Конкурс за фотографија на тема: „Тагата на провинцијата и неподносливата мачнотија на метрополата“
Организацијата Култ транзен распиша конкурс кој го третира феноменот на периферијата и оддалеченоста од центарот, но и обратната смисла на оттуѓеноста, каде што центарот е оддалеченост од субјектот (од себе), а периферијата едно невидливо приближување кон внатре. Вечниот судир меѓу јавното и интимното, личното и колективното, тишината и хаосот. Темата на конкурсот ја опфаќа и трагичноста на преселбите-село-град и провинција-метропола.



Асоцијацијата за чиста животна средина „Ајде Македонија, заедно со главниот покровител Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ), преку проектот Цивика Мобилитас и поддржувачите Осигурување Македонија и Еконелектрон, в петок (30.09.2016) во 10 часот на Матка ќе организираат промотивна акција за чистење како најава за националната акција за чистење која ќе се одржи во сабота (01.10.2016) на 150 локации во 50 општини низ Македонија.





