани, Седмиот донаторски кружок на Конект ќе се одржи на 04.06.2026 г. во просториите на Македонски Телеком (Кеј 13-ти Ноември“ бр. 6, Скопје) со почеток од 19 часот. Приемот на гостите започнува во 18.30 часот.

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор