Како станаа лошите панел дискусии зададен формат

Со по некој исклучок, моето расположение на конференции најчесто се движи помеѓу досада, очај и бес.

Напорни и надувани теми и коматозни панели, проследени од луѓе (најчесто мажи) кои поставуваат „прашања“ кои се всушност кометари и вообичаено надвор од темата. Претседавачи кои се оградуваат од одговорност и ги оставаат говорниците до зборуваат до бескрај, па единствениот вистински продуктивен дел од делот се разговорите за време а паузите за кафе и ручек. Најчесто задремувам, или нервозно чкртам во нотесот како некој вид терапија, и се надевам дека тие до мене не можат да видат што пишувам. Веројатно изгледам како некој лудак…

Тоа е важно не само поради изгубената можност која ја претставува една лошо водена конференција, туку и поради тоа што таа чини време и пари. Се надевам дека да беше тоа лесно да се поправи, досега ќе беше направено, но фактот е дека форматот е излитен и непродуктивен.

На пример, како е можно нешто толку лошо како панел дискусиите да стане зададен формат? Тие наликуваат на паради луѓе кои читаат на глас весници, или презентираат ужасни power point презентации преполни со премногу зборови и нечитливи табели. Може ли да пробаме други формати, како брзи состаноци (speed dating) (на пример, 10 луѓе имаат по 2 минути да ја презентираат својата работа, потоа секој од нив седнува на маса и публиката се спојува (интелектулно) со оние кои ги интересираат); world cafes; стимулативни игри, заеднички задачи (пр. смислете инфографика која го ојаснува X)? Навистина, било што. Да, манелите (панелите составени само од мажи – дајте заклетва тука) се скандалозни, но нели е подобро целосно да се укинат, наместо да се бара еднаква родова застапеност?

На конференциите често се дискутира за докази и резултати. Па, каде се доказите и резултатите за ефикасноста на конференциите? Со оглед на ресурсите кои се вложуваат во истражување на развојот (само DFID троши околу 350 милиони фунти годишно), секако би било вредна инвестиција, доколку досега не е сторено, да се спонзорира програма за истражување во која ќе се водат неколку паралелни експерименти со различни формати на настани, и резултатите ќе се споредат во однос на ефектите врз учесниците. Во најмала рака, не можат ли да платат систематска анализа на она што постојните докази го кажуваат?

Системите на фидбек би можеле да помогнат. Јавен систем за рангирање на говорници/конференции би дал убави примери за добри практики кои треба да се применуваат (и лоши практики кои треба да се избегнуваат). Или пак, фидбек на публиката во реално време. Добро, можеби тоа би било малку непријатно за говорникот, но може да се воведе twitterwall на кој публиката ќе разговара со говорникот.

Треба подобро да го обликуваме форматот за подобро да одговара на целта на конференцијата. Ако целта е да се градат мрежи, да се воспоставуваат нови линкови итн., тогаш треба да се максимизира времето на интеракција – speed-dating,  повеќе паузи за кафе, итн. Ако целта е заеднички да се развива мислењето на одредена тема, тогаш треба да се користи методологија на работилница, како одличниот семинар на USAID/IDS на кој учествував пред неколку месеци (и резултатите од кој сè уште ги користам). Ако пак целта е да се издвојат и подобрат методи и наоди, тогаш тоа мора да се направи во фаза на прв нацрт и со правата комбинација на академици и практичари. Но ако најдоброто што може да го смислите е „презентација на ново истражување“ или „споделување информации“, треба веројатно да се загрижите.

Потребни се соодветни ресурси. За да се организира добра конференција потребна е експертиза и време. Тоа не е нешто што еден академик може да го направи во 1 по полноќ, откако децата ќе заспијат и откако ќе одговори на сите е-мејл пораки. Чудно, но пријатели ми рекле дека за конференции нема буџет, но штедењето за еден таков настан е лажна економиј доколку сите присутни сакаат да се убијат/немаат никаква корист од настанот. Затоа, оние кои го финансираат истражувањето треба да бараат разумен буџет за конфереција, а надвор од конкретни истражувачки проекти, академските институции треба да ги финансираат конференциите како места каде вмрежувањето може да инкубира нови идеа и да ги рефинира постоечките.

А зошто тие воопшто и да се организираат од страна на академиците? Не постои ли можност тоа го прават организатори на конференции?

Прашањето ми е, зошто нештата до сега не се смениле? Дали причините треба да се бараат во идеите, институциите или интересите?

Идеи: можеби луѓето навистина мислат дека овој формат е најдобар, или едноставно немаат имагинација – како да го поткопаме тој став и да ги убедиме во предноста на алтернативите?

Институции: можеби причината лежи во организаторите кои сакаат да ја контролираат агендата и да го претстават својот материјал. Дали навистина им е потребно да стојат на платформа најмалку 20 минути и да заборуваат за себе и своите интереси? Ако да, тешко ќе се тргнеме од панелизмот.

Интереси: академиците треба да пишуваат дела за да напредуваат во кариерата и да го нахранат REF ѕверот. Но дали тоа навистина значи дека треба да ги презентираат и да зборуваат за нив на толку неинтересен начин?

Конечно, дозволете ми еден неконструктивен предлог: дали може како стандард да имаме часовник над платформата кој не само што ќе го евидентира времето, туку и кумулативниот трошок на денот, врз основа на груба проценка на дневниците на присутните (може да се направи како овој калкулатор на трошок на состанок.  Можеби ИТ техничарот може да најде начин да утврди колку луѓе се всушност со просторијата во корисна смисла, бидејќи се на интернет,/twitter, Facebook.

И во случај да мислите дека сум нефер кон академиците, и корпоративните, невладините и thinktank конференциите се најчесто ужасни, на нивен посебен начин.

Duncan Green

The post Како станаа лошите панел дискусии зададен формат appeared first on ССНМ.

Продолжи со читање

  • Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода

    Кои се приоритетите за твојата населба? Заедно со Општина Кисела Вода, ги покануваме граѓаните да се вклучат во креирањето на буџетските приоритети за 2027 година. Предложи. Дискутирај. Приоритизирај. Не можеш да присуствуваш? Испрати го својот предлог тука: https://tinyurl.com/PrijaviProblem Твојот глас е важен за буџетот на твојата општина! #CHinMK #CivicaMobilitas Civica Mobilitas Embassy of Switzerland in […]
    The post Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода first appeared on Finance Think.
    The post Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода appeared first on Finance Think.

  • 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон!

    На 27 и 28 октомври, Finance Think учествува на Euromed Summit 2026 во Лисабон, Португалија, претставуван од извршната директорка, Благица Петрески.Во фокусот на дискусиите беа предизвиците на пазарот на труд, несовпаѓањето меѓу вештините и потребите на работодавачите, развојот на човечкиот капитал и економската конкурентност – теми кои се во сржта на истражувачката и аналитичката работа […]
    The post 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон! first appeared on Finance Think.
    The post 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон! appeared first on Finance Think.

  • Претставување на Вардарската регата на утринската програма “Здраво Македонијо“ на ТВ Канал 5

    На 29.10.2026 год. (четврток) на покана на редакцијата на националната ТВ Канал 5 во рамките на утринската програма “Здраво Македонијо“ во друштво на Жана Ѓоргиева, Емилија Вучиновска (miss urban viba), естрадниот уметник Дејан Николовски – Чуле учество зема и старешината на извиднички одред “Димитар Влахов“ и координатор на Вардарската регата…

  • Струмица: Женските кружоци бараат поголема поддршка и учество во локалното одлучување

    Струмица, октомври 2026 – Поголема вклученост на жените во месните заедници, обезбедување простор за нивно организирање и подобра институционална поддршка за нивните иницијативи беа дел од главните теми на јавната дебата „Женското лидерство како огледало на заедницата“, одржана на 28 октомври во Струмица. Дебатата ја организираше Хуманитарното здружение „Мајка“ – Куманово, во соработка со Организацијата […]

  • Прилеп: Жените од локалните заедници со конкретни предлози за поголемо учество во одлучувањето

    Прилеп, октомври 2026 – Во Прилеп се одржа јавната дебата „Женското лидерство како огледало на заедницата“, посветена на можностите и предизвиците за учество на жените, особено од руралните средини, во процесите на локално одлучување. Дебатата ја организираше Хуманитарното здружение „Мајка“ – Куманово, во соработка со Здружението за рурален развој „ЛАГ Агролидер“, во рамки на проектот […]

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор