Вести од граѓанските организации

Содржината на информациите презентирани во овој дел од веб странaта се единствена одговорност на грантистите и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразуваат гледиштата на Цивика мобилитас, Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC) или организациите што ја спроведуваат. Информациите се презентирани како што се пристигнати и печатните или други грешки во нив се одговорност на самите автори.

  • Презентација на ИДСЦС за Мрежа „RIA“

    Институтот за демократија „Социетас Цивилис” – Скопје (ИДСЦС) во соработка со Центарот за економски анализи (ЦЕА) ги покануваат сите заинтересирани на презентација на отворениот повик за апликации со цел формирање на мрежа за подобра легислатива – Мрежа „RIA”. Настанот ќе се одржи на 7 април (петок) од 11:00-12:30 часот во…

  • Панел дискусија: „Што нѐ спречува во успешна борба против корупцијата?”

    Институтот за демократија „Социетас Цивилис” – Скопје (ИДСЦС) во соработка со Европската академија за демократија и Факултетот за политички студии од Вишеград организира панел дискусија под наслов “Што нѐ спречува во успешна борба против корупцијата?”. Настанот ќе се одржи на 4 април (вторник) од 11 до 13:30 часот во конференциската…

  • Проценка на влијанието на регулативата (ПВР) во сенка

    Институтот за демократија „Социетас цивилис“ (ИДСЦС) во соработка со Центарот за економски анализи (ЦЕА) ќе почнат со спроведување на проектот „Проценка на влијанието на регулативата во сенка: Промовирање на креирање политики базирани на докази“. Во текот на проектот ќе анализираат како се спроведува процесот на проценка на влијание на регулативата…

  • Извештај од истражување

    Преглед на постоечките механизми за вклучувањето на помалите заедници на локално ниво Културната различност во Република Македонија е вградена во фундаменталните одредби за државноста. Заштитата и промоцијата на правата на различните етнички заедници се загарантирани со Уставот и законите на Република Македонија. Сепак, интеграцијата на помалите етнички заедници во економската,…

  • Втора обука за под-грантисти во рамките на проектот Делуваме.Локално.Заедно.

    Зајакнување на капацитетите на под-грантистите за наративно, финансиско и административно работење. Во Комплекс Етно-Село Тимчевски, на 23 и 24 Март се одржа втората обука за зајакнување на капацитетите на под-грантистите за наративно, финансиско и административно работење. Првиот и вториот ден од обуката под-грантистите имаа можност преку презентација на досега имплементираните…

  • Шеста работилница во рамките на проектот Делуваме.Локално.Заедно. во општина Битола

    Формални и неформални начини на соработка меѓу локални здруженија на граѓани и локални власти Во хотел Театар на 27 и 28 март се одржа шестата а воедно и последната работилница за формални и неформални начини на соработка меѓу претставници од локални здруженија на граѓани и локалните власти. На работилницата присуствуваат…

  • Тренинг: Како може новинарот да ги „скрши“ вратите на институциите, кои се затворени за медиуми?

    Здружението за Развој на Медиуми Онлимит Медиа, во соработка со весникот Лајм, поддржани од Цивика, успешно го остварија тридневниот тренинг за млади новинари и студенти по новинарство, на тема „Дигиталните медиуми – Промовирање на отчетот и стандардите во текот на истражувањето“. Тренингот го реализираа професор Ќафиш Бакиу и новинарите Исен…

  • Финансирање на ГО од страна на општините

    Центарот за граѓански комуникации ги поканува сите заинтересирани да учествуваат на работилницата на тема „Финансирање на невладините организации од страна на општините во Република Македонија“. Настанот ќе се одржи на 30 март 2017 година од 11 до 13 часот во хотелот „Холидеј ин“ (сала Бисер) во Скопје. Патните трошоци за…

  • АЛБИЗ ја започнува фудбалската лига на мал фудбал

    Фондацијата за развој на образование и култура АЛБИЗ во сабота, на 1 април 2017 година, со почеток на 10 часот во Основното училиште „Дитуриа“- Сарај, ќе ја започне Фудбалската лига во мал фудбал. Оваа лига е наменета за учениците на основните училишта во општината Сарај, и тоа од шесто до…

  • Студиска посета на Покров Струмица

    Kонект организира еднодневна студиска посета на терапевтската заедница „Покров“, Струмица што е дел од проектот „Социјално претприемништво: учење од практики и промоција“. Таа ќе се одржи на 31 март (петок), а превозот е организиран од страна на Конект. „Покров“ е прва долгорочна рехабилитациска програма за одвикнување од дрога, алкохол и…

Нема повеќе содржини

Нема повеќе содржини

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор